Зависи за што бараме тренер,ако е за Ла Лига и Куп онда Валверде си е добар.
Само на нас(барем мене)ми е Лига на шампиони приоритет.
Таму главно добри тренери се некои мотиватори,луѓе што во тој момент ќе реагираат брзо.
Некој што ќе биде авторитет и мотив за играчите,како што е Клоп во Ливерпул или Зидан во Реал,кој може не е некој тактичар...Ама според мене во ЛШ нема тактика,треба да излезеш машки,да го преораш цел терен и да бидеш мотивиран.Во такво натпреварување има по 10 шанси на натпревар(посебно нокаут фаза)и тука нема што да тактизираш.
Плус треба да имаш во тимот играчи за големи натпревари што ќе дадат некој важен гол за пролаз а да НЕ се напаѓачи,пример:Саул Нигез(Атлетико),Касемиро,Рамос итн.
Да ме сфатите подобро нешто како што даде Компани пред некој ден во ПЛ,или Де Лихт против Јуве.
Моментално ние во тимот немаме ни еден таков играч,освен Видал до некаде.
Се се чека на Меси,останатите си трчкаат како пичиња...читај Бускетс,Ракитич,Алба.
Ние пробуваме да го анализираме противникот и да најдеме некоја слабост па тактички ќе се спремаме...Ова ти е како Светско треба да реагираш во даден момент,незнаеш како ќе се движи натпреварот,ќе залута некоја топка и се паѓа во вода.
Поради тоа тактизирање вака ни се случува,излегуваме со цел план како да се движи натпреварот и после најмала грешка не фаќа паника и се случува дебакал.
Од друга страна ние имаме најНЕефикасна средина од цел свет,кога последен пат дал некој везњак гол...Бускетс и Артур немаат цела сезона ни еден,Ракитиќ даде некој само.
Во секој тим што стигнал до финале или освоил,има играчи како горе споменатите,неможе само од Меси да се очекува и да се врткаат околу него другите.
Моментално јас мислам дека Тен Хаг ќе е добро решение,макар и Чави веднаш би го прифатил,ќе биде мотив за играчите,има и што да научат од него.
Ама најверојатно ние ќе си останеме со Ернесто Носоња Хасан Факинг Валверде,и средниот ред ќе ни бидат некои пред пензија играчи.
Нека земат сега желбите нека му ги исполнат,Вилиан запнал од 30 и кусур години да го носи...

Сега последно читам дека Мата можело да дојде...Незнам дали да плачам или да се смеам,отпадот ќе го собираме од другите.
Искочија претходно шпекулации дека Озил го сакал...
Тоа е што е БАРСА ВО СРЦЕ СЕКОГАШ!
