Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Мртов е Суарез ниш не правиме со него сезонава.. Поарно Мунир нека го игра

На утакмицата против Мексико пред 1-2дена :
Гол од слободен.
Рабона асистенција.
Паненка пенал.
 
Никогаш не можеш на хејтер од Месси да му објасниш дека он е еден од најдобрите што играле во Фудбалот - заедно со Кристијано Роналдо.

Луѓево денес споменуваат како клубската титула е клучен фактор во избирањето за индивидуална награда!

Па зошто тогаш Варан не го изгласаа во топ 3, он освои и Светско и Лига на Шампиони, а од друга страна Канаваро во 06 година беше добитник на Златна Топка само ради Светското Првенство, контрадикторно зарем не?

Лига на Шампиони освои цел Реал Мадрид, а не само Роналдо или само Модриќ, тоа е тимски успех а не индивидуален.
Светско Првенство освои цела Франција, а не само Мбаппе или само Гризман.

На слепиот покажи му, на глувиот шепоти му!

И уште една работа и „катастрофа“ од страна на УЕФА било затоа што во 2010-11 година Месси ја доби златната топка а не Весли Шнајдер од Интер иако овој освоил Лига на Шампиони и стигнал до финале на Светско Првенство.

Ама пак затоа заслужено е според нив што Роналдо ја освои Златната топка во 2012, со далеку послаба статистика од Месси и без ниеден освоен трофеј, по нивната логика тогаш Дрогба требаше да биде добитник на Златната Топка, но тоа е „поштено“ зато што Роналдо е во прашање, а ако се работи за Месси, е тогаш е контрадикторно.

По мене, најдобар се избира оној кој што имал најдобра статистика, безразлика на неговата позиција, па дури и на голмани треба поени да му гледаат одбрани и така да пишуваат статистика, инаку никогаш нема да има најдобар играч освен напаѓач, што е доста понижувачки за фудбалерите од средина и одбрана во денешно време, ко само напаѓачите да играат фудбал!

Кој памтит фудбал од 2000 годиње, нека се врати па нека погледне Зидан со далеку послаба статистика од напаѓачи во голови и статистика сепак - ВЕЛАМ ИСПРАВНО - освојувал награди за играч на Годината исто и други од типот на Ривалдо, тогаш некако пореално се оценуваа играчите, не ради престижот и титулите, туку ради нивната игра.
Исто така во 2004-05 Роналдињо освои играч на годината со неговата игра а Барселона освен Ла Лига ништо не освои!
 
Мислам дека е крајно време да ја затвориме таа тема :D Бесмислено е да се зборува за индивидуални награди од типот најдобар фудбалер, во кои Меси не е ни во топ 5. :icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
Поразителен е фактот дена Барселона нема речиси ниту еден клучен фудбалер во репрезентацијата на Шпанија.
 
Поразителен е фактот дена Барселона нема речиси ниту еден клучен фудбалер во репрезентацијата на Шпанија.
Нема врска тоа,битно клубот нека има резултати.
Моментално и нема некој шпанец посебно добар што сме можеле да го земеме кога бил во помал клуб,освен Асенсио:toe:
 
Поразителен е фактот дена Барселона нема речиси ниту еден клучен фудбалер во репрезентацијата на Шпанија.
Бојкотираме шпанска репрезентација :D
Вчера беше национален ден на Каталонија, нека е за многу години. И роденден на Абидал исто така вчера беше, да е жив и здрав. :D
 
Последно уредено:
Артур прва постава за Бразил на пријателската против Салвадор. Кутињо со голче. На Арена 1 иде.
 
Прва сериозна опасност за кикс оваа сезона. Тежок меч ќе биде ова. Ако не кикснат мислам дека ќе биде тесна победа, може и 1:0.
 
Ќе видиме срединава како ќе функционира ако сега се покажат ќе играат и понатаму на вакви утакмици ако не ќе се простат од таа улога во тимот.
Ова за Роберто и Рафиња важи,посебно ако вториов усере нешто денес толку му е во клубов.
Очекувам тврд натпревар без многу шанси,затоа најважно ќе биде да дадеме гол у први 10 минути после ќе тераме полесно
 
На тим шо игра на контри ко Сосиедад, ти Бускец го вадиш и играш без дмф. Хасан легендо!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom