Никогаш не можеш на хејтер од Месси да му објасниш дека он е еден од најдобрите што играле во Фудбалот - заедно со Кристијано Роналдо.
Луѓево денес споменуваат како клубската титула е клучен фактор во избирањето за индивидуална награда!
Па зошто тогаш Варан не го изгласаа во топ 3, он освои и Светско и Лига на Шампиони, а од друга страна Канаваро во 06 година беше добитник на Златна Топка само ради Светското Првенство, контрадикторно зарем не?
Лига на Шампиони освои цел Реал Мадрид, а не само Роналдо или само Модриќ, тоа е тимски успех а не индивидуален.
Светско Првенство освои цела Франција, а не само Мбаппе или само Гризман.
На слепиот покажи му, на глувиот шепоти му!
И уште една работа и „катастрофа“ од страна на УЕФА било затоа што во 2010-11 година Месси ја доби златната топка а не Весли Шнајдер од Интер иако овој освоил Лига на Шампиони и стигнал до финале на Светско Првенство.
Ама пак затоа заслужено е според нив што Роналдо ја освои Златната топка во 2012, со далеку послаба статистика од Месси и без ниеден освоен трофеј, по нивната логика тогаш Дрогба требаше да биде добитник на Златната Топка, но тоа е „поштено“ зато што Роналдо е во прашање, а ако се работи за Месси, е тогаш е контрадикторно.
По мене, најдобар се избира оној кој што имал најдобра статистика, безразлика на неговата позиција, па дури и на голмани треба поени да му гледаат одбрани и така да пишуваат статистика, инаку никогаш нема да има најдобар играч освен напаѓач, што е доста понижувачки за фудбалерите од средина и одбрана во денешно време, ко само напаѓачите да играат фудбал!
Кој памтит фудбал од 2000 годиње, нека се врати па нека погледне Зидан со далеку послаба статистика од напаѓачи во голови и статистика сепак - ВЕЛАМ ИСПРАВНО - освојувал награди за играч на Годината исто и други од типот на Ривалдо, тогаш некако пореално се оценуваа играчите, не ради престижот и титулите, туку ради нивната игра.
Исто така во 2004-05 Роналдињо освои играч на годината со неговата игра а Барселона освен Ла Лига ништо не освои!