Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Уште еднаш ќе прашам, зашто гадот Балотели плаче на видеото или што и да праи?
Ако знае некој нека каже.

Пике и дефинитино им бил во офсајд позиција, па сеа нека плачат за судии и нека тераат на очајни споредби на судиите со оние од Челзи - Барса лани.
![]()


Честито финале интераши. Земајќи ги у предвид двата дуели, Интер го заслужи финалето, ги надиграа барселонци, Мурињо го надмудри Пеп и тоа е тоа. Вчерашниот црвен картон мислам дека беше досуден престрого (а реков дека треба да пази после добиениот жолт, и се деси на крај и црвениот), но и покрај тоа Интер успеа да се одбрани одлично речиси цел час игра против одличниот тим на Барселона, на преполниот Камп Ноу. Секоја чест за храброста, ги издржаа најтешкото и еве ви го толку посакуваното финале на чело со Мурињо. Не знам зашто викаат дека сте играле антифудбал, па шо треба со црвен картон да напаѓаат на гостински терен? А каде беа тие на Џузепе Меаца, што играа тие тогаш? Ги бројат пасовите и поседот на топката, ама на крајот мислам дека се бројат головите, а Барселона со играч повеќе на домашен терен имаше 4 шута на голот, што е показател за слаба игра. Можда требаше и голманот да го исклучат...Играа практично без напаѓач, и се обидуваа преку крилата да изглумат некој пенал, а и Меси беше одлично чуван. Постојат тактики, постои тренер и кој како сака ќе игра, а противникот ако е толку моќен нека ги постигне потребните голови.
Во финалето ќе навивам за вас, ќе биде интересно, го нема Рибери, па мислам дека Мурињо со формацијата против Барса на првиот натпревар и против Челзи може да го победи Баерн, но останува да видиме. Причина плус е тоа што немате освоено ЛШ со децении. Со среќа.

хеххе, ја гледам патетичноста кај вас,
ама изгледа го заборавивте интер што ви направи сред милано,кога немо=евте 3 акции да сврзите и кога 75 мин се мислевте на каде да терате,интер си ја заврши работата дома,а натпреварот на наоу камп ќе го искоментирам со 1 збор катанаџо и тоа принудено
кажи ми ти пријателе сега една работа,
ако беше мота на терен 90 мин вие сеуште ќе ја имавте таа доминација???
поздрав и научи го комплетно поимот фудбал, не е браса единствениот тим кој игра фудбал:smir:
Со среќа финале се надевам дека и на Баерн ќе го победите барем 2-0 среќно,а за навивачите на Барса еден мал совет ,што побрзо го прифатат поразот полесно ќе им биде,знам дека се разочарани али ова беше докас дека Барса не е најдобриот клуб кој некогаш игра во лигата на шампионите ,и дека секој од секого може да изгуби поз.:helou:
Уште еднаш ќе прашам, зашто гадот Балотели плаче на видеото или што и да праи?
Ако знае некој нека каже.

Абе , трипам ја или ....
Честитки на пласманот во финалето, за сите навивачи на Интер. Не можам да го кажам истото на начинот на кој се стигна до таму, но нејсе, вкус и вкус се во прашање. Ви посакувам среќа во дуелот со Баерн.