Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам што се палите како млади мајмуни.

Јувентус 5 сезони по ред не е првак во Серија А, која што во споредба со онаа Серија А што ја доминиравме 9 години е од 3 до 5 класи послаба, во зависност која сезона ќе се земе предвид.

Уште едно потсетување, во период од 5 години Јувентус последен пат не беше шампион во пост-калчополи ерата.
За разлика од некои тимови кои се навикнати 10-15 години да не освојуваат, кај Јувентус тоа не е случај.

Е сега ние може да се вадиме на еуфорија и слично, ама факт е дека последниве години се изнафрлија пари, а резултатот е една голема нула.
Катастрофа резултати во првенството со едвај пласирање во ЛШ и понижување врз понижување во Европа.
Сезонава не е ништо поразлично, со тоа што очигледно веќе секнаа парите и не се инвестираше речиси ништо. Тимов е полн со просеци од типот на Консенсао, Меккени, Ди Грегорио, Копмајнерс, Калулу (и да не ги бројам другите) кои ги плаќаат и мака си немаат, а од друга страна со класа играч од калибарот на Влаховиќ не можеа 2 години да се договорат.

Да, Влаховиќ е класа фудбалер за денешно време, само за инает некој може да го тврди спротивното. На негово ниво од тимот може да се каже дека само Бремер е тука некаде.
Другите или се премлади (како Јилдиз) или едноставно низок има е капацитетот.
Поентата е дека тие што плукате, плукате и кога победуваме и кога губиме. И кога освојуваат 9 години со ред Скудето, и кога имаме 4-5 години пост за Скудето. Плукате брате, таков ви е карактерот, мене тоа ми беше муабетот. Но офенс, не сакам никој да навредам, јас само ви ги критикувам постапките.

Јасни ни се на сите проблемите што ги има тимот, алелуја, но мора од некаде да се почни. МОРА! Кога дојде Конте, Јуве беше просек екипа, со 2 седми места, почнаа да победуваат си ја фузираа енергијата, и Конте освој титула со факин Естигарибија, Џакерини и Пепе во најлошата форма. Ништо поквалитетен состав немаа со минатогодишното седмо место(пред да ја земат титулата)... Зошто да не веруваме дека пак ќе се случи тоа?? Гледано на хартија и немаме лош и неконкурентен тим. Да, некои играчи мора да се подобрат и поинаков пристап можеби со нив ќе помогни, но како што кажав, победнички менталитет се прави со победи, со победите стекнуваш мотив волја и поттик да продолжиш. А не одма изгуби, или нерешено одвај чекате „јас велев“ „ти реков??“ А што е интересно кога победува Јуве ве нема една реченица да напишите. Ова сфатете го како добронамерен совет, да не бидите како народната „Чувај се од оние што ни на мртво плачат, ни на живо се радуваат!“
 
Сега гледав хајлајтс, моментално и Пинсољо е подобра опција од Ди Грегорио...онакви голови не смееш да си дозволиш ни во трета општинска лига да ги примиш, а не пак во меч у ЛШ.

Друго, @DeviAngel гугни нешто за Сузан, MOTM беше синоќа :icon_mrgr:
 
Кажав јас за Душан уште првото коло, само дај боже да продолжи вака немам ништи против
 
Сега гледав хајлајтс, моментално и Пинсољо е подобра опција од Ди Грегорио...онакви голови не смееш да си дозволиш ни во трета општинска лига да ги примиш, а не пак во меч у ЛШ.

Друго, @DeviAngel гугни нешто за Сузан, MOTM беше синоќа :icon_mrgr:
И јас ги изгледав, и приметив дека и Компајнерс е катастрофа... 1 вс 1 ја љуфна кај гулабите..
 
Поентата е дека тие што плукате, плукате и кога победуваме и кога губиме. И кога освојуваат 9 години со ред Скудето, и кога имаме 4-5 години пост за Скудето. Плукате брате, таков ви е карактерот, мене тоа ми беше муабетот. Но офенс, не сакам никој да навредам, јас само ви ги критикувам постапките.

Јасни ни се на сите проблемите што ги има тимот, алелуја, но мора од некаде да се почни. МОРА! Кога дојде Конте, Јуве беше просек екипа, со 2 седми места, почнаа да победуваат си ја фузираа енергијата, и Конте освој титула со факин Естигарибија, Џакерини и Пепе во најлошата форма. Ништо поквалитетен состав немаа со минатогодишното седмо место(пред да ја земат титулата)... Зошто да не веруваме дека пак ќе се случи тоа?? Гледано на хартија и немаме лош и неконкурентен тим. Да, некои играчи мора да се подобрат и поинаков пристап можеби со нив ќе помогни, но како што кажав, победнички менталитет се прави со победи, со победите стекнуваш мотив волја и поттик да продолжиш. А не одма изгуби, или нерешено одвај чекате „јас велев“ „ти реков??“ А што е интересно кога победува Јуве ве нема една реченица да напишите. Ова сфатете го како добронамерен совет, да не бидите како народната „Чувај се од оние што ни на мртво плачат, ни на живо се радуваат!“
Значи у фан клубов да пишуваме само:

Forza Juve,
браво де4ки,
storia di un grande amore
со вас сме во добро и лошо :oleee:
ај наредно коло белки ќе биде подобро (y)
интер мерда

Не ме заебавај сме плукале и критикувале :pos:
Ај ако не да бидеме пресреќни што сркнавме 4 гола на домашен терен, така?

Не знам што се фати за мене да пишуваш глупости или за некои нас (претпоставувам овде и комрадот @Scirea го вбројуваш :angel:) дека само сме плукале и не немало кога победувал Јувентус. Види мајката.
Имам пишувано и кога победувал и кога губел Јувентус, сум фалел фудбалери и тренери и сум плукал по фудбалери и тренери.

Да, според конкуренцијата која моментално ја има во Серија А, немаме неконкурентен тим.
Нормално е тоа кога главни играчи на бранителот на титулата се бившите премиерлигашки ѕвезди како Де Брујн и Лукаку и полуфудбалер како МекТоминеј, а главно засилување на Милан е 40 годишниот Модриќ кој беше топ трансфер 2012 година.

Само Интер отскокнува по квалитет, факт е тоа, ги имаат Мартинез, Турам, Барела и Бастони кои како играчи апсолутно никој друг во Италија ги нема.
Немаат и тие комплетен тим, да се разбереме, ама за разлика од другите имаат костур и долго време играат заедно. Нивен проблем е што заглавија долги години со Инзаги, а сега доведоа очигледно комплетен аматер.

Според мене со составот кој го имаше Интер од 20/21 наваму, Јувентус ќе направеше џандар збира, 5/5, со 3 убедливи титули и две потесни.

Поентата ми е дека тимов го водат без компас од 2018-2019 наваму со еден тон погрешни одлуки - како за играчи, така и за тренери. За играчи се изнафрлија еден куп пари, а многу малку се донесе квалитет, а за тренери потезите како враќање на Алегри и ангажирањето на оној интерашот Мота беа рамни на самоубиство.

Тудор си е супер, дури и на цело да пропадне, нема да ми биде криво бидејќи се гледа дека со жар и желба ја врши улогата.

А факт е дека не играме добро и дека со покерашка игра како онаа некни и вчера не ни бега испаѓање и губење од тимови од рангот на ПСВ, Ројал Унион или Вилереал.
 
Факт е дека играме подобро од лани.

А тоа дека интер се подобри, мало сутра шо би рекол еден од Муртино.

Ако интер го имаат Барела, Мартинез, Турам и Бастони дури и Дамфрис би го ставил овде... ние ги имаме Бремер, Калулу, Турам, Јилдиз, Локатели и Влахович. Се чека и од новиве плус да упали некој.

Жарот го имаме, кога ќе стегнат заби одма гризат. Два пати по ред враќаме со 2 гола за 5 минути.

Нека продолжат само така, може скудето нема да земаме бидејќи Наполи е подобар секако. Ама битно да не се брукаме.

Перин мора од следно коло да биде во прв состав.
 
Добро бе Калулу е толку добар што е прозван у секој втор пост?
 
Сега за сега се многу подобри од последниве години и изгледаат како да има хемија и да се враќа тој победнички дух. Одличен напад сега за сега, средината е просечна, додека позади добро бранат освен голманот. Вчера голманот на Борусија имаше две сјајни одбрани на Турам и Јилдиз, додека нашиов му проаѓаа топки до него и се фрлаше од место после една секунда од кога прошла топката. Очекувам да има борба за Скудето иако Наполи е најголем фаворит, мислам почнаа да одат работите во добра насока
 
Реков јас пред некој период, Тудор не е светска класа тренер, ама е Јувентино и фали некој ваков да им ја пренесе емоцијата што значи да играш за клубот.
Вака после првиве 3-4 натпревари заклучив дека нападот и средината се ок во тимов, ама ептен чкрипи одбраната и голманот. Можеби послабиве екипи ќе ги добиваме некако, ама овие појакиве сите ќе ни бидат 7+ натпревари
 
Добро бе Калулу е толку добар што е прозван у секој втор пост?

Реално ретко греши, сношти имаше и асистенција за гол. На тиквата му ја наместо на Влахо.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Mud
И ланската сезона Влахович вака ја почна, голови секое коло, немам ништо против него ама ако сака 12 милиони по сезона мора цела година да држи форма.
 
Рано е за заклучоци, вчера требаше да тепаме на крај се извадивме и сите се среќни. Мех, фино ала фине да, супер ама мора да се игра на победа дома против ваков Дортмунд.

Одбраната и средниот ред се доста слаби коа ќе ги споредиш со некои посериозни екипи.

Комоли донесе добри играчи во нападот кои што можат да играат различни позиции и да ротираат како сакаат.

Очекувам у Јануари и следното лето да се фокусира на одбраната и средниот ред и да се подобриме и таму. За да изгледаме комплетни.

Има уште ѓубре што треба да лета од тимот ако сакаат да се вратат на врвот.

Ме радува фактот што доста млади играчи имаме и дека тимот има страшно добар потенцијал за во иднина, нешто што не беше случај минатите сезони.
 
Значи у фан клубов да пишуваме само:

Forza Juve,
браво де4ки,
storia di un grande amore
со вас сме во добро и лошо :oleee:
ај наредно коло белки ќе биде подобро (y)
интер мерда

Не ме заебавај сме плукале и критикувале :pos:
Ај ако не да бидеме пресреќни што сркнавме 4 гола на домашен терен, така?

Не знам што се фати за мене да пишуваш глупости или за некои нас (претпоставувам овде и комрадот @Scirea го вбројуваш :angel:) дека само сме плукале и не немало кога победувал Јувентус. Види мајката.
Имам пишувано и кога победувал и кога губел Јувентус, сум фалел фудбалери и тренери и сум плукал по фудбалери и тренери.

Да, според конкуренцијата која моментално ја има во Серија А, немаме неконкурентен тим.
Нормално е тоа кога главни играчи на бранителот на титулата се бившите премиерлигашки ѕвезди како Де Брујн и Лукаку и полуфудбалер како МекТоминеј, а главно засилување на Милан е 40 годишниот Модриќ кој беше топ трансфер 2012 година.

Само Интер отскокнува по квалитет, факт е тоа, ги имаат Мартинез, Турам, Барела и Бастони кои како играчи апсолутно никој друг во Италија ги нема.
Немаат и тие комплетен тим, да се разбереме, ама за разлика од другите имаат костур и долго време играат заедно. Нивен проблем е што заглавија долги години со Инзаги, а сега доведоа очигледно комплетен аматер.

Според мене со составот кој го имаше Интер од 20/21 наваму, Јувентус ќе направеше џандар збира, 5/5, со 3 убедливи титули и две потесни.

Поентата ми е дека тимов го водат без компас од 2018-2019 наваму со еден тон погрешни одлуки - како за играчи, така и за тренери. За играчи се изнафрлија еден куп пари, а многу малку се донесе квалитет, а за тренери потезите како враќање на Алегри и ангажирањето на оној интерашот Мота беа рамни на самоубиство.

Тудор си е супер, дури и на цело да пропадне, нема да ми биде криво бидејќи се гледа дека со жар и желба ја врши улогата.

А факт е дека не играме добро и дека со покерашка игра како онаа некни и вчера не ни бега испаѓање и губење од тимови од рангот на ПСВ, Ројал Унион или Вилереал.
Никој не ти кажува брат што да пишуваш и како да пишуваш. Твое е.

Со Интер играме дерби утакмица, пред почетокот на натпреварот имаше на темава 2-3 мислиења, по крајот 2-3 мислења, и финито.

Океј е, сите гледаме дека не е како што треба (сеуште) во и околу клубов, ама мора да се надеваме дека ќе дојдат подобри времиња. Поентата на мислењето ми беше дека не мора одма со дрва и камења да се фрлаат...

Играат вчера со Борусија, 100 мислења на 4-2 резултат. Океј е, и да се критикува и да се плука ако треба..Едноставно човек добива чувство како да одвај чекате нешто да се деси негативно, за да ве поттикни да напиши мислење на кајгана.

Инаку кога се работи за господин @Scirea , искрено не го вбројувам во таквите, знај братот да се израдува од срце....
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom