Значи да почнам од почеток, се додека ми трае еуфоријата...
Легнав у 7 и пол сабајле, станав у 2 на пладне. Прво на памет ми падна утакмицата. Како и да е, едно време, посебно пред вакви дербиња сон не ме фаќаше, па и од кога ќе заспав, ги сонував цело време, едноставно бев опседнат со Челзи. Не дека не сум и сега, но сепак тогаш, ради годините и средношколските времиња, едноставно на моменти ти е поважен омилениот клуб, па потоа оценката по математика.
Си кулирав денеска по дома, музика, ова - она...без самиот да си правам притисок пред утакмциата, но само едно се двоумев цело време. Дали да ја гледам утакмицата некаде надвор од дома или пак дома, сам у соба(ова го практикувам секогаш за време на дербиња). Мразам кога Челзи губи, и татко ми ќе дотрча од другата соба, демек да види колку е резултатот, а усвари ја гледа утакмицата во другата соба.

И решив некако, ме убедија другарите, го одбравме и кафичот, седнавме, баш пред големиот видео бим, па за наше изненадувње пуштија и глас. Порачав пивце, дабче.
Почна утакмицата, и уште не седнат што се вели, почетничка грешка...колку да ме облие топла пот, и да си соблечам палтото. Сепак како што минуваа минутите, започнувавме да играме, па во многу наврати и доминиравме во првото полувреме. Стативата, најголем наш противник денес. Можевме уште рано да поведеме, после контрата 4 на 1 но за нивна среќа како што пишав и пред некој ден, го имаме нај не интелигентниот фудбалер во лигата, погодувате, Рамче. Најслаб поедниец од кај нас денеска. Грешки еден куп.
Заврши полувремето, водиме 0-1 но како што минуваше времето се повеќе и повеќе срцето ми лупаше. Возбуден 100%, а до мене и другар ми ватрен навивач на Ман У, а уште по ватрен хејтер на нашава екипа. И ми матеше вода после утакмица како Челзи не заслужиле да победат, како Челзи не ги надиграле Сити, туку Сити не биле на ниво денеска. Ама тоа е. Од повеќето од нив кои го познавам, пола, гарантирам, неможат 11 играчи да набројат од клубот. Ама ајде, тоа е веќе друга тема на муабет.
Почна и 2 полувреме, порачав и уште едно дабче...стативи, шанси и на двете страни, ама ова беше УТАКМИЦА во секоја смисла на зборот. Ова беше утакмица каде дури и најголемите ХЕЈТЕРИ на Челзи и Мурињо, би им прижеле рака, за надигрувањето денес. Чисто онака, да видат, и се свестат кој е кој...како што пишав и пред некој ден, дека ако некој е способен да победи на Етихад, се знае кој е тој, и која ќе биде причината за тоа. МУРИЊО
Да истканам уште една работа. Кејхил беше предводник на одбраната на Болтон, а веќе е предводник и на одбраната на Челзи. Штопер од светска класа. Капа доле. Срце на терен остава, налик на Тери.
Ќе биде не фер ако не ги истакнам и сите други но сепак, свака част, оставија срце на терен, секој својата задача ја вршеше без прекорно, но не знам што се им кажал ако е вистина, секако, овој масерот, но нека продолжи со говорите, очигледно му оди, мотивација на топ ниво.
Заврши и утакмицата, победивме, иако последните неколку минути ги преживував како саати, сепак ПОБЕДИВМЕ. Победи арогантниот, изгубениот, човекот со среќна ѕвезда, човекот кој направи назад чекор во кариерата што се врати таму кај што и припаѓа, човекот кој освен автобус, не знае друго да паркира пред гол, човекот кој на среќа стана тоа што е и денес...да Хејтери...баш така, човекот кој допрва ќе доминира во европа...
Оваа победа не е само победа и 3 бода, обаа победа покажа на виделина многу нешта. Како прво не врати во игра за титулата, како второ покажа која екипа го има нај добриот тренер во фудбалот моментално, покажа исто дека Челзи допрва пушта корени на европската фудбалска сцена, го победивме "големиот" Сити, кој ја торпедираше секоја екипа, посебно на Етихадот, и тоа без примен гол.
Сепак да не летаме во облаци, допрва почнува тешкото, иако можеби ова ни е/беше најтешкиот тест сезоната во ПЛ, допрва ќе видиме до каде сме стигнати и колку сме кадарни.
Постот можеби и пристрасно изгледа, но сепак емоциите преовладуваа...
Благодарам за вниманието.

Сега приметив колку сум се запишал...
