Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Кога се сеќавам на ланскиот успех на Јуве среде Милано, знам дека Бурдисо беше тој што му асистираше гол на Давид Трезеге.

Нешто од Мај на плоштадот пред катедралата во Милано да не имаш да постираш, слушам црно-сината боја владеела во тој реон, покрај цела Италија . :toe:

Иначе сега слушнав на CNN брејкинг њуз, се слушнале две силни детонации во Палермо, повредени нема, причинето е само разочарување за жителите на Палермо а како главен виновник се сомничи Ибрахимович .

Е сега со оглед дека ја гледав во кафич уз муабети бев во можност да видам 80-85% од натпреварот .
Гледам негативни коментари за играта за што категорично не се согласувам, напротив, игравме во Палермо( ги победија Јуве на гостински терен), гостување кое не е омилено за големите тимови, гостување од кое цела Италија се надеваше на кикс од страна на Интер . . . . ама :toe: .
Незнам што очекувавте, ретко која екипа во Италија покажува добар и фантастичен фудбал за око ( а тие што го правеа тоа како Рома знаете како завршија ), а не посебно на едно вакво тешко гостување. Ме интересира колку шанси направија Палермо, особено во вториот дел кога играше само една екипа. Без разлика дали ке се согласите со мене или не, Интер денес го изиграа најдобриот натпревар сезонава, покрај мечот во Рим, играта е подобрена, се создаваа шанси и ја немаше таа анемичност која не утепа сезонава, башка што противникот цели 45 минути во вториот дел беше неутрализиран.
Браво за денешната игра, браво за Ибра, браво за Мур и браво за Интер, ни приредија уште еден убав викенд .

п.с. Многу погрешен впечаток од останатите коментари ке добијат оние кои навиваат за Интер на форумов а не го гледале мечот, сосем спротивното ке го видат на снимката која е препорачлива и за оние кои оставија неативни коментари за Интер после денешниот меч .
 
Знаете како ми делувате некои навивачи овде на Интер? Како да го памтите Интер да имал некоја си течна игра да речиме како Арсенал.. Па сите вие сте со години, односно една генерација овде на форумов, така да од кога сите гледате Интер нема некоја препознатлива игра! Оваа година дефинитивно има една од подобрите, споредено со последните 10 год.. Вие сте една генерација која почна да го гледа Интер со Ди Биаџо во средината, којшто беше невиден десктруктивец, потоа го имавме незаменливиот во тоа време Кристиано Занети, од времето на Купер и компанија, и сега го имаме Камбиасо, Занети и Виеира! Па која игра ја сакате? Кој е тој Интер кој ви недостига? Јас од 1997 година гледам само ваков Интер, со еден силен и деструктивен среден ред, и нон стоп сме имале по некој индивидуалец во нападот, тогаш беше Роналдо, па дојде Виеири, па Адриано, и сега Ибракадабра! Овој е нашиот Интер! Со овој пораснавме, и овој јас си го сакам! Сакам силен Интер, сакам кога ке излезат на почеток на натпреварот да бидат сите наредени на средината по 2 метра високи! Овој Интер сега е најблиску до тоа! Овој Интер комплетен, со сите играчи на располагање е многу силен! Го добивме тоа што го немавме последниве 5-6 год, го добивме Мурињо и треба да веруваме! На времето мислам дека имавме исто така добар тактичар во името на Купер, но имавме слаби играчи, и кога ке ги видам овие од социјалниов дел се чукаат во гради не елиминираа во полуфинале, а кај нив играа Стам, Неста, Малдини, Шевченко, Сидорф, Пирло, Руи Коста... а ние што имавме? Окан, Емре, Консеисао, Калон.. но го имавме Купер! И не не победија! Едвај извадоа нерешено! До пред некоја година имавме слаб менаџер.. сега имаме се во едно, имаме менаџер, тим, клупа... оваа година мора да биде наша! И мора да верувате во тоа.. секако и среќата е повеќе од потребна, се надевам дека ке не следи нас!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Syn
Ма не ги ни перцепирам тие коментари за наводната лоша игра, како што рече и Ibracadabra, кога па Интер играле добар фудбал за око па сега на победа на вакво гостување каде се постигнаа 2 гола без примен гол ние да бидеме разочарани, смешки .
Се согласувам за мечевите со Удинезе, Џенова, Фиорентина ама не и за денешниот, денес од Мурињо и од Интер го добив она и што го очекував, фудбал типичен за Италија и фудбал кој донесе сигурна победа од 0-2 на тешко гостување .
Играа против Фиорентина гости, Палермо гости, Милан условно кажано гости, Сампдорија гости, Рома гости, играа против најефикасниот и до претходното коло вториот на табелата Удинезе на домашен терен, и играат во ЛШ .
Направете споредба со оние противници на Милан и погледнете ја табелата, причини по денешната победа за загрижување нема, на моменти бев скептик за сегашнава сезона ама не повеќе, не по тоа денес што го видов.
Пред недела дена реков дека победи против Палермо и Јуве ке бидат фантастичен резултат и момент за докажување на Интер, едниот услов е исполнет, на ред е вториот а победа во истиот ( со претходна победа во ЛШ ) и Интер ке има супер финиш и одлепување на табелата зашто најтешкото за Милан допрва следува .
 
Еве една добра вест за сите вие што сакате офанзивен Интер.. Пред една недела го сметнав демото од Football Manager 2009 и додека барав некои таленти во Јужна Америка налетав на еден Coutinho !! Овој има 16 год, игра за Васко де Гама, и ке премине во Интер, односно има договорен трансфер во Јули 2010 год. Иначе на демово не можам да видам какви оценки има, и колку е добро детево, останува да видиме дали ке се покажат оценките кога ке излезе целосно менаџерот, или пак во 2010 год. кога ке дојде кај нас во Интер! Инаку игра на позиција Atacking Midfielder Centre ! Што значи ова е тоа што го немаме во тимот, а веке го имаме купено! Останува да видиме што е..
 
Еве една добра вест за сите вие што сакате офанзивен Интер.. Пред една недела го сметнав демото од Football Manager 2009 и додека барав некои таленти во Јужна Америка налетав на еден Coutinho !! Овој има 16 год, игра за Васко де Гама, и ке премине во Интер, односно има договорен трансфер во Јули 2010 год. Иначе на демово не можам да видам какви оценки има, и колку е добро детево, останува да видиме дали ке се покажат оценките кога ке излезе целосно менаџерот, или пак во 2010 год. кога ке дојде кај нас во Интер! Инаку игра на позиција Atacking Midfielder Centre ! Што значи ова е тоа што го немаме во тимот, а веке го имаме купено! Останува да видиме што е..

Имаме дебатирано на оваа тема, дечкото ќе дојде најмногу поради смената на раководството на Васко Де Гама ако добро памтам. Старите газди на тимот ден пред да го напуштат истиот, потпишаа договор со Интер за овој талент само проблемот е што е малолетен и не може да биде донесен во Италија поради трансфер-правилата, иначе истото наиде на огромно незадоволство од страна на фановите на Васко Де Гама, ама што можат они против тој лист на Хартија кој вели дека Коутињо за 2 години ке е играч на Интер.
Мада сега за сега ирелевантен е тој трансфер, а и зависи како ке се развива овој фудбалски талент во иднина, до тогаш Интер ке има далеку посилен фудбалски кадар од сегашниот, тоа е и желбата на Морати, да создаде моќен Интер, следна инвестиција ке е Агуеро а се започна со носењето на Мурињо .
 
Interimovic!

:)
Честито новите три бодови на контото на Интер.
Шампиони! Ако успееме да го преживееме месецов на врвот на табалета, скутедото не бега. :D
 
аии тој ибра :zver: е шо им напраи со 2те бомби едната со 86 км на час а другата со 100 нешо
мрежата им ја дупна:helou:
 
Сакав да кажам можеби не купуваат фудбалер со такви карактеристики токму поради овој.. којзнае можеби не е така.. можеби овој фудбалер кој е млад е токму причината поради која не беше доведен Лампард, можеби и не е така.. Но како и да е, кога веке е купен, тогаш Интер има некакви планови со него.. Ако е толку добар на средината од теренот, тогаш мислам дека можеме да истераме уште една и пол сезона со овој среден ред, а потоа да видиме овој како ке се покажи.. да се надеваме дека овој ке биде за нас тоа што Кака е за Милан! Играат на иста позиција..
 
ако победија сепак некако немаат добри играчи ако не е ибра тапа ќе бидат неамаат средина некој шо че праи акции во моментов без ибра неможат ништо тоа е мое мислење
 
ако победија сепак некако немаат добри играчи ако не е ибра тапа ќе бидат неамаат средина некој шо че праи акции во моментов без ибра неможат ништо тоа е мое мислење

Ако не е Ибра нема да бидеме шампиони, ако не е Кристијано Роналдо, Манчестер ке се бори со Арсенал за 4 место, ако не е Меси, Барса ке се мачи да даде гол, ако не е Кака, Милан ке игра во Интертото Куп, ако не е Дел Пиеро, Јувентус немаше да се врати од Серија Б.. ама сите тие играчи се тука некаде во своите клубови.. тоа е брат.. што да правиме..
 
Ако не е Ибра нема да бидеме шампиони, ако не е Кристијано Роналдо, Манчестер ке се бори со Арсенал за 4 место, ако не е Меси, Барса ке се мачи да даде гол, ако не е Кака, Милан ке игра во Интертото Куп, ако не е Дел Пиеро, Јувентус немаше да се врати од Серија Б.. ама сите тие играчи се тука некаде во своите клубови.. тоа е брат.. што да правиме..
дада брате во право си ама лошо е тоа не чини така нека се повреди клучниот играч и :tapp: аа за денешниов натпревар другиве фудбалери ептен беа камења не памтам друг пат вака да било
 
дада брате во право си ама лошо е тоа не чини така нека се повреди клучниот играч и :tapp: аа за денешниов натпревар другиве фудбалери ептен беа камења не памтам друг пат вака да било

Не е Интер тим кој зависи од еден играч, што од една страна е добро а од друга и лошо али тоа е, да, Ибра даде два гола против Парма и го реши мечот со што донесе титула ама минатата сезона тука беа и Круз, Камбијасо, Занети, Маикон, Цезар, плус доста мечеви од вториот дел од сезоната Интер ги одигра без Ибра кој беше повреден.
Стојам на тоа дека Интер не е тим кој зависи од 1 играч зашто не е тим кој ја базира играта на само 1 човек иако како што кажав и претходно Ибра се покажа како клучен за успесите на Интер последниве неколку години вклучувајки ја и оваа.

п.с. Камо среќа да имаа играч врз кој ке ја градат својата игра и преку кого ке започнува секоја акција, играч кој ке дава течност, динамика и креативност во играта. Нормално, станува збор за плеј во средината а тоа моментално Интер го нема/л последниве 10 години затоа и не би било толку страшно доколку Ибра се повреди, не би била толкава празнината во тимот колку што на пример би била истата во Манчестер без Роналдо или Милан без Кака . :toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom