Поочајни сме од Македонија моментално.
Не сериозно, смешки се, Меси и Нејмар се очобол, Суарез не може сам да игра, плус овие се бутнаа во 16, иди па помини да те видам. Иниеста пробуваше нешто, ама и него го газат годините. И не е разочарување од се и сешто ама оваква серија на лоши резултати немале многу одамна, една победа во последните 5 натпревари е трагично и смешно. Во страшен пад на формата се, сличен на оној на Реал од лани кога ја изгубија Примера со повреден Модриќ.
Атлетико и ПСЖ мене ми беа најнепосакуваните противници за 1/4, налетавме на можеби и поголемиот ѓавол, поштено го изедоа, од 180 минути они изиграа 45. Денес ништо не изиграа, ниту притиснаа асално како што знаат за гол, ниту се трудеа, ниту трчаа, се изнервирав со пеналот на крај што не го досудија, ама од друга страна не знам ни колку го заслужија тој пенал.
Проклетсвото со неодбранување на ЛШ продолжува, нека се фокусираат тотално на Примера и на Купот, 2/3 титули е во секој случај феноменална сезона, само како се тргнати со темпово, да не направат некоја глупост и во Примера, иде една од најочајните Валенсии во последно време на Кампот, во Купот ги демолираа, во лигата заебаа работа со нив. Ако случајно и таа се киксне периодов простете се и од Примера.
Е сега
@Бокица ти викаш дека Барса никого јак не тепала. Атлетико го преслуша два пати во Лигата, го победи Реал, го победи Арсенал (ај овие се на ранг со Билбао годинава ама ајде). А шо толку јаки екипи победија Реал/Баерн/Сити? Реал го имаше ултра најлесниот распоред во ЛШ, па пак се мачеше. Баерн освен Јувентус друго ништо тешко не виде. Сити играше со еден Динамо Киев во претходната рунда. Малку е смешно да кажеш дека Барса не играла против јаки противници, кога Барса има играно против истите противници на Реал плус Арсенал, а минус Рома.