Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Не ја гледав, ама по коментариве многу се радувам.

Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
 
По завршувањето на натпреварот Педро, Фабрегас, Лофтус и уште неколкумина имале доста интензивен тренинг :pos:
Нема лесна плата сезонава за никој
 
Секогаш после натпревар тренираат тие кои не биле стартери.
 
Првпат после една година да изгледам меч на Челзи со уживање.
Вечерва изгледаа како вистински тим, одиграа колективно многу добар фудбал.

Позитивностите кои ги забележувам во повеќе сегменти на играта, ме прават невообичаено оптимистичен за оваа, но и за следните сезони.

Со тек на време, особено ако Конте за релативно краток период освои некоја титула, мислам дека може да стане и пообожуван лик од Мурињо.
Човеков е магија.


 
Последно уредено:
Јас сум задоволен. Има уште работење за Конте со тимот, но она што ме радува е дека кога излегоа на терен, од старт почнаа да гризаат.
Па, од Конте сакам да им го смени менталниот склоп, да ги направи војска, да плукаат крв на терен.
 
До кога ќе играме Стемфорд сум заборавил, кога требаше да почне проширување а ние да се префрлиме на рагби стадионот?
 
Секогаш после натпревар тренираат тие кои не биле стартери.
Па не баш, ако Конте не е задоволен со учинок или резултат или недај боже ако изгубт одма после натпревар тренират кај него :D Кај Јуве 5-6 пати така напрај :)
 
Па не баш, ако Конте не е задоволен со учинок или резултат или недај боже ако изгубт одма после натпревар тренират кај него :D Кај Јуве 5-6 пати така напрај :)
Секој што не добил шанса или добил мала минутажа на утакмицата одма по завршувањето имаат кондиционен тренинг.
Не измислил Конте топла вода.
 
Секој што не добил шанса или добил мала минутажа на утакмицата одма по завршувањето имаат кондиционен тренинг.
Не измислил Конте топла вода.
Абре во Јуве првотимците после завршен меч имаја двоен тренинг кгоа ја врзавме онаа серија од нерешени првата сезона и во втората ко јадовме пораз од не ми текнува која екипа не надиграја или па нерешено беше нешто. Знам дека кој не добил шанса или минутажа има кондиционен тренинг не гледам од вчера фудбал ебаго.
 
Прво да го пофалам Кехил. Изигра одлична утакмица, цело време го добиваше Керол во воздушни дуели и имаше одлични излети кога требаше да пресече топка.
За натпреварот немам збор максимална оценка заслужи.

Вака од натпреварот сум задоволен од тоа дека покажавме желба, мотив, страст за победа. Не бевме летаргични и мрзливи како лани. Цело време ја контролиравме утакмицата ама се уште не пратат тие лузерски моменти кои ги имаме скоро па на секоја утакмица. Баш и на тоа си помислив накај 75 мин, си викам бачко до крај ќе примиме еден 100% си ги имаме тие моменти за примање на глупи голови.

Не сум задоволен што не тргнавме поагресивно за втор гол, имаше некои добри 10-тина минути во второ каде што Вест Хем беше тотално убиен, да тргневме поагилно ќе им закачевме втор гол и ќе си имавме мирна завршница... Вака многу лесно можевме да останеме со 1 бодче.

Искрено да кажам јас не гледам некој голем напредок во играта, туку само поголема мотивација и желба на играчите... Се уште имаме слаба завршница на акциите и вишок на потези.
Но ајде да не серам се уште е рано, нов менаџер нови идеи и филозофии така да за почеток е добро.

Хазард супер... незнам што читам тука на темава и во премиер лига дека бил слаб...
Му фали конкретност во завршување на акции, како пр. Махрез што има... сегмент на игра на кој мора да проработи... инаку кога тргне во продор нема шанса да се стопира единствено решение е фаул.
Константно бараше да биде укључен во игра, нонстоп превземаше одговорност тоа е тоа што се бараше од него, голови и асистенции ќе стигнат.

Коста и Канте многу лесно можеа да бидат искључени... поштувам агресивност кога треба да се врати поседот... но мора да се користи и памет кога се влегува во дуели.
Имаш жолт картон мора да пазиш наредн пат како влегуваш во дуел. Имавме голема среќа што останавме во 11 играчи...

За мене беше 2 жолт за Коста гледано од страна на правила за фудбалот.
Инаку немаше намера да му влета со крампон во нога, стартот беше рефлексен Адриан загуби контрола на топката и тука настапува рефлексот од противнички играч кој резултира со клизачи...
Е сга противникот можеше да биде Ибрахимович, Агуеро, Коста, Суарез... за секој од 4-рицата ќе се дадеше различен коментар за истиот старт... а коментарот ќе биде базиран на тоа каков карактер има играчот... а знаеме каков впечаток има Коста кај јавноста и како на неговите обични стартови се коментира па како за другите иако имало ситуации каде истите стартови ги прави друг играч... а поминуваат со позитивни критики.
Првиот жолт беше престрог и за Канте и за Коста... првиот направи фаул кој му беше прв и беше на средината на теренот а противникот не беше во контра.
Коста доби жолт поради приговор... јбг по нови правила заслужен... но Коста е таков темпрамент.
Зависи тука како гледаш на работите... за мене е глупо правило... спорт е а спорт без нервоза и истурање на истата не е тоа тоа...
Мислам дека нема човек кој не опцул или се развикал за време додека игра фудбал или гледа натпревар.


тоа е тоа ај да не цепидлачам многу :D
 
Прерано е за позитивни и негативни заклучоци, играта ќе се подобрува и во тоа сум сигурен. Конте не е тренер кој што после тешка победа е задоволен, тој всушност и 4-0 да победат пак ќе изјави дека има простор за подобрување и дека мора да се поработи на повеќе аспекти. Слушнав дел од изјавата и го рече тоа што го очекував, дека од перформансот е задоволен, ама мора да се подобрат. И на тоа мислам дека ќе се работи, како прво на пазарот за да се покрие оваа млитава задна линија, каде што освен Аина немаа никој на клупата, а како второ мислам дека ќе се работи на самодовербата на играчите, која што после минатата сезона е падната.

Нареден е Ватфорд како што гледам, нема лесен меч во лигата и мора да се пристапи максимално сериозно. Сепак победата денеска малку ја олеснува задачата, односно мислам дека ќе го намали притисокот за наредните мечеви.
 
Против нас следната а?
Спремајте се, следи тешка на Vicarage Road.
 
Донев моуд он:А да го вратиме Мурињо? Он 3-1 тепаше ние само 2-1 hehe

А иначе сериозно сеа... со ладни глави...вака глеам ептен позитивно мислење сегде во темава....ама реално ова е Конте ефект, и сите се надежни на нов почеток и се тоа...после некое време ќе истече novelty-то на нов тренер а со тоа и позитивната енергија ќе треба д асе одржува само со добри резултати. А ние баш и неаме ептен јак ростер на играчи за ова да го одржиме.. Без разлика колку е добар Конте без уште некој играч тешко дека ова ќе биде многу јака сезона..

Се надевам само дека ќе ротира играчи почесто бидејќи играчиве се гледа дека сите сакаат да го импресионираат особено фаци ко Педро и Мозес што знаат дека ете не би биле стандардни освен ако не одиграат добро.

Како и да е добар старт на сезонава, добра атмосфера (што е клуч, за разлика од лани), солидна игра, влева простор за надеж. Е сеа одбраната ни е стварно отепана ама старци се, толкава им е силата сеа то е....Зоума ко ќе се врати хоупфули малце посигурни ќе бидеме.

Да не заборавиме дека многу лесно можеше ова нерешено да заврши па тешко дека слични постови ќе имаше у темава.

Ама па од друга страна лани муштерии им бевме на Вест Хем така да..

Следната стварно ќе ни биде битна пошто со екипи ко Вотфорд (стоук,мидлзброу етц.) ќе бидат клучни мечеви за нас сезонава.

Али од ова шо го видов очекувам победи се до паузата за репрезентации па после тоа видиќемо.

ВАМОС!
 
Фабрегас ќе сме го давале во Јуве... најново стори за билдање на читаност во медиумите.

Заборавив вчера да пишам, замерка ми е и тоа што не направи некоја замена порано.
пр. Да го внесеше Фабрегас на местото на Оскар или Педро/Мозес на местото на Вилиан.

Вест Хем со влегувањето на Пајет, доби на брзина и свежина... требаше и ние да одговориме на ист начин.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom