Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Ептен важна победа после се' што се случи прошлата недела. Преголема среќа е што го имаме Лева во моментов. Гол машината ќе ни донесе куп важни бодови. Феран ептен позитивно изненади вечерва.
 
Се виде разликата у класи помеѓу Де Јонг и Бускетс, мислам го закова на клупа за тоа ситното време шо му останува во клубот.
Фати исто така, гол и асистенција за 35 минути на теренот. Педри и Гави се поезија, особено Гави на оваа утакмица. Каква желба имаше за надигрување и стварање шанси. Дефинитивно иднината на клубот, Енрике ќе испадне глуп ако не го викне Фати во Катар барем како џокер од клупа. Али пак од друга страна можда ќе биде подобро да не го викне, да не ризикува некоја повреда.

Го седна на клупа шлајмот, и го одигравме најдоброто полувреме оваа сезона. Второ намалија на гас али разбирливо, веќе во недела доаѓа Билбао кој има добра сезона.
 
Френкие мастерклас! Каква утакмица за Де Јонг. Средниот ред со Френкие Гави и Педри е совршен. Одличен натпревар одигравме, на ред е Билбао.
 
Ако реши вечер да го одмара Педри, мора Кеси да стартува на негово место.
Се надевам нема пак да му смени позиција на Де Јонг (за Бускетс да игра заден везен) а претходната утакмица изгази.
 
Фати на клупа, Гави на крило, Бускетс у игра. :pos:
 
ако ја најдат дупката централно по врската бускетс-гарсиа ќе направат проблем вилијамсите на баскијците....... по составот и формацијата многу ќе се очекува од дембеле вечерва да блесне со асистенции и голови, само да видиме дали добро се наспал ноќеска
 
Како бе вака утакмици уназад пред очи на судијата не свири ништо бе, да и го свирнам на мајка му.
 
Дембеле е потребно да го седнат на клупа да се спушти на земја, за да запне да игра. 1 гол и 3 асистенции.:cuc:

Интересно е шо е прогласен за флоп од медиумската фела, а братот оваа сезона во лалига има скоро идентична статистика со ултра талентираниот Винициус.:pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom