Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Со оглед на тоа дека Мурињо ни е тренер сметам дека дуелите со англиските екипи ке ни бидат полесни!
1-Мурињо 3 години беше таму и колку толку ги познава тие противници!
2-Челзи е поранешен негов тим-сите ги знае како дишат!
3-човекот има јајца за разлика од манчини(се сеќавате со ливерпул цела утакмица ја игравме со 2 напаѓачи на сан сиро а требаше да дадеме 3 гола нешто несфатливо кога си во негатива).

Се е тоа во ред, ама реков екипи од типот на Челзи и Ливерпул, значи што играат цврст и дисциплиниран фудбал. Не можеме да се надеваме само на тренерот и публиката, мора нешто и играчите да одиграат. Моментално имаме само еден играч кој е полу/расположен за голови, односно вчера се распуца. Зборувам за овој момент, кога сега би играле, не е на арно. Се надевам дека ќе ја подигнат формата брзо.
 
Со ваква игра само ќе ни се повтори Ливерпул. Ќе се случи меч против екипа со цврста одбрана и нема да го видиме голот. Не зборувам за атрактивна Vs. цврста игра, туку за немање игра. Интер во моментов не игра цврст или тврд фудбал, туку воопшто нема игра, не прави доволно шанси, напаѓачите се тотално во аут, средниот ред воопшто не е креативен. Мене не ми пречи да стигнеме до пехарот во стилот на Порто, кој играше максимално дисциплинирано и секој си ја знаеше работата. Ова не е тоа. Во моментов ако играме против екипи од типот на Ливерпул и Челзи нема да преживееме.

Ретко да гледаш добра игра од италијанска екипа, реков, Јуве кога ги победија Реал овде фановите на Реал пишуваа дека ова е анти-фудбал, вака онака ама затоа го јадеа во два наврати, дома гол неможеа да дадат а примија 2 .
Тоа е Италија, тоа е Калчото, оние што се обидуваа да имаат игра, и тоа убава за око се ретки, таква е Рома али погледнија истата до каква ситуација дојде. Раниери со нековиот стил на игра кој е типично Италијански беше катастрофа во Шпанија и Англија ама во Италија приказната е друга, еве и Реал на Бернабе паднаа од таков начин на игра. Плус Мурињо е тука скоро 6 месеци, Анчелоти во Милан е 7 години а во Италија е цела своја кариера како и голем дел од другите италијански стратези, а и покрај тоа што сеуште се нема адаптирано во Италија, сепак тимот му е првопласиран . Али со Палермо искрено се изненадив, мене многу ми се допадна играта зашто беше онаа, италијанската, Палермо во вториот дел не се видоа, тотално неутрализирани, Интер покрај двете ремек дела на Ибра имаше шанси за разлика од Палермо, минатата сезона ако не се лажам на Сицилија изиграа досадни 0-0 со една до две шанси .
 
Во право си до некаде за второто полувреме ама мислам дека тоа е поради голот што го дадовме рано. После многу полесно играат. Проблем е кога први ќе примиме или не можеме да дадеме, кога бркаме резултат. На пример го гледав Лацио 1-2 натпревари кога не победуваше дома, ама тие правеа опсада пред голот 90 минути. Напаѓаат во бранови. Да не им замери човек и кога не тепаат. Ние кружиме околу 16 метри како киша око Крагуевца, ќе шутнеме 3-4 пати и тоа е. Зборувам за кога бркаме против дефанзивни екипи, кога ќе се отворат многу полесно играме.
 
Мурињо: Несакам да ги менавам играчите

Еве неколку одговори на Мурињо поставени после натпреварот со Палермо
Имавте цела недела за да се спремате за натпреварот:
“Да, но нетреба да заборавам дека на натпреварот во кој најмалку се спремавме беше тој со Рома. Знаеме дека Палермо е силна екипа кога игра на домашен терен и има добиено четири од вкупно пет натпревари кога играше на домашен терен.
Но, атмосферата беше на највисоко ниво на тренинзите во текот на целата недела, па така имавме и голема самодоверба во себе.”
Во составот го немаше Кварезма:
“Кварезма доби три дена одмор, за да се види со своите во Португалија. Тој е играч како и сите други.
Адриано поново го немавте во составот:
“Адриано сигурно ќе играше доколку небеше болен. Не е вистина дека сум му се налутил, тоа го измисливте вие новинарите.”
Хернан Креспо во Реал мадрид:
“Ако Креспо може да му биде корисен на реал, може и нам да ни биде корисен, ќе го вклучиме на пролет за во Лигата на Шампиони. Планирам оваа сезона да ја завршам со истите играчи.
извор: интер.ит
 
Во продолжение ќе ги постирам изјавите на неколку фудбалери

После победата над Плермо еве изјави на неколку играчи: Ibrahimovć, Walter Samuel, Sulley Muntari i Jose Mourinho.
Ibrahimovć: “Навистина сум задоволен. Ја победивме една силна екипа, која играше на домашен терен, која игра одличен фудбал. Вечерва забив два одлични гола. Во последно време на тренинзите вежбав слободни удари.” На прашањето во споредба со постгнатите голови против Парма, еве што одговори: “Овие беа многу важни два гола, затоа што ни беа многу важни трите бода, за да останеме на самиот врв, но тие два со Парма ни го донесоа Scudetto, па неможе така да се споредуваат.” Со Јувентус имате натпревар за одлука? “Не, тоа навистина е важен натпревар, кој мораме да го добиеме, ако повторно ја сакаме титулата. Но треба да добиеме уште многу натпревари. Јувентус заостанува само три бода зад нами, се уште може да се случи, првенството е долго.” Запрашан за златната топка еве одговор: “Не, јас упорно работам секој ден, за што повеќе да напредувам. Но, златната топка секогаш не ја добива најдобриот”
Walter Samuel пред три дена по трет пат стана татко. Му се роди Francisco: “Оваа победа му ја посветувам нему и на целото мое семејство. Победивме трет пат по ред, а тоа ни ја овозможи првата позиција. Јас бев малку несигурен, затоа што сеуште несум 100% подготвен.” На прашањето дали оваа е најакиот Интер: “Неможам да направам споредба со претходните години. Многу се зборува за Интер, не критикуваат, но ние поново покажавме голема желба за победа. А тоа е најбитното. Кој и да излезе на терен , сите имаме доверба во нив . На крај се осврна на колегата Кордоба: “Жалам што нема да биде на натпреварот со Јувентус. Знам колкава желба имаше да игра против нив. Тоа ќе биде многу важен натпревар, кој сепак нема да биде одлучувачки, затоа што е многу рано до крајот на првенството.”
Sulley Muntari: “Тренерот ми ја даде задачата да го спречам нивниот плејмејкер, Ливерани. Несмеев да му дозволам да ги разигра на неговите соиграчи. Веќе навикнав на такви улоги, а кога имаш вакви соиграчи , лесно е да играш на било која позиција и улога. Игравме одлично од првата минута , иако до головите беше многу тешко, затоа што беа многу затворени. А тогаш Ибра постигна гол. Тој според мене треба да ја добие златната топка. Кога јас би гласал , својот глас би го дал занего. Комплетен играч, знае и умее све во фудбалската игра.”
Изјава на тренерот Mourinho : “Во првото полувреме не игравме како што сакавме. Затоа сепак небевме ние виновни, затоа што добро играше и Палермо. Тие беа одлична екипа, со голем дух,и сјајна публика, која ги бодреше. Ни создаваа многу потешкотии, а ние само еднаш се заканивме преку соло акција на Ибрахимовиќ. Нашите лини беа предалеку една од друга, па така одбрамбената линија беше претерано одалечена од нападот. На полувремето се договоривме како можеме да го добиеме овој натпревар. Па така второто полувреме беше навистина прекрасно, и јас самиот бев импресиониран. Задоволен сум од Мунтари кој не играше на својата позиција, но сепак го скроти на Ливерани. Прикажавме добар натпревар, па сега можеме да бидеме спокојни неколку денови до натпреварот со Јувентус. Се плашам за во Среда кога многу играчи ќе играат за репрезентациите. па не би сакал да се случи нешто непредвидено, да се повреди некој од играчите. Во сабота нема да го имаме Кордоба, но тука се Бурдисо и Матераци, кој нема да биде со репрезентацијата на италија. Кварезма ќе биде одморен цела недела, кој вероватно ќе игра во дербито. За ибрахимовиќ малку на шега: Вие новинарите ми рековте да го одморам за овој натпревар. Сакам да го добиам натпреварот со Панатинаикос и тогаш Ибра сигурно нема да игра против Вердер. Но тој постигнува само прекрасни голови, но никогаш едноставни. Но сега сакам и едноставни голови да постигнува. Заслужува ли златан, златна топка. „Не ја добиваат секогаш најдобрите, тоа е како преседателските избори во Америка, потребна вие и добра кампања. За натпреварот со Јувентус. “Во ноември ниту една утакмица неможе да биде решавачка, но ќе биде убав натпревар, затоа што е дерби на Италија. Подобро е да играме со нив после седум победи во низа, отколку седум порази во низа.
 
едно мало известување за интеристите!
Не подлегнувајте на провокации на другите фанови само може бан од тема да фане некој!Ке им се отворат очите во сабота и тоа широко!!:helou:
во дополнување!
Марио барвуа БАЛОТЕЛИ!
Интер ар д бест!!
 
Секој 2 пост во темава ви е Милан за момент помислив дека се наоѓам во Фан клуб : Милан озбилно.
 
Секој 2 пост во темава ви е Милан за момент помислив дека се наоѓам во Фан клуб : Милан озбилно.

Не бе, се наоѓаш во фан клубот Интер, моментално водечките во Серија А и актуелниот шампион на Италија. :toe:
И вас секој втор пост ви е, ајде утре Интер од Палермо да го јадат и ние први, ајде сега од Јуве да го јадат и ние први, по неколку месеци, ајде Интер да ги тепаат Фиорентина за да имаме шанси за ЛШ и тн и тн, ако имаш нешто паметно да кажеш, бујрум ако не, не мора на тука да си билдаш мислења .
 
џабе и да ја победи .... не дека ќе им помогне , најубаво беше место нив да играме сигурно ќе беа трети
 
Вчера на Раи во емисијата Сабато спринт Mazzola, беше воодушевен од играта на Интер, го праша на мурињо дали сега би останале на формациа 4-4-2. Мурињо му одговори дека, за таква формација се одлучил кога ги проучувал противничките екипи.
Vierchowood го критикуваше дека немало крила, а Мурињо му одговори дека Маикон е повеќе крило него бек.
Мислам дека Мурињо треба да остане на 4-4-2 како база, а може оваа формација да ја варира.
 
Слушај Думанче....
Јас би сакал да те поздравувам тебе дека навистина Јуве играше у Серија Б, но никогаш не чекал цели 20 години за да освои некое скудетто итн. Мислам дека ова е нешто по трагично од втората лига:tapp:
На глупави постови не е добро да се цитира. Но мило мие , што се препознавате на мојот потпис.
 
Се надевам дека последниве победи против Удинезе и Палермо ја подигнаа формата и дека тоа ќе се покаже наредната недела во дербито на Италија. Јуве се во одлична форма, меѓутоа мора да се оди на победа и одмазда за ланскиот пораз на домашен терен.
 
Ја можеби не пишувам многу на форумов, ама секое мислење го читам што ке го напишете ;) Се имате кажано за, поготово за последната утакмица, и очекувам да продолжиме со ваква игра, и на дедо перо и компанија да им покажеме чива ера е почната, и дека ке се пензионираат без да земат скудетца :) И глеам нешто не им е јасно на редовните посетители на темава, а кои се за други екипи. Цел живот ке ве јаде тоа што местеле утакмици вашите тимчиња, милан, јуве, лацио... Без разлика колку време ке помине некои работи нема да се избришат...За едно 20 години од сеа, некој помлад коа ке ме праша, Зошто Интер немале долго време титула, ке им кажам, пиши на гугл MATCH FIXING FOR DUMMIES :pos2:
:salut: ФОРЦА ИНТЕР :salut:
 
vino_eng2008.jpg

Еве ние од ова погоре можеме да наздравуваме за првото место
grin.gif
grin.gif
grin.gif
grin.gif
Сигурен сум дека ќе го добиеме и Јуве, имам такво претчуство, а најголема желба ми е Интер да постигне гол во судиското продолжение за да неможаат цела година да се опораваат од шокот.
ФОРЦА ИНТЕР !
 
Грешка си! Сакам да дадеме гол од офсајд или од непостоечки пенал! Па да му вратиме за лани за начинот на кој не победија! Како и да е серијата нивна сигурно ке запре, се надевам со наша победа..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom