Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
можеби дечкото не знае што збори но за ова ти грешиш, станува збор за 3-то светско дерби во светот
Не сакам да го потценувам дербито, како и секое градско дерби е посебно. Но има многу поголеми дерби натпревари од римското.

Само во Италија многу поголеми дерби натпревари се Интер - Милан, Интер - Јуве и Милан - Јуве.

Не можам а и не мора да барам линкови за тоа, секој може тоа да го види. Клубови со најголема традиција кои скоро секоја сезона се главни фаворити за титула.

Рома - Лацио е трето и тоа градско дерби во Италија после Милан - Интер и Торино - Јуве. А за трето светско дерби во забуна си :)
 
Можеби мислеше на трето градско дерби во светот ама и тука има доста:

Интер - Милан, Реал - Атлетико, Ренџерс - Селтик, Бока Јуниорс - Ривер Плата, Национал - Пењарол, Бешикташ-Галатасарај-Фенербахче итн... На повидок е уште едно големо дерби помеѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, со оглед на тоа дека расте помалиот клуб од Манчестер.
 
Ги заборави тука Бразилците,потоа Ајакс-Псв,Ајакс-Феенорд,Партизан-Звезда,Динамо Загреб-Хајдук и ред други дербиња низ светов...а како прво и најако дерби во светот,се знае Бока Јуниорс-Ривер Плата :)
 
Ги заборави тука Бразилците,потоа Ајакс-Псв,Ајакс-Феенорд

Немој со вакви киксови друг пат :)

Ajакс е од Амстердам, ПСВ од Ајндховен а Феенорд e oд Ротердам. :)

p.s. Да додадам, дека овие први ми паднаа во очи, и Динамо Загреб ебаго, Хајдук е од Сплит.
 
Ги заборави тука Бразилците,потоа Ајакс-Псв,Ајакс-Феенорд,Партизан-Звезда,Динамо Загреб-Хајдук и ред други дербиња низ светов...а како прво и најако дерби во светот,се знае Бока Јуниорс-Ривер Плата :)
Just stick to the italian league, mhm ok?
 
Немој со вакви киксови друг пат :)

Ajакс е од Амстердам, ПСВ од Ајндховен а Феенорд e oд Ротердам. :)

Syn не мислев за градско дерби за најако дерби во светот мислев и мегу најаките капиш :smir:
 
Mуабетот беше за градските дербиња, друг пат потенцирај мајкуму :).
 
Mуабетот беше за градските дербиња, друг пат потенцирај мајкуму :).

Моја грешка бе не се нервирај мајку му :)

btw во едно списание читав за најголемите градски дербиња во светов и Лацио-Рома како што се секавам не беше на трето место,малку подоле беше...а вака беше редоследот

Бока Јуниорс-Ривер Плата

Интер-Милан

Селтик-Ренџерс

Партизан-Звезда

Лацио-Рома

Фенер-Галата

Спортинг-Бенфика

ЦСКА Софија-Левски

Џенова-Сампдорија

Торино-ЈуБе
 
Можеби мислеше на трето градско дерби во светот ама и тука има доста:

Интер - Милан, Реал - Атлетико, Ренџерс - Селтик, Бока Јуниорс - Ривер Плата, Национал - Пењарол, Бешикташ-Галатасарај-Фенербахче итн... На повидок е уште едно големо дерби помеѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, со оглед на тоа дека расте помалиот клуб од Манчестер.
Вардар - Работнички,Победа - Еданајсти октомври, , Стрелци - Младост (Овие опшчина тополчани се, се важи:baeh:) и уште еден куп други....дај не драпај мадина :) Од овие сите што ги наброи, можам да се согласам само за Интер - Милан и Бока - Ривер Плата, Лацио - Рома дури и пред Ривер - Бока би го ставил.

Ај сеа за Интер да кажам. Утре е клучната утакмица за цела сезона.Ама и да ја поминиме групата, наречете ме песимист, негативец или како сакате, ама ако гледам објективно, не-навивачки, мислам дека немаме сили за највисок дострел во ЛШ. Еве гледате дека кога го нема Шнајдер сме далеку подруг тим. И плус, видовте на утакмицата со Барса, кога играме битна, и утакмица со јак противник, ни се треса ноженцата. Едиствена шанса гледам во тоа да дојди Пандев, па после да не е толку страшно кога (недај Господ) би се повредил Шнајдер.
За во Италија, мора да бидиме претпазливи, и максимално сконцентрирани. До вчера можи си ги ладевме мадината, ама сега стојат поинаку работиве. Во две кола можат да се сменат работите драстично, уште не е ништо готово.
Нема никој да биди крив, доколку останиме годинава само со Сериа А, напротив јас ќе бидам многу задоволен., имајќи во предвид дека пола тим ни е нов. Е сега ако размислувам за в година, тогаш Мурињо нема да има ама баш никаков простор за извинувања. Доколку јас би бирал, би се ослободил од еден куп играчи, како Суазо, Манчини, Куарезма, Мунтари, Виера (истите што ги неќев и за годинава) плус да се активира повратната карта од Арнаутович.
А за в година би сакал овај тим да го имаме:
Цезар
Толдо
Орландони
Кордоба
Матераци
Лусио
Чиву
Самуел
Мајкон
Сантон
Занети
Камбијасо
Станкович
Мота
Крхин
Шнајдер
Кутињо(овај иди в лето, као доста надежен е)
Ето
Милито
Балотели
(значи овие од тие што ги имаме сега, а сакам да дојдат)
Пандев(јануари)
Хамшик ( в лето)
еден централен одбрамбен млад

Ете му 23 ца на Мурињо со кој што ќе нема никаков простор за извинување в година.:toe:
И сеа шо би рекол Ми40, 4@0 поздравете си подома :)
 
Вардар - Работнички,Победа - Еданајсти октомври, , Стрелци - Младост (Овие опшчина тополчани се, се важи:baeh:) и уште еден куп други....дај не драпај мадина :) Од овие сите што ги наброи, можам да се согласам само за Интер - Милан и Бока - Ривер Плата, Лацио - Рома дури и пред Ривер - Бока би го ставил.

Ја само напишав кои дерби натпревари му прават конкуренција на дотичното и не заебавај, Рома и Лацио можат да им се фатат на Бока и Ривер Плата за дербито. Не можат со тоа дерби ни во навивачи, атмосфера, нити пак во успеси можат да се мерат со овие две екипи а богами и квалитетот веќе им е дискутабилен.

Инаку се зависи и од критериумите по кои се бира дербито, дали е пресуден моменталниот квалитет или традицијата, навивањето итн... пошто се кладам дека Ренџерс - Селтик е дерби со поголема традиција, Турските дерби средби се лудница а Национал - Пењарол е најлудото дерби на светов и трае од 19 век па до денес. Се случувале упади на навивачи на терен, масовни тепачки на двете екипи, натпревари со 20 црвени картони, натпревари после кои по месец дена фудбалери лежеле во затвор итн...

Заеби Рома - Лацио. Многу се мирни :)
 
абе јас така имам прочитано дека е трето:toe: и кога се гледа големината на дербито не се гледа само јачината на клубовите, туку и начонот на кој фановите се понашаат на трибините како го доживуваат тој настан и ред други работи, па така да не гледам причина зошто да не е трето градско дерби во светот, верувајте од вашето со Милан е подобро... али ај да не ве замарам... утре вие имате големо "дерби" со Казан па ви посакувам среќа, не ја брукајте Италија :)
 
@Dee Jay

Натпреварот е задутре. :wink:

Инаку што се однесува до Лигата на шампионите ова натпреварување е многу непредвидливо каде што влијаат многу фактори. Февруари е далеку а до тогаш можат да се случат многу работи. Се работи за темпирање на формата, срека во поглед на повредени играчи, форма на клучните играчи, казни и сл...

Среката е исто така голем фактор. Ждребот е и тоа како важна коцка која треба да се вклопи во мозаикот за успех. Јес да доколку сакаме да освоиме треба сите да ги победиме но сите посакуваат полесен противник во првото коло од понатамошната фаза.

Еве како пример земи го Ливерпул кога освои. Пласман за понатаму извадија во последните минути со Олимпијакос за да подоцна им се насмее среката со не така тешки противници и темпирање на формата за завршниот дел од сезоната. Менталитетот на играчите исто така е важен дел од таа приказна и се дур се склопи со мала срека, воала, имаме успех.

За Снајдер и се околу него, факт е дека ни фали уште еден од негов профил. Пандев е одлично засилување на негово место, а уште еден играч од среден ред би дошол добро. Хамшик е слободен за ЛШ исто како и Пандев. Кандрева или компанија исто така би го освежиле средниот ред. Со Снајдер сме далеку поконкуренти, па малку срека и за него и помалце повреди би виделе многу подобар Интер.

Малку измени и од Мурињо како Кварезма и Балотели по некогаш во прв состав, комбинирање на некоја понагачка стратегија за ЛШ бидејки ЛШ и Сериа А се тотално различни натпреварување. 4-3-1-2 гледаме дека не функционира толку добро и во ЛШ како во Сериа А, па со Кварезма и Балотели мегу првите 11, со помалку деструктивци во среден ред, и со понапагачки ориентиран лев бек би биле многу поконкурентни.

Секако, сето ова се мои претпоставки за кои и Мурињо можеби не мисли така.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom