Е ова е тоа што сакам јас да го доловам а не може никако да го разберат некои членови. Да не ве цитирам посебно, и Гуарин и Берзекер и Александар, никој не вика да не критикувате/ме, и јас ги критикувам Сунинг ама кога има основа за тоа, а не сега со сила да идам со глава кроз ѕид. Да, точно е, за Марио погрешивме и јас и Урко, барем јас си признавам за тоа, ама сеуште стојам на ставот дека он не доби права шанса во Интер, барем на терен да видевме во континуитет дека е камен и да се отарасиме од него, а не вака, една играше па десет не играше... Нема везе, како и да е ја утнавме работата за него.
Е сега, Фреди, велиш сме ги утнале Кондо, Марио и Габигол, ама ти текнува во какви услови дојдоа последниве двајца? Сунинг тогаш дојде у јули ако не се лажам, Мачини доби клоца на сред припреми, Де Бур нов тренер у август, навивачите нестрпливи, немаа излез и мораа инстантно да реагираат за да ги задоволат потребите на навивачите. Што направија? Го преплатија Марио ради ЕП, тогаш мислевме дека е оправдано зашо наликуваше на ѕвезда во успон и го препрепрепреплатија Габигол ради тоа што е од Бразил и што изиграл добро на ОИ. Јебига, за двајцата ја ебаа работата ептен, имавме несреќа да не ни се погодат и тоа е тоа. Ама откако се стабилизираа Сунинг јас не гледам да направиле грешен трансфер, било кој играч да го донеле откако дојдоа е во најмала рака океј, сем оној Сеинсбури или како и да беше ама тој беше мислам само колку да пополни место, не постоеше на мапата.
И да, доколку вака останат работите и јас ќе ги критикувам нормално, само јас не сакам да кревам паника затоа што сеуште е јули месец, има уште месец дена до крајот на преодниот рок, не сакам да избрзувам со критикки и плукања. До сега одлично ја завршија работата, донесен е Раџа за багатела, Латуаро, Де Врај и Азамоа слободни трансфери а супер играчи се, така да останува завршниот дел од трансфер периодот, а мислам поспоро иде ради СП и плус ради ограничениот буџет. По мене мислам дека ќе ја биде работата, барем со Шиме ќе ја завршат работата ако ништо друго, а за крило не сум 100% убеден дека ќе најдат, Малколм ни избега и не гледам друго достапно нормално крило во моментов... Јебига, сеуште не сме во позиција да рокнеме 60-80 милиони за некој солиден играч, ќе треба уште година-две да почекаме за тоа.

Али како и да ја вртиме работата на прав пат сме, сепак не заборавајте каков хаос оставија Морати и Тохир, долгови, нерентабилно работење, сметајте дека и тоа го оправаат Кинезите. Ради овие работи јас капа им симнувам, експресно решаваат одредени работи и клубот со голема брзина оди само нагоре и нагоре.