Ама да го е*ам заврши тоа!! Направи многу грешки Конте (заедно со играчите), но како што многу кажуваат како е виновен за целиот успех, така е и за неуспехот. И 100% се согласувам со тоа. Ама не може бе, за таа една мочана сезона да се тресат толку зелени за тренерот кој како прво и основно го врати достоинството во овој тим и ја врати почитта. Абе вие гледавте што се случуваше во сезоните пред него? Како да ви го снемало тоа од мемориите, како да исчезнало. Јувентус беше понижуван, на навивачите им се плачеше од бес и од немоќ, а најголем дел од играчите си играа со таквото на теренот. Јувентус тогаш немаше тим, концепција, цел и желба за игра. Не понижија безброј пати во тие сезони, да не почнувам од Бари, Катанија, Киево, Фулам и така натаму. Јувентус веќе немаше почит од никого, беше мета на потсмев и тоа сосем заслужено.
Чекај, и ти ме распна како да го споредив Конте со Закерони и Раниери.
Јас, навивач/симпатизер на Јуве сум најмногу поради Конте. Тоа го имав напишано и пред да стани тренер, и сега го пишувам, и секогаш ќе го пишувам. Одсекогаш ми беше најомилен играч ТОКМУ поради тоа што е борбен, секогаш мотивиран итн.
Ни најмала намера немав да ја омаловажам работата на Конте во Јуве, и го сметам веднаш зад Липи и Трапатони. Ретко кој би направил таква работа со онаков тромав Јуве кој го наследи, и кој го воздигна на тронот на Сериа А. Тука се сложуваме.
Тоа што го почитувам од дното на душата, не значи дека не треба да ги напишам работите кои ги сметам дека не се како што треба?
Како прва причина се наведе тоа што не му се донеле засилувања за ЛШ? Јас само напишав како испадна Јуве од ЛШ во фазата на групи. Не напишав нешто што не е така. Тука Конте малце падна тактички, и напишав дека сметам дека со тек на време ќе се искали и за таа работа. Во Италија имаше добитна комбинација. Тактички, Конте треба да се доусоврши за да се носи рамо до рамо со Мурињо и таа клапа тренери. Тоа ми беше поентата. Јас сум сигурен дека Конте ПАК ќе биде тренер на Јуве, само прашање на време е кога.
Исто така не ми се допадна начинот на кој што си замина. На сред лето. Која му била причината, дали бил во право или не бил, НЕ МИ Е БИТНО! Можеше културно на крајот на сезоната да си замини и крај. Тој со тоа направи земјотрес на цела организација, играчи итн. Особено поради тоа што и клубот испадна максимално ФЕР И КОРЕКТЕН кон него, зошто, ајде стави го во ситуација Карло Анчелоти да го вмешаат во некој таков „скандал“ како на Конте што му направија. Веќе истиот ден и истиот час, Реал Мадрид ќе му ги дадеа клоците. И кој и да е тренер на големите екипи.
Кога сме кај парите. Јас не велам дека Управава се оддаде од пари. Штедат, барем на играчи. Но постои и фактот дека пред месец и пол инвестираа 100 и кусур милиони во инфраструктура што ќе се гради околу стадионот. Зарем тоа не е инвестиција? Ањели изјави дека прво мора многу да се работи на брендот. Затоа беа турнеите во УСА и во Азија. Фамилијата Ањели платија 260 милиони само сезоната кога испадна Јуве во Сериа Б, толку беа загубите. Инвестираа 120-130 милиони за нов стадион. Ги финансираа авантурите на Секо и Блан со Мело, Диего, Амаури уште 75 милиони. Затоа викам, дека е лесно од тука да се прават пресметки и играње фудбал менаџер.