Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Кои се тие играчи што имаат освоено се освен Левандовски и Бускетс? Алба не ни играше, не го рачунам него.

Од другите играчи двајца нема што имаат освоено титула негде (така иде зборот) и генерално гледано ова е сосема нов тим на Барса кој допрва треба да расте и да учи од грешките. На страна фактот што пола и више од играчите не се за во Барса и се фрлени огромни пари во вода, особено за скапаници како Рафиња и Дембеле.
Бускетс и Пиќе, на нив двајца мислам... во сите дуели они беа стартери кај што кога примиме еден гол се посеруваат... Рома, Ливерпул... а вчера беа најголеми виновници.

Ама ако му е на Чави.
 
Што да се каже после и овогодинашната бламажа во ЛШ. Нема никакво оправдување после 2та натпревари со Интер, Интер кој е полумртов сезонава. Многу тешко дека можат да се обрнат работите во ЛШ, сега ништо не зависи повеќе од нас, а Интер нема шанси да си дозволи лапсуз. За мене е завршена приказна сезонава во ЛШ. Чиста кривица има Чави за овие дуели. Ајде играњето на Пике и Роберто го разбирам поради баксузните повреди на Араухо, Кунде и Кристенсен кои се десија баш во најлош момент, и тие немаше шанси да го видат зелениот терен доколку немаше повреди, ама играњето на Бускетс пред Де Јонг и играњето на Алонсо пред Балде никако не можам да го разберам. Не ми оде во глава никако. Многу незрели одлуки на Чави и неуспехот во ЛШ оди на негова чиста сметка. Ништо друго не ни останува освен да се посветиме на Ла Лига и Купот, од следната сезона не сакам повеќе да ги гледам Роберто, Пике, Бускетс и Алба во екипата. Го уништуваат клубот како на спортски така и на финансиски план веќе години уназад, фала и за се ама доста е! За Европа лига несакам ни да помислувам.

Да не се разбереме погрешно, не губам верба во Чави после ова, го гледам како долгорочно решение сеуште во овој проект, точно е дека во екипата имаме многу млади играчи со огромен потенцијал и на прав пат сме. Чави мора да согледа на сопствените грешки доколку сака да не лета , да се реши од ,,капитените" засекогаш, затоа што во Барселона нема оправдување после неуспех, особено кога сите трансфер желби ти се исполнети.

Во недела не сакам да ги гледам Бускетс и Алонсо во состав. Се надевам дека Кунде ќе е фит па со тоа и Роберто да ја грее клупата. Во Ел Класико очекувам победа, оптимистички, како и секогаш. Во најголемото дерби никогаш нема фаворит. Кога лани и дадовме 4 комада, а бевме во многу позавидна ситуација од сега, зошто и сега да не ги победиме.
Visca Barca
 
Ако се паметни, Лига Европа треба на првата утакмица да ја пуштат во тоалет. Напрај состав од 17 годишни деца од Барса Б и нека трчат. Огромно одзимање време и концентрација ќе биде ако ја играт.

Оваа сезона ако ништо друго не губиме бодови против малите екипи, има некој континуитет иако паднаа во формата после репрезентативната пауза. Класико како класико секојпат е специфичен меч, али и да го изгубиме нема да е ништо страшно ако продолжат да нижат бодови против ситната боранија.
 
После преодниот рок народски кажано како на ФИФА со играчи донесени по желба на Чави втора година по ред испаѓаме групни фази а Пиќе и Бускетс ако малку имаат почит совест да си ги пакуваат куферите уште од сега нивната етапа заврши на Камп НОу а голема преголема кривица има и Чави.Четири натпревари да освоиш само 4 бода ИЗГОВОРИ НЕМА лоша вечер судиите и останати жалопојки менаџирањето на Чави несакам ни да го споменувам и упорното форсирање на таа негова 3-4-3 а гледа дека катастрофа бекови има и стопери.Зошто е Кеси донесен? КОја е улогата негова? Алонсо јас незнам дали беше стопер или лев бек играше во формацијава (Измеѓу нешто) себичноста на Рафиња и Дембеле (Се замислуваат роналдињо се) и мислат дека можат сами да решат утакмица Феран торес сезонава во некоја депресија во некој длабок сон е навлезен дечкото неможе да се состави со топка Френки НЕ го воопшто гледам како НЕКОЈА замена за Бускетс а до налето може и да замине ПРИМЕДБИ на која Чави требаше/треба да работи п
 
Незнам колку се точни информациите, али Чави наводно изјавил дека можно е пак Бускетс да игра пред Де Јонг утре.

За Бускетс незнам како ќе биде, али сигурен сум дека Фати пак ќе го остави на клупа и ќе стартува со Рафиња.
 
Незнам колку се точни информациите, али Чави наводно изјавил дека можно е пак Бускетс да игра пред Де Јонг утре.

За Бускетс незнам како ќе биде, али сигурен сум дека Фати пак ќе го остави на клупа и ќе стартува со Рафиња.
Баш Бускетс е решението за средината на Реал составена од Камавига, Чуамени и Валверде :D
 
И ти викам, тргнува Винисиус во напад, а јас, Пике, Роберто и Алба сами :D :D :D

Иначе,
Френки де Јонг мора да игра повеќе. Не знам која им е замислата со тоа што не го играат. Ако има врска со финансиите, лошо е што тимот треба да трпи заради глупостите на претходната управа.
Иначе, каков борец е Гави :cuc: секоја чест, како се бори за секоја топка и секогаш е меѓу играчите со најмногу претрчани километри на натревар.
За Педри нема потреба да се трошат зборови, магионичар.
Бускетс не може да биде првотимец на секој ебан натпревар. Многу покорисен ќе биде доколку му се редуцира минутажата. Нека влегува од клупа и нека игра против послабите екипи во Ла Лига. Помина времето кога треба да игра 50 натпревари по 90 минути во сезона.
Тука е и Кеси, кој исто така многу малку игра досега, па не можеме ни да му се даде оценка дали е играч за Барса или не.
Пике не сакам да го коментирам, мислам дека моментално е далеку од професионален фудбалер. Освен што физички е паднат скроз, делува тотално отсутно и деконцентрирано. Изгледа паметот му е во разводот со Шакира, или во новата девојка, или пак во мајка му на Гави, немам појма. :D
 
Da sum na Fati na mestoto ke si baram transfer na leto. Tolkav disrespekt sprema igrac nemam videno.
 
Незнае ни да фаулира дегенот. :pos: :pos: :pos:

Ауу дај бе боже нека си ја скрши ногата и никад да не заигра веќе.:semolam::semolam::semolam::semolam:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom