- Член од
- 17 ноември 2012
- Мислења
- 4.549
- Поени од реакции
- 5.305
Чисто колку за илустрација, пошто глеам дека многу често се врти тој муабет кога ќе се спомнат поскапи засилувања, Јувентус 5 пати го има урнато рекордот за најскап трансфер во светот, мислам изедначени со Реал Мадрид на врвот.Другар ако сакаш да гледаш sвезди почни да навиваш за Сити или ПСЖ, Јувентус никогаш не купувал скапи играчи (единствено при продажбата на Зидан), јесте да и Конте го направи овој Јувентус таков каков што е, но да го оставиш тимот еден ден пред припреми со обрзложение како немал мотив, и после недела две да прифатиш да бидеш селектор на федерација која до пред некоја година сакаше да ти ја уништи кариерата како тренерКажи ми што им фали на моменталниве играчи? На секоја позиција има по два квалитетни фудбалери
[DOUBLEPOST=1409826728][/DOUBLEPOST]
За да се купи таков играч еден од Погба и Видал требаше да си замине, доволно ја знаеш историјата на Јуве, никад Јувентус не се расфрлал со пари![]()
Да, Јувентус не трошел 3,4,5 или 10 сезони по ред по 100 милиони евра(или долари или лири, што и да биле).
Да, Јувентус многу често купувал фудбалери од другите тимови во Серија А и ги развивал во своите редови и ги правел ѕвезди.
АМА, Јувентус исто така знаел и да искешира сериозна сума за играч(со што се потврдуваат тие 5 пати кога го урнале трансфер рекордот).
Така да, таа теорија ти паѓа во вода.

Не барам јас играчи по 80 милиони евра да доаѓаат, не го барам Фалкао, Роналдо, Меси или незнам кој друг.
Ама после 3 и повеќе од успешни сезони и еден куп пари што од стадион, што од ЛШ, они уште да ми носат исти типови на трансфери како и првата сезона, да се ценкаат за едно денарче и згора на се па уште има навивачи што им веруваат кога ќе кажат дека немале пари.

Како чија желба, Бонучи дојде една сезона пред Конте, како може да била желба на Конте?Како не е крив? Ете имаш интернет, пробарај во архивите, чија желба беше да се донесе Бонучи во Јувентус?! Зошто Бонучи ако е „лимитиран“ повторно го повикува Конте во репрезентација?
Падоин - Пелусо (Аталанта врска), Бонучи, Огбона, Естигарибија, Вучинич, Видал, Лихштајнер, останувањето на Пепе и Кваљарела, Асамоа, Касерес. Овие играчи ти се желби на Конте. Докажано е тоа милион пати. Комотно пребарај на интернет, ако не ти текнува како ги донесоа. Колку само притискаше Конте за Огбона, па се исилија Јуве го дадоа 50 % од Имобиле + 15 милиони. Бонучи беше донесен на сличен начин. Годинава исти случај ќе беше со Итурбе. И сега веќе кога судиме на тој начин и по таа логика, ако веќе ги барал тогаш би знаел што зема? Или не..
А зошто тогаш Конте го бараше толку очајно Вучинич ако не бил голгетер? Матри не е дриблер и фантазиста па сега ќе учи да дрибла. Матри е финишер, запира топка, позиционира, шутира или волеј. Е сега што е крив тој што Конте го тераше да прај 12 километри истрчани по натпревар?
Еве и Барзаљи дојде пола година пред него, па што не прави он такви глупи киксови?
И да се разбереме, тоа што Јуве располага со ограничен буџет не значи дека тоа биле желби на Конте. Нормално дека кога имаш 5 милиони за трошење ќе земеш нешто што си го тренирал претходно(Падоин, Пелусо) и си запознаен со играчот и квалитетите негови.
И секако дека Конте неможе да се истрча да го каже ова во медиуми, нормално и ради тоа што секогаш си ги штити своите играчи.
Озбилно мислиш дека Падоин му бил прва желба пред некој друг играч од средина за кого тогаш се шпекулирало(пр. Гуарин)?

Матри еден финишер, што да ти кажувам, просек 6 гола у сезона. Очигледно дека Конте го извади најдоброто од него, еве го гледаме сега каде е.
И Љоренте и Тевез трчаат многу, па видовме како функционираа претходната сезона.
Матри доби шанса во прва постава против Баерн, се усра.
Последно уредено: