- Член од
- 2 април 2006
- Мислења
- 14.363
- Поени од реакции
- 3.069
Резултатот од Милано баш и не е најдобар приказ за играта на Барса на таа утакмица (реално Барса не беше лоша, само што прими голови по наши грешки а и можеби Пеп имаше преофанзивна тактика - иако тоа е стилот на Барса, нема бранење макар и у Милано да се игра. Иначе и таму имавме посед а и по некоја шанса а и последните 15-20 мин беше нешто слично како вчера со Пике у 16ник на Интер... впрочем статистика од тој натпревар:
GAME STATS
9 Shots 15
5 Shots On Target 6
3 Crosses 12
1 Corners 4
7 Offsides 3
11 Fouls (Committed) 15
17 Throws 12
34% Ball Possession 66%
извор: http://www.livegoals.com/gamecenter/inter-vs-barcelona-16-09-2009
За вториот дел: Барса доминираше и пред да биде Мотта исклучен и тоа (ако не се лажам) со 88% посед. Судењето беше такво какво што беше и тоа е дел од играта, некад се суди "за" некад "против", нема плачење за тоа. А тактиката на Интер е нивно (ваше) легитимно право, како сакаат нека си играат, никој не смее ништо да им пререче за тоа. На крајот на краиштата на крај не се рачуна дали Чави имал 105 пасса а цел тим на Интер 67, туку се гледа резултатот.
Еден пораз не е никаков докас, па и Роже Федерер вчера изгуби од Гулбис па никој не порекнува дека тој е најдобриот тенисер на денешницата. Точно, често го јаде од Надал али може едноставно не му одговара како противник (како што можеби на Интер не и одговара на Барса)
АМАН СО ТОЈ POSSESSION!!!
Ја се кладам дека да ви ја дадевме топката 500 минути, пак гол немаше да дадете!
Да не заборавиме, првиот беше по катастрофална грешка на Камбијасо (грешка која не се повтори ниеднаш подоцна од никого),а вториот од сомнителна ситуација.
Ало, луѓе, Интер како да ви играше Викторија, фаќа Цезар, ви ја фрла за пак да идете во напад. Ние игравме анти-фудбал зашто на Меси не му дававме да пројде низ 4ца, како што 10 пати проба и НЕ УСПЕА.
Игравме анти-фудбал зашто кога Ибра фати топка во шестнаесетник Киву му влета со клизач и го изблокира, требаше да му остави простор.
Игравме анти-фудбал зашто му ги маркиравме сите играчи на Чави и тој се мислеше по 10 секунди каде да подаде - ах Мурињо, стар лисецу, зашто не му дадеш слобода и на Чави?
И на крај, игравме анти-фудбал зашто влеговме тактички на теренот, со мисла да ЧУВАМЕ резултат. Пошто да беше ова Барса, ако водеше 3-1 на првиот натпревар дома, против Манчестер рецимо, они ќе влезеа со 5 напаѓачи и ко муви без глави ќе сакаа да играат фудбал убав за очи.
Барса сака да им подари на фановите фудбал кој е убав за очи, Интер сака да им подари резултати.
Мислам дека нема друг тим кој е опасен како Барса во нападот и средниот ред, па да ви речам "коа ќе играте против нив да ве видам".
Ви беше мерачки кога сите им оставаа простор на Меси и Чави, еден тим ќе ги седне на земја и одма плачење има тука. Освен овој начин, немаше како да се пројде Барса. Уствари имаше, напаѓај па може ќе те стрефи среќата, Ето ќе бапне 5 гола, а Меси само 4.
Штета што Мурињо го користи мозокот наместо мушката интуиција, па реши да направи тактика.
За разлика од Пеп и Алвеш, првиот го извади Ибра за Кркич (уште еден кепец против ШИФОЊЕРИТЕ од Интер), а на вториов тогаш му текна дека треба да нафрла, кога сите од нападот на Барса се под метро и осумдесет.