Во продолжение ќе ги постирам изјавите на неколку фудбалери
После победата над Плермо еве изјави на неколку играчи: Ibrahimovć, Walter Samuel, Sulley Muntari i Jose Mourinho.
Ibrahimovć: “Навистина сум задоволен. Ја победивме една силна екипа, која играше на домашен терен, која игра одличен фудбал. Вечерва забив два одлични гола. Во последно време на тренинзите вежбав слободни удари.” На прашањето во споредба со постгнатите голови против Парма, еве што одговори: “Овие беа многу важни два гола, затоа што ни беа многу важни трите бода, за да останеме на самиот врв, но тие два со Парма ни го донесоа Scudetto, па неможе така да се споредуваат.” Со Јувентус имате натпревар за одлука? “Не, тоа навистина е важен натпревар, кој мораме да го добиеме, ако повторно ја сакаме титулата. Но треба да добиеме уште многу натпревари. Јувентус заостанува само три бода зад нами, се уште може да се случи, првенството е долго.” Запрашан за златната топка еве одговор: “Не, јас упорно работам секој ден, за што повеќе да напредувам. Но, златната топка секогаш не ја добива најдобриот”
Walter Samuel пред три дена по трет пат стана татко. Му се роди Francisco: “Оваа победа му ја посветувам нему и на целото мое семејство. Победивме трет пат по ред, а тоа ни ја овозможи првата позиција. Јас бев малку несигурен, затоа што сеуште несум 100% подготвен.” На прашањето дали оваа е најакиот Интер: “Неможам да направам споредба со претходните години. Многу се зборува за Интер, не критикуваат, но ние поново покажавме голема желба за победа. А тоа е најбитното. Кој и да излезе на терен , сите имаме доверба во нив . На крај се осврна на колегата Кордоба: “Жалам што нема да биде на натпреварот со Јувентус. Знам колкава желба имаше да игра против нив. Тоа ќе биде многу важен натпревар, кој сепак нема да биде одлучувачки, затоа што е многу рано до крајот на првенството.”
Sulley Muntari: “Тренерот ми ја даде задачата да го спречам нивниот плејмејкер, Ливерани. Несмеев да му дозволам да ги разигра на неговите соиграчи. Веќе навикнав на такви улоги, а кога имаш вакви соиграчи , лесно е да играш на било која позиција и улога. Игравме одлично од првата минута , иако до головите беше многу тешко, затоа што беа многу затворени. А тогаш Ибра постигна гол. Тој според мене треба да ја добие златната топка. Кога јас би гласал , својот глас би го дал занего. Комплетен играч, знае и умее све во фудбалската игра.”
Изјава на тренерот Mourinho : “Во првото полувреме не игравме како што сакавме. Затоа сепак небевме ние виновни, затоа што добро играше и Палермо. Тие беа одлична екипа, со голем дух,и сјајна публика, која ги бодреше. Ни создаваа многу потешкотии, а ние само еднаш се заканивме преку соло акција на Ибрахимовиќ. Нашите лини беа предалеку една од друга, па така одбрамбената линија беше претерано одалечена од нападот. На полувремето се договоривме како можеме да го добиеме овој натпревар. Па така второто полувреме беше навистина прекрасно, и јас самиот бев импресиониран. Задоволен сум од Мунтари кој не играше на својата позиција, но сепак го скроти на Ливерани. Прикажавме добар натпревар, па сега можеме да бидеме спокојни неколку денови до натпреварот со Јувентус. Се плашам за во Среда кога многу играчи ќе играат за репрезентациите. па не би сакал да се случи нешто непредвидено, да се повреди некој од играчите. Во сабота нема да го имаме Кордоба, но тука се Бурдисо и Матераци, кој нема да биде со репрезентацијата на италија. Кварезма ќе биде одморен цела недела, кој вероватно ќе игра во дербито. За ибрахимовиќ малку на шега: Вие новинарите ми рековте да го одморам за овој натпревар. Сакам да го добиам натпреварот со Панатинаикос и тогаш Ибра сигурно нема да игра против Вердер. Но тој постигнува само прекрасни голови, но никогаш едноставни. Но сега сакам и едноставни голови да постигнува. Заслужува ли златан, златна топка. „Не ја добиваат секогаш најдобрите, тоа е како преседателските избори во Америка, потребна вие и добра кампања. За натпреварот со Јувентус. “Во ноември ниту една утакмица неможе да биде решавачка, но ќе биде убав натпревар, затоа што е дерби на Италија. Подобро е да играме со нив после седум победи во низа, отколку седум порази во низа.