Со ладна глава сега збор два околу Класико.
Многу лош пристап уште на стартот на натпреварот. Реал ја доби играта која ја посакуваше, ние бевме тотално дезорентирани во првото полувреме. Катастрофални грешки на одбраната на чело со Гарсиа. Доколку Лева погодеше пола метар пред гол, доколку судијата го досудеше чистиот пенал над Лева, сега ќе правевме друг муабет. Изгубени 3 бода на Бернабе, прв пораз на Чави во Ла Лига на гостински терен од кога го превзема кормилото, но мора да се продолжи со исправена глава. Да, болат овие порази и лоши резултати со Интер и Реал, но мора да продолжиме и да излеземе што побргу од оваа серија, веќе со Виљареал. Предстојат тешки натпревари.
Доколку Араухо и Кристенсен беа фит ( немаше да игра ниту Гарсија ниту Роберто) ќе беше друга приказната.
И да не заборавајте во каква ситуација беше клубот пред активирањето на финансиските полуги. Овој тим е во фаза на градење, не можеме преку ноќ да очекуваме чуда. Јас потполно верувам во Чави и ја има мојата комплетна подршка.
Тешко ни се пишува, на лето пак правилото 1:4 ќе важи за нас. А ни фали пола тим шпиц, креативен везен, заден везен, лев бек, десен бек и штопер.
Налето договорите истекуваат на Бускетс ,Роберто, Алонсо и Белерин, Пике и Алба имаат до 2024. Е сега на големо се шпекулира дека и Пике споразумски ќе го непушти клубот. Останува само Алба и мислам дека и него ќе го решат. Тоа значи огромно олеснување во платниот буџет и без проблем доведување на засилувања.
