Кондогбија не беше донесен од Сунинг, те прашав кои трансфери ги згрешиле Сунинг па што имаш став дека продолжиле да трупаат просеци и да преплаќаат играчи. Јас баш мислам дека го прават спротивното, гледаш зимоска сакаа Пасторе да го донесат, ПСЖ бараше некои нереални работи, 10м плус од нормалната цена ако не се лажам и нашиве не се насанкаа. Е да беше тоа во ерата на Тохир или Морати ќе го земеа и ќе ги дадеа тие 10+ милиони и ќе го заглавеа тимот во долгови. Истото веројатно е и со Малколм, едноставно има на пазарот некој што нуди повеќе од нас и тоа е тоа.
Е баш за овој хејт ти зборам на тебе и на другите, гледаш дека без основа хејташ и немаш доволно аргументи?
Преку целиот мој пост ти само Сунинг го пронајде како подложен на критика? Сунинг беа само спомнати, инаку целиот хејт беше трансфер политиката неколку години генерално ВКЛУЧИТЕЛНО И НЕКОЛКУГОДИШНАТА ПОЛИТИКА НА ТОХИР! Или сеа ќе негираш дека не си поддржувал, колел и бесел за Тихо тука во темава?
Уште оттогаш ти бе дечко браниш се' и сешто и велиш "треба време, треба време битно има прогрес"!
Ајде да ги оставиме потрошените пари на просеци од Тихо, да се посветиме на овие од 2016:
2016 = 92 мил!
- Марио (убер талентот) = 40 мил! Знаеш ли колку се овие пари?
- Барбоса = Скоро 30 мил!
- Кандрева = 22 мил. Али за Кандрева не бев толку против пошо човекот беше проверен и играше во Серија, не очекував којзнае што од него али имав солидно мислење, со што овие 22 се ок, можда се и премногу али ајде да речеме ОК.
Ефект? Ајде кажи ми ти...
2017 = 64 мил. Не како 2016 али приближно разочарувачка и макотрпна сезона.
Далберт = 20 мил!
Весино = 20 мил!
Гаљардини = 24 мил.
Овие тројца во секој случај одиграа повеќе од Марио и Барбоса, но да ги ставиме на едно место, да ја собереме сумата и да размислиме дали можевме нешто друго со тие пари? Ок, нема везе.
Сума сумарум една сезона катастрофална, друга дискутабилно просечна. Искрено со малку среќа и по заслуга на мртвите конкуренти кои буквално ни оступија место инаку не ќе се двоеше од претходната.
Е сеа за оваа имам добро претчуство, солиден почеток со Наинголан, да видиме кој ќе биде следен...
Искрено јас би бил задоволен како што кажав и да изјават крај на трансфер летото за нас. Подобро така отколку да стропаат 30-40 на некоја недоквакана незналица од Бразил и со тоа повторно да не остават во стагнација и за наредната сезона бореќи се со ФФП.