Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Само што го видов интервјуто на крајот од натпреварот со Хазард и Тери. Хазард, според говорот на телото, не само по тоа што изјави, се гледа дека сака да игра на високо ниво оваа сезона и гладен е за успех. Се чувствува фрустриран за изминатата сезона, кога одговараше на тие прашања, сезонава изгледа мотивиран и среќен што игра во тимот.

Тери капитенски ладен меѓутоа и нему доста му пречи дебаклот од изминатата сезона.

Мечот беше одличен, само мора повеќе да се шутира на голот, не да се форсира игра ко Арсенал и само да се врти топката пред голот.
 
Фабрегас не ни беше на клупа за да го внесе. :D
Пропуштив да го видам делот каде беа почетните состави, на резултати и на официјалната во протоколот пишува дека е на клупа... по тоа се водев.
 
Јас сум задоволен. Има уште работење за Конте со тимот, но она што ме радува е дека кога излегоа на терен, од старт почнаа да гризаат.
Па, од Конте сакам да им го смени менталниот склоп, да ги направи војска, да плукаат крв на терен.
Во ова да бидиш сигурен дека ќе биде така. Конте можеби понекогаш греши во тактиката и за некои работи е тврдоглав, ама во тим што го тренира тој, нема шанси да видиш играч што го мрзи да трча, и што не се залага.

Кога беше во Јуве, против Милан, на полувреме губеа 1-0 Јувентус. Во соблекувалната шкафовите им ги туркал на играчите и им велел пеш до Торино ќе одат ако не победат на натпреварот.
 
Тимската игра како никогаш досега, Оскар и Вилиан најслаби алки, жалосно ако не земи ништо и да очекува на нив цела сезона.
 
Тимската игра како никогаш досега, Оскар и Вилиан најслаби алки, жалосно ако не земи ништо и да очекува на нив цела сезона.
Вилиан слаба алка? Пријателе што гледаш ти може да ми објасниш?
 
Тимската игра како никогаш досега, Оскар и Вилиан најслаби алки, жалосно ако не земи ништо и да очекува на нив цела сезона.
Оскар и Вилиан беа најдобри прво полувреме, малце паднаа во второ али сепак една од најдобри утакмици на Оскар, страшно комибинираа.
Следен пат гледај ја утакмицата па коментирај.
 
Секоја чест за борбеноста на двајцата, ама Челзи беше опасен само по страната на Азар. Коста не се сеќавам дека влезе во шанса, а тие двајца треба да бидат главни креативци (особено Оскар). Се сеќавам дека Вилиан во првата сезона беше страшно неконстантен, а минатата се наметна во ситуација кога никој не играше на потребното ниво. Сепак, се надевам дека вие сте во право и дека имав лоша констатација за вчера.
 
Кога беше во Јуве, против Милан, на полувреме губеа 1-0 Јувентус. Во соблекувалната шкафовите им ги туркал на играчите и им велел пеш до Торино ќе одат ако не победат на натпреварот.
Џабе приказнава шо ни ја кажа ако не победиле на крај :D :D
 
Кулибали е наш, Наполи го договориле Максимовиќ од Торино, се чекало првин на Торино да земе замена за овај па да им го пуштат Максимовиќ. Конечно бидна и трансферов.
Вака на прв поглед ми изгледа како Мангала 2.0 дај боже да грешам.
 
Кулибали да ни биде најскап трансфер во историја :popce::popce::popce::popce::popce:

Кај забега светов човече.....

Шо би рекол Донев време е да се вратиме у камено доба, пралуѓето први го потегнаа чекорот кон еволуцијата, пралуѓето и би можеле да не вратат на прав пат..

60м фунти не вреди Ибра, Кулибали ќе вредел :popce::popce:
 
Може нема долго да ни биде он најскапиот играч :X3:

Како што реков, ако Конте смета дека он е идеалниот играч кој му треба за во одбрана, нека дадат колку што е потребно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom