Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам кој освен интерашите, пар мадристи (пошто се знаеше дека ќе оди кај вас па форсаа) и пар навивачи на Јунајтед, тоа го има негирано. Периодот под Клоп крена многу ниво, продолжи со исто темпо и кај вас ама како што веќе имавте пишано, сезонава, нели се повреди нешто на почеток (а мислам имаше добар старт) и од тогаш игра мизерно.
Еве ЛостПарадајс има пишано, сфецко изигра исто на многу јако ниво.
Зoшто "сФецко" со нагласок на Ф-то? Некогаш сум утнал буква па ме зезаш за тоа или? :D
 
Мурињо: "Четвртиот гол, ако го видевте тоа на натпревар во екипи У14 или У15, би рекле дека децата немаат менталитет за да играат фудбал. За да примите таков гол навистина ја покажува вашата состојба на умот. Како да се оправда тоа е многу тешко, би сакал да видам како Valverde би го објаснил тоа.

Стварно добра изјава .... Таква финта ни во малски фудбал не проаѓаа , нашиве не знам кај гледаа сите до еден...
 
Јас мислам дека му е утната позицијата на Кутињо. Не може да го ставиш на крило и да очекуваш голем импакт од него на таа позиција. Мора да игра централно, зад напаѓачите.
Зошто покрај Малком и Дембеле упорно се форсира Кутињо на крило?
 
Јас мислам дека му е утната позицијата на Кутињо. Не може да го ставиш на крило и да очекуваш голем импакт од него на таа позиција. Мора да игра централно, зад напаѓачите.
Зошто покрај Малком и Дембеле упорно се форсира Кутињо на крило?

Затоа што мора Ракитич да дојде до 80 утакмици по сезона, а Малколм да остане на 2 иако Дембеле е повреден 90% од утакмиците сезонава. Артур е буквално огледало на Чави според стилот на игра, 21 годишен и наместо да го користи и да му даде шанса да напредува, тој го чува на клупа на натпревар кајшто контролата и поседот беа најважни. Наместо да имаме играч што ќе ја смири играта тој ги форсира Ракитич (и до некаде Бускец) кои се полумртви и прават едно 2000 грешки по утакмица. Исто така мора и Серхи Роберто да игра, уште малку и голман ќе го стават само да игра. Роберто наместо Семедо во овие 2 утакмици беше најголемиот тренерски гаф ever. Слепец да беше ќе видеше дека го избушија Роберто и во првата и во втората се додека Семедо не влезе во игра.

Со други зборови кратко и јасно, затоа што тренерот ни е ретардиран.
 
Јас мислам дека му е утната позицијата на Кутињо. Не може да го ставиш на крило и да очекуваш голем импакт од него на таа позиција. Мора да игра централно, зад напаѓачите.
Зошто покрај Малком и Дембеле упорно се форсира Кутињо на крило?

Да утната му е позицијата, но играч од светска класа (нели така се претпоставува дека е) мора да има поголем импакт врз играта на тимот во било која позиција. Не го ставил тренерот ДМ или бек па да не знае што прави, сепак игра на офанзивна позиција. Кутињо не покажа ништо во најтешките натпревари ама баш ништо.

Е сега тоа што Валверде игра со среден ред кој се состои од 3 дефанзивни играчи е друг проблем кој се спротиставува со филозофијата на клубот. Освен тоа при водство од 3-0 од првиот натпревар на реваншот Барса никогаш не излегла да се брани, а Валверде тоа го правеше.
Фикс идеи со тоа што Ракитиќ и Роберто мора да играат и кога не играат добро, упорно не му дава шанса на Малком.

Затоа на Барса и е потребен подлабок рез, продавање на Ракитиќ, Кутињо и Суарез.
Де Јонг ќе дојде, да се договорат Гризман и Де Лихт и останува простор за уште еден играч да се донесе.
Валверде да си замине и да се донесе тренер кој негува напаѓачки фудбал.
 
Сега прочитав шпекулации дека наводно Тен Хаг, Кике Сетиен и Лоран Блан се кандидати за нов тренер.

Тен Хаг сигурно најдобра опција од овие. Сетиен го ценам ама може да го изеде неискуството и да биде нов Валверде. Блан правеше чуда во Бордо ама некако се загуби од радар после тоа. Искрено немам некое мислење за него...
 
Сетиен што го треска кој најде во лигата, Блан што не паметам кога последен пат беше професионален тренер...ваљда со ПСЖ пред едно 5 години. Токму такви тренери ни требаат моментално, чисти просеци ко тактичкиот мастермајнд Ернесто Suicide Squad Валверде што дојде од Билбао.

Бар Биелса да го земат ако не Тен Хаг, сакам да ги видам Ракитич, Суарез, Бускец како колабрираат на сред утакмица. Кад је бал нек је маскенбал.
 
Покрај другите недостатоци на малскиот тренер ернесто е и неспособноста физички да ги спреми играчите, односно ги спреми како за второлигашки тим, да изгледаат како мулиња пред јаките екипи. Никогаш не била Барса вака доминирана и инфериорна како последниве две сезони.

Се согласувам со Спојлер, следниот тренер треба да е некој што ќе им ја извади душата на примадоните.

Спорт пишува дека има клаузула во договорот на валверде со која може еднострано да се прекине соработката без да се исплаќа останатиот дел од договорот. Да се надеваме дека после финалето на купот ќе му врачат отказ иако мала е шансата. Мора сите да навиваме за Валенсија во финалето, нека не победат како знаат и умеат, нека бидат од корист еднаш и тие.
 
Не ни требаат некој големи промени. Уште 2 играчи ни требаат, офанзивци, Гризман и Лаказет, Де Лигхт го сметам за договорен.
Проблемот е што премногу се верува на старите играчи, Ракитил, Бускетс, Суарез... а нив курот не ги боли. Треба искуство во тимот ама треба и младина желна за докажување, да ораат по теренот.
Затоа најдобро е да си одат Суарез (40 милиони), Ракитич (50 мил) Кутињо (100 мил) Гомез (35 мил) Денис (15мил) Рафиња (15 мил) Умтити (60 мил) Силенсен (30 мил), Вермален (0)... Тоа се околу 350 милиони.
Да се донесат Де јонг (75) Де Лигхт (70), Гризман (120), Лаказет (60), нешто ситно за лев бек, се збори за тој од Рајо Валекано... и да се даде многу повеќе шанса на Ињаки Пена, Вегуе, Тодибо, Пуиг.....
 
Секако Валверде ќе лета без разлика дали ќе го освоиме купот или не. Преголеми срамои претрпе клубот и мора одговорноста да се бара првин кј него па после кај играчите. Гвардиола да беше тренер после ваков дебакл ќе леташе не па Валверде.
 
Јас па прочитав дека Koeman е прв избор, втор избор е на Ајакс тренерот.[DOUBLEPOST=1557416742][/DOUBLEPOST]
FB_IMG_1557416600576.jpg Моментот кога Rakitic требаше да подаде на Messi и да направи Barcelona контра , ама наместо пас за Messi им намести на Liverpool гол ( за 2:0)​
 
Последно уредено:
Суарез се аут до крај на сезона.
Ќе оди на операција за коленото.
Ако го задржат во тимот и после ова тек тогаш ќе видиме што е спор играч...:facepalm:
 
Суарез се аут до крај на сезона.
Ќе оди на операција за коленото.
Ако го задржат во тимот и после ова тек тогаш ќе видиме што е спор играч...:facepalm:
Не знаев дека тој играл со повреда подолго време.
 
Суарез се аут до крај на сезона.
Ќе оди на операција за коленото.
Ако го задржат во тимот и после ова тек тогаш ќе видиме што е спор играч...:facepalm:
Затоа два нови напаѓачи се потребни не еден. Суарез е готов, Дембеле е стаклен, Кутињо не е напаѓач и можно е да замине, Малком е играч за ротација и најверојатно ќе го шитнат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom