Кој и да ни падне ќе стартуваме со огромна психолошка предност. Интер очекува некој од првопласираните екипи и горе-долу е сеедно кој ќе падне, но на тие екипи не им е сеедно: сите сакаат да го избегнат Интер. Првата реакција на противникот на Интер ќе биде од типот “зарем мораше нам...?“ или “oh, no...!“. се надевам на офанзивни екипи, зошто да не Манчестер, а потајно ја посакувам Барса.
Инаку ова излезе во вечер, па дали може некој да најде странски извор на информација за лудориите на нашиов јунак:
Адријано бил главен во бордел (е нее...)
Ѕвездата на бразилската репрезентација и италијанскиот првак Интер, Адријано се најде вмешан во нов скандал, кој знае кој по ред. Според полицијата во Милано има голема веројатност дека Бразилецот учестувал во управувањето на јавна куќа, што неодамна беше затворена.
Италијанската полиција изврши специјална операција во незаконските бордели и ги задржале сопственичката Фредерика Чекиоли и 20 проститутки, од кои повеќето биле Романки и Словачки.
При поверката на телефонските разговори станало јасно дека Адријано е меѓу најчестите посетители на јавната куќа.
Бразилецот во моментов се наоѓа во својата татковина, каде заздравува од повреда.