Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Не сакам баксузи да правам, ама мислам дека денеска ќе биде прекината серијата од натпревари без пораз. Во стартниот состав го нема Нејмар заради суспензија (btw ѓуптинот заминал во Бразил на роденден кај сестра му. За една недела пак ќе треба да патува до таму за репрезентација, ме изненади Лучо што му дозволил, се шпекулира дека и намерно го направил жолтиот со Рајо заради ова), Иниеста е на клупа и наместо нив играат Мунир и Туран. Еибар се одлична екипа годинава, ние сме заморени, ќе ни направат проблеми 100%. Се надевам дека нема да ја оплескаме, ако ја издржат и оваа утакмица ќе биде супер пошто конечно ќе имаме пауза од 1 недела до следниот натпревар, после долго време нема да има утакмица во сред недела.
Contrary to rumours saying he had travelled to Brazil for his sister's birthday party, Neymar took part in training today #fcblive
 
Тоа дека Нејмар заминал во Бразил не е точно и беше медиумска измислица. Утрово се појавил во тренинг центарот. Денес мислам дека можеме до победа! И вака имаме доволно квалитет за тоа.
 
Еве видете.
Cc3hNHIUYAACUZn.jpg:large
 
Мунир , браво дечко :bravobe:
 
Типот на Скај Спортс на полувремето кажуваше дека Барса има мали дупки на средината и прави грешки кои посилни екипи можат да ги искористат, и јас имав чувство дека или имаат мака или се заебаваат, па имаат проблем да ја исфрлат топката кон средината на одредени моменти.
 
Суарез има 4 жолти картони , добро ќе биде да направи уште еден против Гетафе , да паузира со Виљареал , а да биде во состав против Реал.
 
Да киксне Атлетико М вечер , и да здивнеме.

Меси. :cuc:
 
На крајот и многу полесно од очекувањата стигнавме до нови три бода и серијата без пораз е продолжена сега веќе на 36 меча,мислам дека ако продолжиме вака имаме големи шанси да идеме и преку 40 утакмици и да го престигнеме и рекордот на Јувентус од пред некоја сезона :D
 
Суарез има 4 жолти картони , добро ќе биде да направи уште еден против Гетафе , да паузира со Виљареал , а да биде во состав против Реал.
Никако. Еднакво важни се и двете утакмици, на Ел Мадригал ќе биде пеколно. Напаѓач е, мора да знае да се воздржи од глупи фаули.[DOUBLEPOST=1457283504][/DOUBLEPOST]
Да киксне Атлетико М вечер , и да здивнеме.

Меси. :cuc:
Ако киксни Атлетико вечер мислам дека готово е.
 
Искрено не се замарам со рекорд во натпревари без пораз , најважно е во финишот на сезоната да бидат сите здрави и одморени .
 
Се држат одлично Атлетико, баш кога очекував да почнат да паѓаат они додаваат гас. Очекував баш овој период одбраната да почне да им попушта, но не, не само што не попушта туку и нападот почна да ги служи, нешто што им беше главен проблем. Прошлата со Сосиедат 4 парчиња им испорачаа, еве сега на Местаља 3 комада. Ќе гризаат до крај овие.
 
Ќе гризат, нема што да изгубат. Далеку е ова од завршено , иако е комотна разликата од 8 бодови. Штета шо Реал неможеше барем едно нерешено да им извади.

Иначе се шпекулира веќе подолго време низ медиумите за Марез од Лестер. Ако стварно Барса е заинтересирана за него , јас би рекол дека треба да им биде прв на трансфер листа за ова лето. 25 годишен перспективен фудбалер , елеганција во движење. Го гледав вчера , баш би одговарал на стилот на игра што Барса го игра. Брз , техничар , и брзо се ослободува од топката. Го има оној филинг кога треба да додаде , или кога треба сам да повлече. Какви само топки го хранеше на Варди.

 
Последно уредено:
Марез е одличен, ама на чие место би играл..?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom