Прво да го пофалам Кехил. Изигра одлична утакмица, цело време го добиваше Керол во воздушни дуели и имаше одлични излети кога требаше да пресече топка.
За натпреварот немам збор максимална оценка заслужи.
Вака од натпреварот сум задоволен од тоа дека покажавме желба, мотив, страст за победа. Не бевме летаргични и мрзливи како лани. Цело време ја контролиравме утакмицата ама се уште не пратат тие лузерски моменти кои ги имаме скоро па на секоја утакмица. Баш и на тоа си помислив накај 75 мин, си викам бачко до крај ќе примиме еден 100% си ги имаме тие моменти за примање на глупи голови.
Не сум задоволен што не тргнавме поагресивно за втор гол, имаше некои добри 10-тина минути во второ каде што Вест Хем беше тотално убиен, да тргневме поагилно ќе им закачевме втор гол и ќе си имавме мирна завршница... Вака многу лесно можевме да останеме со 1 бодче.
Искрено да кажам јас не гледам некој голем напредок во играта, туку само поголема мотивација и желба на играчите... Се уште имаме слаба завршница на акциите и вишок на потези.
Но ајде да не серам се уште е рано, нов менаџер нови идеи и филозофии така да за почеток е добро.
Хазард супер... незнам што читам тука на темава и во премиер лига дека бил слаб...
Му фали конкретност во завршување на акции, како пр. Махрез што има... сегмент на игра на кој мора да проработи... инаку кога тргне во продор нема шанса да се стопира единствено решение е фаул.
Константно бараше да биде укључен во игра, нонстоп превземаше одговорност тоа е тоа што се бараше од него, голови и асистенции ќе стигнат.
Коста и Канте многу лесно можеа да бидат искључени... поштувам агресивност кога треба да се врати поседот... но мора да се користи и памет кога се влегува во дуели.
Имаш жолт картон мора да пазиш наредн пат како влегуваш во дуел. Имавме голема среќа што останавме во 11 играчи...
За мене беше 2 жолт за Коста гледано од страна на правила за фудбалот.
Инаку немаше намера да му влета со крампон во нога, стартот беше рефлексен Адриан загуби контрола на топката и тука настапува рефлексот од противнички играч кој резултира со клизачи...
Е сга противникот можеше да биде Ибрахимович, Агуеро, Коста, Суарез... за секој од 4-рицата ќе се дадеше различен коментар за истиот старт... а коментарот ќе биде базиран на тоа каков карактер има играчот... а знаеме каков впечаток има Коста кај јавноста и како на неговите обични стартови се коментира па како за другите иако имало ситуации каде истите стартови ги прави друг играч... а поминуваат со позитивни критики.
Првиот жолт беше престрог и за Канте и за Коста... првиот направи фаул кој му беше прв и беше на средината на теренот а противникот не беше во контра.
Коста доби жолт поради приговор... јбг по нови правила заслужен... но Коста е таков темпрамент.
Зависи тука како гледаш на работите... за мене е глупо правило... спорт е а спорт без нервоза и истурање на истата не е тоа тоа...
Мислам дека нема човек кој не опцул или се развикал за време додека игра фудбал или гледа натпревар.
тоа е тоа ај да не цепидлачам многу
