Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
После ова Чави ако не виде дека Фати му е најдобар играч после Левандовски, се надевам ќе испари од клубот што побрзо па макар и Валверде се вратил. Ја раздвижи играта за 2 нивоа погоре, штета веќе се беше касно.

Еве го и Гарсија, супер. Цела е кривица на Чави, се надевам небото ќе му го срушат медиумите сега.
 
Ај одбраната ни фали, ама срединава што пас напред не знае да пушти? Неколку пати крила утрчуваат, овие ја пимплаат топката
 
Секакво мислење можам да прифатам, ама некој да ми го спомне гарсија дека е играч, тој не заслужува интернет и кабловска да има, забрана да се доближи до стадион, кривична пријава за екстремна глупавост. Не можам да поверувам дека еден од тие луѓе е Чави.
 
Тешко ни се пишува, на лето пак правилото 1:4 ќе важи за нас. А ни фали пола тим шпиц, креативен везен, заден везен, лев бек, десен бек и штопер.
 
Тоа е тоа, скроз заслужен пораз. 70 и кусур минути не постоеше Барса на теренот. Не знам веќе што му е на Чави. Несфатливо е упорно да стартува со Рафиња, Бускец и Роберто. Фати со секоја добиена шанса докажува дека треба да биде првотимец.

Воопшто не изгледа добро екипата во моментот. Следната недела пак два тешки меча, со Виљареал и Билбао. Мора да се направат сериозни промени, зашто ако заостанеме уште повеќе до светското касно ќе биде да бркаме разлика напролет.
 
Многу многу примедби кои одат на сметка на Чави и одново како против Интер видовме една дезориентирана и предвидлива игра на Барселона (Каде капитенот ПОВТОРНО во крупен кадар за голот) натпреварот се играше како што Реал Мадрид сака т.е како што Анчелоти испланирал крилата премногу солираат а и НЕМААТ капацитет да решат натпревар средината НЕпостоеше одбраната исто мада ајде прелазна оценка на Кунде Гарсиа незаслужува стартер да биде роберто десен бек неможе да игра а ваков натпревар за Балде е преголем залак.
 
Со ладна глава сега збор два околу Класико.
Многу лош пристап уште на стартот на натпреварот. Реал ја доби играта која ја посакуваше, ние бевме тотално дезорентирани во првото полувреме. Катастрофални грешки на одбраната на чело со Гарсиа. Доколку Лева погодеше пола метар пред гол, доколку судијата го досудеше чистиот пенал над Лева, сега ќе правевме друг муабет. Изгубени 3 бода на Бернабе, прв пораз на Чави во Ла Лига на гостински терен од кога го превзема кормилото, но мора да се продолжи со исправена глава. Да, болат овие порази и лоши резултати со Интер и Реал, но мора да продолжиме и да излеземе што побргу од оваа серија, веќе со Виљареал. Предстојат тешки натпревари.
Доколку Араухо и Кристенсен беа фит ( немаше да игра ниту Гарсија ниту Роберто) ќе беше друга приказната.

И да не заборавајте во каква ситуација беше клубот пред активирањето на финансиските полуги. Овој тим е во фаза на градење, не можеме преку ноќ да очекуваме чуда. Јас потполно верувам во Чави и ја има мојата комплетна подршка.

Тешко ни се пишува, на лето пак правилото 1:4 ќе важи за нас. А ни фали пола тим шпиц, креативен везен, заден везен, лев бек, десен бек и штопер.

Налето договорите истекуваат на Бускетс ,Роберто, Алонсо и Белерин, Пике и Алба имаат до 2024. Е сега на големо се шпекулира дека и Пике споразумски ќе го непушти клубот. Останува само Алба и мислам дека и него ќе го решат. Тоа значи огромно олеснување во платниот буџет и без проблем доведување на засилувања.2022-10-17.png
 
Последно уредено:
Големи се шансите утре ако кискнат Чави да го бркат. Очекувам да почне без Бускетс овојпат, штета шо нема алтернатива и за Гарсија.
 
Големи се шансите утре ако кискнат Чави да го бркат. Очекувам да почне без Бускетс овојпат, штета шо нема алтернатива и за Гарсија.
Мислам дека нема шанси за ова, најрано што би го "избркале" следна сезона ако испаднеме ЛШ група.
 
Да видиме како ќе играат кога ќе се врати и Араухо, па да се комплетира целосно одбраната назад, ако и тогаш продолжат да играат ко курац, значи нешто не штима. Реално, после репрезентативната пауза ниеден натпревар не одиграа како што треба.
 
На дресовите ќе има натпис Шакира на некои од наредните утакмици. Да сум на местото на Чави намерно би го ставил Пике во игра.:pos:
 
ау серџи роберто капитен на барса :tapp:

е па чави стварно си го бараш со борина брате
 
крстете се лева да ја изигра цела сезона и да нема потешка повреда, најмоќните напаѓачи во поновата историја на фудбалот со ибра и бензема
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom