Кај сте бе друштво, ве запоставив... Се нема време
Конечно заврши трансфер периодот.
Мислам дека требаше да ни биде приоритет напаѓач за овој месец, ама ништо од тоа.
На лето сигурно ќе се земе некое звучно име, само кој ќе се нервира уште 6 месеци.
Едно сумирање за периодов :
Дојдоа: Салах (крило), Матич (дм), Траоре (крило), Зоума (халф)
вк. +/- 40 мил фунти
Отидоа: Мата, Брујн, Есиен перманентно
позначајни позајм Какута (Лацио), Траоре (Витесе), Чалоба, Омеру (Мидлзборо), Бамфорд (Дерби), Мекехрен (Виган)...
Забелешка ми е за Валас мораше да се повлече од Интер, скоро па да не добива минутажа, а ако не игра нема никаква поента позајмица, подобро нека седи кај нас.
Пропуст на управата.
Ромеу и Марин се добри имаат стандардни места, незнам какви игри покажуваат ама барем имаат прво тимски статус.
За трансфериве нема да коментирам ништо, Золума и Салах ги немам гледано, ама штом ги бара пола Европа мора да имаат некои квалитети.
Матич сигурен сум дека за месец дена ќе ни биде клучна алка во тимот.
Одличен играч сличен на Микел, само огромна предност е што има храброст за пас игра. Далеку е повеќе расположен за пас игра и подобра техника.
Во некои мометни има исто размислување како Лампард, исто позиционирање и визија за пас игра.
За позајмициве
На Какута му добравме добар клуб, и мислам дека треба да го дадеме перманетно. За Челзи нема квалитет, ќе видиме како ќе се покаже во Лацио, ако избори прво тимски статус нека му е со среќа, ќе има шанса да си ја оживее кариерата колку толку.
Банфорд растура, во Мк Донс даваше голови скоро на секоја утакмица, ама беа ранг подоле.
Продолжи со гол серија и во Дерви.
Не ми е јасно од кај се појави, минатата сезона го немаше во младинскиот погон.
Паметно што го повлекоа Мекхерен од Ватфорд, е сега гледам дека и во Виган е во втор план влегува последни 20-тина мин ама ајде можеби за тоа што се уште не е уигран.
Факт е дека стагнира со развивањето, ако продолжи вака го чека ситуација исто како со Какута.
