Колку и да е расистичка изјавата на новиот претседател на федерацијата на Италија, според мене држи вода. Берарди (20) и Габиадини (22) не се спремни за во голем клуб, а Коман (18) може да проба. Сакам да кажам, до толку ли Погба и Коман се поголеми таленти од Берарди и Габиадини, што Погба е стандарден, а Коман на првиот натпревар стартува, а овие двајцата неможело да добијат шанса ни како замени? Ах, да не заборавам да го спомнам ете и Стураро (21) исто така треба уште да се кали во Џенова, за на 27 години да дојде во Јуве да му биде замена на Погба?
Италијанците мислат дека ако играчот остане 2-3 сезона во мал клуб он ќе добие на искуство и готово спремен е за голем клуб и големи утакмици.
Ко прво, ставете се на место на играчот, после сезона, максимум две на позајмица во помал клуб, немаш никаква мотивација за играње, нема никакви цели, се игра за да се опстане а не за титули.
Поготово па ако си се докажал, како и многумина наши играчи на позајмица.
Немањето на мотивација и тоа како влијае на квалитет на игрите што ги пружа играчот.
Тренирањето во мал и голем клуб е небо и земја. Почнувајќи од услови и објекти за тренирање, лекарски тим, стручен штаб, па се до самиот тренер и самите играчи.
Треба малку да го применат американскиот начин на размислување.
Во кошарката, колку помалку остануваш на колеџ, толку се зголемуваат шансите да успееш. Играчи што ги останале сите 4 години на колеџ се гледаат на еден начин како изгубени играчи, на 22, 23, 24 години доаѓаш да играш со професионалци, што е глупост.
Можда малку е невообичаена споредбата, ама многу е слично.
И во фудбалот многу е тешко играчот да го развиваш од почеток на 22 години и постар, колку и да е добар стручниот штаб, соиграчите или тимот.