Дијареа добивам од вакви натпревари. Добив впечаток дека играчите немаат тренирано барем 2 дена. Не погодивме ниеден пас, ниедна топка освен основните додавања. Дури и тие ги грешевме понекогаш. Катастрофално издание без никаква борба и пожртвуваност. Не се замараа играчите на теренот, не им се трчаше си мислиш на излет беа. Концентрација на ниво нула кај речиси сите играчи. Никакво внимание во играта немаше со топката во нога, а додека противникот кога ја имаше топката не се вложуваше ни малку труд за да се освои истата. Пирло, Маркизио, Видал нули. Квалјарела, Пелусо, Исла под нулата. Бонучи -10. Аматерска реакција за примениот гол направи. Прво на центарот не успеа да пресече, а после тоа не знам што чекаше да ја нападне и исфрли топката. Од ваква ситуација да примиш гол е срамота за одбраната со главен кривец Бонучи. Така не смее да му се дозволи на никој играч на овој свет зад грбот да ти се уфрли и да даде гол. Таму уште на првиот тренинг во фудбалот те учат дека топката која влегува во шеснаесетникот на прва статива МОРА ДА БИДЕ НАПАДНАТА И ИСФРЛЕНА. Бонучи заслужува три клупи по ред и сечење на месечна плата заради оваа катастрофална реакција.
За пристапот кон натпреварот и да не зборуваме. Незаинтересираност и летаргичност. Никаква борбеност и желба за надигрување. Сепак ова е главно кривица на Конте кој верувам дека сакал со спуштена топка и дефанзивна игра да се протне низ натпреварот. Гадно се заеба во овој натпревар.
На крај краева најмалку ме погодува резултатот. Многу ме нервира срамната игра која што ја прикажаа, игра која што не смее да се помисли да се игра во дресот на Јуве. Ваква игра во каков и натпревар да е не смее да се види уште еднаш. Поарно загуби 3-0, ама покажи на теренот дека си дојден да играш фудбал и да победиш. Не може професионални играчи во ваков клуб да не можат да погодат еден мочан пас како што треба во цел натпревар. Една мочана топка да не успеат да сврзат. Голема срамота за сите играчи, тренери, помошници, директори и не ти знам што уште.