Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Секако Syn али сепак прво треба да си мисли на своето,а како најдобар дефанзивен бек тешка работа дека е најдобар!
Ти реков, за добар бек потребни се сите состојки :D, Маикон одлично покрива во одбраната иако во секој акција е инволвиран и во нападот, а таквите се ретки, еве ти пример, Јанкуловски, цел живот играл како крило, Карло почна да го игра бек и затоа лево се партали, знае да прави кросеви, да даде по некој добар центар шут али одбрана ноу комент . Така да ако споредуваме бекови, тоа го правиме од секој можен аспект, значи начин на игра во обрана и во напад, плус ретко ги гледаш Интер зашто навиваш за Милан, Маикон е одличен и при центар-шутевите, оваа година Мурињо го користи и како изведувач на корнери па дури и на фаули од левата страна на теренот .
Уникатен играч е, башка што успешно наследи една легенда на клубот како Занети, не за џабе пред 2 сезони се вртеа суми од 90 милиони евра за негово заминување во Челзи и во Реал .
 
Се согласувам со сите погоре дека го имаме најдобриот десен бек во светов во моментов..
Има 2 гола :)
1472 минути во серија а се најдува на 3 место после Ј.Цезар и Ибра,значи Мурињо има голема доверба во него.
Во ЛШ има 572 минути , го дели првото место со Занети и има еден гол.

Рамос и таков играч што може да игра и како централен дефанзивец и можеби затоа е подобар во дефанзива, а кога се работи за офанзивата Рамос е далеку по слаб од Маикон.
Даглас е кондиционо спремен и цел натправар напред назад трча.
Во едно интервју новинарите на Мур му рекоа дека играл без десно крило, тој им одговори дека Маикон игра и за крило и за бек.
Маикон има одличен центаршут.Многу голови паднаа на негова асистенција.Како што знаеме и извадуваше корнери.
За бековите е многу важно да се добри во офанзива, ги знаеме најдобрите бекови во минатото како Карлос и Кафу беа доста офанзивни.Мислам дека и Маикон ке достигне до нивно ниво.:smir::smir::smir:
 
Мислам дека тоа ниво веќе е достигнато.
 
Мислам дека тоа ниво веќе е достигнато.
Па незнам, Кафу беше капитен на Бразил легенда, Карлос зеде многу титули во Реал , како во Шпанија така и во ЛШ така и на светски првенства.Маикон летово наполни 27 години и е во најубавите години за играње, има уште многу да освојува.
 
На постот на Јове немам реплика,на твојот имам.
Кажими брате дека гледам си многу интелегентен,кажими бековите во каков вид играчи спаѓаат?Одбрана,Средина,Напад?

Бековите спаѓаат во одбрана многу нормално.Ама ти очигледно не го разбираш терминот офанзивни бекови.Значи тоа се тие - бековите.Поради тоа што имаат многу задачи во нападот, затоа им го дале името офанзивни бекови.
Ако гледаш фудбал, ќе забележиш дека бековите имаат голема кондиција и добар центаршут, што значи дека играат голема улога во нападот на еден тим.Поради тоа дошол терминот офанзивен бек, затоа што придонесуваат во напаѓачката тактика на тимот !!!

Општо сите бекови во фудбалот имаат задача да нафрлуваат од страна, што значи дека треба да имаат голема кондиција затоа што трчаат напред-назад во секоја акција.Во Милан кој им нафрлуа пример од десна страна на напаѓачите во шеснаесетник? Сигурно не трча Пирло кај корнер па да нафрли. Размисли малку.
 
бековите во каков вид и грачи спаѓаат?Одбрана,Средина,Напад?

Одбрана по дефиниција. Ама денес се игра тотален фудбал.

Ако играш формација со класични крила како Манчестер со Гигс и Бекам на времето, тогаш за бек може да ти послужи некој Гери Невил кој нема да мора да претрчува во полно темпо цел натпревар. Во тој случај ти треба одличен бек, ама само дефанзивен. Од друга страна, Бразил со Роберто Карлос и Кафу. Можеби Карлос е едниствениот бек што го знам што поминуваше повеќе време на противничката половина одколку на својата.

Времето на дефиниции помина, се игра тотален фудбал и се ценат најмногу играчи кои можат да одиграат на што повеќе позиции и делови од теренот. Затоа Занети е икона на клубот. Маикон е бек со феноменални физички квалитети кој може да го изора теренот 180 минути ако треба. Тој е комплетен бек што би го посакал секој тренер. Покомплетен играч е од Серхио Рамос кого исто така многу го ценам. Се разбира овде може да има доза на субјективност ама после Интер, Реал ми е омилен тим па ова го пишувам без никаква пристрасност.

Добредојде на фан-клубот Интер каде се размислува најкритички, се анализира најмногу и каде што квалитетот навистина се цени.
 
Џакинто факети-интеристите го знаат многу добро и тие што следат фудбал!
после џакинто бековите престанаа да играат одбрана и почнаа да трчаат до другата страна за да го помагаат нападот!
The role of the modern full-back was essentially created by Giacinto Facchetti under the guidance of Helenio Herrera

еве ти го линкчето прочитајте кој играч на која позиција игра и што е задачата на таа позиција па после коментирајте дали мајкон треба да игра само назад!
 
Кога е во прашање десната бековска позиција јас пак би го одбрал Занети пред Маикон иако црнчево е невероватен. Според мене добро бекче е и Лам (иако игра и лево и десно), Дани Алвес и Босингва.

Али за најдобар лев бек мислам дека Грешко треба да ја добие титулата со убелдива разлика

пс најсмешна шпекулација до сега, сме се интересирале за Бентнер од Арсенал, ако нешто вакво се случи јас ќе носам дрес на Милан и Јуве по еден месец
 
Адриано само што ја дознал веста дека го има на кајгана форумот па решил да ни прати слика кој очигледно е дека неговото задоволство е на завидно ниво,,,,:vozbud::vozbud::vozbud:
39669_hp.jpg
(мала шала)
 
Али за најдобар лев бек мислам дека Грешко треба да ја добие титулата со убелдива разлика

Памтам една утакмица,кога играше за Интер, мислам со Киево, Интер упорно напаѓаат, играат јако, ете ти го Грешко кикс губат Интер, ајде уште напаѓање, оп ете ти го Грешко автогол.....

За Болтон си има дадено два автогола а еден натпревар хуху
 
Мислам дека за Грешко нема потреба да се збори. Поголем киксер немам видено. Понекогаш Бурдисо ме потсетува на него.
 
Памтам една утакмица,кога играше за Интер, мислам со Киево, Интер упорно напаѓаат, играат јако, ете ти го Грешко кикс губат Интер, ајде уште напаѓање, оп ете ти го Грешко автогол.....

За Болтон си има дадено два автогола а еден натпревар хуху

Грешко нема настапувано никогаш за Болтон.
Како и да е се ежам кога ќе му го слушнам името, немам видено играч на Интер со поголем број на киксови по натпревар :kesa:
 
Незнам како мојте да ги споредите Рамос и Маикон. Па Рамос е 0 во моментов ако ги споредуваме со Маикон. И незнам од каде та идеја дека бил слаб во дефанзива Даглас? Мојте да речите за Максвел дека не е толку добар назад, но за Маикон, навистина незнам...
Што се однесува до Рамос, не викам дека е слаб играч, напротив, за мене е еден од најдобрите десни бекови, но едноставно не е во форма :toe:.

Иначе, ево за што гласав:

Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom