Не сакам баксузи да правам, ама мислам дека денеска ќе биде прекината серијата од натпревари без пораз. Во стартниот состав го нема Нејмар заради суспензија (btw ѓуптинот заминал во Бразил на роденден кај сестра му. За една недела пак ќе треба да патува до таму за репрезентација, ме изненади Лучо што му дозволил, се шпекулира дека и намерно го направил жолтиот со Рајо заради ова), Иниеста е на клупа и наместо нив играат Мунир и Туран. Еибар се одлична екипа годинава, ние сме заморени, ќе ни направат проблеми 100%. Се надевам дека нема да ја оплескаме, ако ја издржат и оваа утакмица ќе биде супер пошто конечно ќе имаме пауза од 1 недела до следниот натпревар, после долго време нема да има утакмица во сред недела.