Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Значи со Рома да отидеш на олимпико со втор состав јасно е дека не ти е важен купот .За мене тоа не е професионално туку аматерски .За каде ке ги чува играчите ?Секој јак клуб во фудбалот игра со прва постава во купивите а ние имаме 5 натпревари со финале и да не го освиме .Шпанците играат најмалку 10 (Реал Мадрдир-Барселона ) па пак испагаат со прв состав .Англичаните имаат 3 купа па пак јаките тимови испагаат со први постави .Само Јувентус одмара играчи на човек да не му се верува .Можно е да дојдеше Лацио во двомечот во полу-финале и ете ти финале со Фиорентина или Милан што не би требало да не плаши толку .
п.с За мене оваа е аматерски од Конте, а и во Лига Европа ке оди со втор состав хахаха .
 
Како ова го увиде,по тоа што го пишуваат новинарите ?

Чим не е предавник, чим све е океј, чим сака да остане во Интер, ајде покажи ми слика од Гуарин на денешниот тренинг на Интер.
 
Чим не е предавник, чим све е океј, чим сака да остане во Интер, ајде покажи ми слика од Гуарин на денешниот тренинг на Интер.
Ете стигна објаснувањето. Интер објаснуваат дека му дале 2 дена слободни. И сега, ако не успеат да го продадат следните 2 дена (или, да го убедат да почне да тренира со Интер), после ќе му дадат уште една недела итн.:) Колку ли треба да бидеш очаен да молиш играч да се врати во тимот,а играчот да сака да се спаси од клубот.
 
Не бе, грешка си. Со душа чека Гуарин да се врати назад, никогаш не ни сакал да иде дечкото. :icon_lol:
 
бтв, во меѓувреме. Агентот на Вучко заедно со него е на состанок во Канцелариите на Јуве со Марота и Паратичи, и ги разгледуваат опциите, па се очекува агентот да отпатува во Лондон да отпочне напредни преговори со Арсенал.Од Арсенал покрај Вучинич се распрашувале и за Берарди, но нема поконкретни информации.

Агентот на Гуарин пред седиштето на Интер, изјавил дека ситуацијата на неговиот клиент е многу сложена и во моментов ќе одржел состанок со раководството на Интер за да ги утврдат следните чекори.
--- надополнето: 22 јануари 2014 во 14:08 ---
Не бе, грешка си. Со душа чека Гуарин да се врати назад, никогаш не ни сакал да иде дечкото. :icon_lol:
Да, и Тохир дознал дека сепак тој што преговараше со Паратичи не беше Гуарин. Овие италијаниве, сешто измислуваат :cautious:
 
Замисли раскине договор Гуарин и за беспари го земеме.
market_8588_1372716001.gif

:icon_lol:

Иначе, постои и можност Мирко да остане. Читав дека не сакал да оди надвор од Италија, така да..
 
Замисли раскине договор Гуарин и за беспари го земеме.
market_8588_1372716001.gif

:icon_lol:

Иначе, постои и можност Мирко да остане. Читав дека не сакал да оди надвор од Италија, така да..
..Кваљарела можно е да замине во Лацио. линк
 
http://www.goal.com/en/news/10/ital...idal-i-am-best-centre-midfielder-in-the-world
Интересна, нескромна изјава на Видал.
Морам да признаам дека малку ме изнервира, бидејќи по природа не сакам вакви играчи што се фалат самите себе и што се прогласуваат за најдобри, ама што е тука е.
Се надевам нема да го гледам веќе со вакви изјави.
 
Сигурно е надвор од контекст изваена од германските медиуми оти баш за истите го рече тоа
 
Поздрав! Постојано ве читам ама некако немам време за пишување.

За поразот вчера најголем виновник е Конте, а по него лошиот квалитет на клупата што ја имаме.
Исла-директен виновник за голот затоа што појде со финта да го заобиколува играчот на Рома како да игра против Трубарево, а не со моментално една од топ 10 екипи во Европа (според мене). Нормално, овој се загради, му ја зема топката, Рома поведе напад, Бонучи како по обичај 1/10 ќе заебе и грдиот од Рома ни го спопика.

Џовинко колку и да ми е симпатичен и омилен како наше дете, веќе ги истроши сите кредити од овој клуб. Се гледа дека се труди, ама резултат нема.Особено не на вакви дерби натпревари. Ниеден дуел не доби. Физички е спремен, ама анатомски не е граден за тоа што го игра. Негови три чекори се еден на Љоренте. Плус практикуваме игра (напад) и се покажа дека добро ни оди со висок играч (Љоренте) кој прима висока топка и ја дистрибуира до Тевез покрај него, десно Видал или Лихт или лево Аса или Погба. Ова е нешто што пали кај нас. Плус брзи продорни странични играчи кои вчера ги немавме Со Џовинко треба сосема поинаква тактика и мислам дека време е да се замени со играч со особини на Љоренте.

Маркизио е добар само во гореспоменетиот случај (со Љор, Тев, Лихт, Аса). Сега немаше странични играчи да ја рашири играта како што знае само тој.

Пелусо не е продорен и нема техника како Аса, а Маикон е опасен бек. Ако му се пружаше шанса за центаршут не нафрлаше од причина што немавме висок играч во 16, па секоја топка мораше да ја враќа до Маркизио.
Видал беше најдобар според мене. Ја работеше и работата на Исла и на Пирло и неговата.

Огбона пак покажа дека тешко игра на местото на Киелини и дека многу подобар е како централен одбрамбен.
Пирло слаб, изгуби неколку топки и дури имаше подавања директно во нозете на играчи на Рома. Нетипично за него.

Разбирливо е треба да се штедат некои играчи, долга е Серија А, доаѓа ЛЕ, ама кога го знаеше и имаше тестирано рецептот како да ја растури волчицата, Конте не требаше да се откаже.
 
Агентот на вучинич се врати авионот налево круг напрајл, Вучинич пак не се појави на тренинг а се споменува дека преговорите со интер поново биле отворени O.o
 
Мислам дека во 18:30 Марота ќе даде изјава за случајот Гуарин-Вучинич.
 
Вучинич најверојатно ќе завршит во Интер на позајмица, на крај на сезонава ќе мораат да го купат за 12 м.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom