A
Aexil Kong
Гостин
За Видал се заинтересирани и Челзи и Манчестер Јунајтед, така да, не знам што очекувате повеќе од овој трансфер.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Голем дел од непотребните играчи (Нагатомо, Кондогбија, Барбоса, Сантон итн) Аусиљо ги тргна од екипата. Што на позајмици, што со трајни трансфери. За Жоао Марио ќе се помачиме но неможам да му замерам на Аусиљо ако не успее да му најде купец ради неговите изјави каде сам си го направи својот излез од Интер потежок. Има уште работа, треба уште играчи да го напуштат клубот но не пред да ги промениме со подобри инаку би ризикувале да останеме без замени во случај на повреда, бан, пад на форма итн.А што направивме со просеците?
Немој те молам да ме смееш...
Тоа со Роналдо и не мораш да го сфаќаш толку сериозно пошо имаше интересен стикер после него. Но ножеше да се одработи и нешто друго, уместо 30 и 40 за Марио и Габриел ете ти го Верати, Санчез, Суарез, Иско, Родригез, Инсиње, Кавани и многу други до таа сума. Оди провери им вредност и ќе видиш дека имаш милион подобри опции од Марио и Габриел. Само немој да ме убедуваш дека никој не би дошол од сите овде, немој!
Али не, си терате свој филм што ќе ви е да разберете ...
Голем дел од непотребните играчи (Нагатомо, Кондогбија, Барбоса, Сантон итн) Аусиљо ги тргна од екипата. Што на позајмици, што со трајни трансфери. За Жоао Марио ќе се помачиме но неможам да му замерам на Аусиљо ако не успее да му најде купец ради неговите изјави каде сам си го направи својот излез од Интер потежок. Има уште работа, треба уште играчи да го напуштат клубот но не пред да ги промениме со подобри инаку би ризикувале да останеме без замени во случај на повреда, бан, пад на форма итн.
Сега наместо да ми ставаш смајлиња и да форсираш фрази како "не ме смеј", пробај на цивилизиран начин да дискутираш и кажи ми како предлагаш Интер да го реши проблемот со носење на квалитетни играчи со ограничен буџет?
Роналдо го земав за пример, чисто колку да изгурам поента. Да го тргнеме Роналдо на страна, за полесно да ме разбереш ќе ти дадам друг пример. Ти даваат од дома буџет од 100 денари за на пазар и ти викаат со толку располагаме во моментов, догодина здравје повеќе, иди купи ми патлиџани и краставици за салата. Ти идеш на пазар но краставиците и пиперките се по 60 денари посебно, што го надминува твојот стартен буџет за 20 денари (нели 60+60). Тука имаш опција да купиш само пиперки за 60 денари (ама убави) и за остатокот од 40 ден да купиш краставици ама џанк неупотреблив, пола ќе ги фрлиш. Можеш да пробаш да се ценкаш, но продавачот ти вика или 60 или не ти ги продавам, ќе ги дадам на некој друг што има да ми понуди колку што барам. И третата варијанта (онаа на Интер моментално) е да купиш среден квалитет на пиперки и патлиџани овој пат по 50 денари за да можеш да направиш салата. Значи неможеш да ги чуваш парите 3-4 идења на пазар и да се враќаш без производи, пошто салата мора да ја направиш. А салата од само 100 денарски пиперки не иде.ќ--
Значи истата аналогија е и со играчите кои ги бркаме на трансфер пазарот. Тоа ценкање е не дека Аусиљо и Спалети несакаат да земат поквалитетен играч на таа позиција, туку затоа што со толку средства располагаат во овој трансфер период. Целта е да се покријат 2 позиции, ако купат едно поскапо решение, една позиција останува непополнета. А купување на еден квалитет и еден срање играч те заглавува со еден некорисен играч за кој нема догодина да можеш да најдеш пазар и пак ништо не си постигнал бидејќи си останал со еден корисен играч а имаш две позиции да засилиш.
TL,DR: Нема инстант успех и јака екипа, си треба време а моментално сме на добар пат.
Реално, така одат работите во фудбалот. Додека во екипа имаш играчи ко Сантон, Дамброзио, Валеро, Нагатомо и сличен профил на играчи, ти нема да одиш постепено кон поголеми имиња, туку едноставно се залетуваш и го земаш Верати, Санчез или Иско.
Нема врска што нема да можеш да им дадеш висока плата или што не играш во Лига на шампиони. Екипа не се гради постепено, туку секоја година земаш по една ѕвезда. Реално, на кој кур ќе му е на Суарез Барселона, кога може со Нагатомо да игра во Серија А и толку.
Или играте многу менаџер или скроз сте забегале со паметот, трето нема.

Саркастичен или не, многу е во право. Како одговор на твојот пост не ни треба само плеј, туку ни треба и десен бек и десно крило (највеќе од се), како и други играчи за ротација.Гледам сакаш да бидеш саркастичен со пост во кој многу напиша а уствари ништо не кажа...
Кажи ми, мора да има некој ред или скалила по кои етапно треба да се надоградуваш?
Или само сакаше да напишеш и ти свое мислење?![]()
Саркастичен или не, многу е во право. Како одговор на твојот пост не ни треба само плеј, туку ни треба и десен бек и десно крило (највеќе од се), како и други играчи за ротација.
Ми викаш дека ништо не сум те разбрал а ти не си ни потрошил време убаво да го прочиташ мојот пост. Се фати дали сум рекол пиперки или домати. Поентата беше дека со ограничен буџет каде што треба два играчи да се донесат, ти неможеш да земеш еден пола играч како што си пишал и еден квалитетен играч. Мора да пресечеш и да земеш играчи кои ќе можеш да ги користиш на двете позиции и кои ти се во рамки на буџетот за оваа сезона. Со пола играч неможеш да сметаш ни дека ќе ти биде користен како играч за ротација.
Достапно оваа сезона или во догледна иднина?Многу мешате некои работи. Ако гледаме финансиски, тогаш да, треба полека да го градиме тимот (ако го изградиме), ама не ме заебавајте дека не треба да купуваме ѕвезди и дека така не се градел тим (освен Меси/Роналдо, другото се е достапно).
Пеја не ми споредувај Ливерпул со Интер, различни светови се.
Пеја не ми споредувај Ливерпул со Интер, различни светови се.
Нека го донесат Видал ако е во рамки на можностите, не сум против. Плејмејкер, крилен десен напаѓач и играч од средината ако донесат до крај ќе имаме солидна екипа. Дали е возможно со оглед на ограничениот буџет е знак прашалник со оглед дека располагаме со 50 милиони да го докомплетираме тимот (според шпекулациите кои вртат). А 50 милиони буџет е премалку да се земат 3 квалитетни имиња освен сите ако не успеат да договорат заеми со облигационен откуп за година-две.Не е пола играч, еве Видал и Наинголан играат скоро секаде на средината, поготово Видал кој знае и во дефанзива и во офанзива, и игра повеќе на позиции.
Тие двајце се доволни според мене да го подобриме тимот, онолку колку што сме во можност сега засега.
Како го регистриравме Кондо или Марио?Достапно оваа сезона или во догледна иднина?
Ќе дојде Суарез ако му кажеш дека нема да го регистрираш за во ЛШ поради глупиот дил со Фифа? Не.
Си го згрешил фан клубот тогаш, трк кај комшиките од Милан. Интер е далеку од 4та лига и банкрот.Не го споредувам овој Ливерпул со овој Интер, ти правам споредба на Ливерпул во 2010та со овој Интер, кога клубот беше пред банкрот и пикање у 4та англиска односно најслаба професионална лига поради тоа што Хикс и Жилет го однесоа клубот пред пропаст со нивното работење.
Vo LE mislam deka ne gi registriraa, odnosno ne gi registriraa site, znam barbosa ne bese, ne mi teknuva dali i eden od kondogbija i mario isto ne bese registriran.Како го регистриравме Кондо или Марио?