Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Најдобра утакмица оваа сезона ја завршија со пораз :bravobe:
 
Не може бе никој да не биде виновен за толку лоши игри. Не е само една две партии па да каже човек ај немале среќа. И не е само повредата на Меси проблем. Срањето е подлабоко и само ќе се рефлектира во игрите како денес и како партии од типот 4 - 1.
 
Многу незаслужен пораз ама тоа е фудбал. Мислам дека грешката беше од старт со тоа што Роберто играше бек а Маскерано средина. Како и да е пораз на гости кај Селта и Севиља не е многу страшно во однос на ситуацијата во која сме.
 
Мора да се признае дека оваа полусезона ги имаме сите потешки гостувања , но мора да се издржи.
 
Ај може и реал ќе киксне пак со атлетико па ќе се анулира овој натпревар. Да се има простор да се поправат работите.
 
Тоа е. Среќата ни го сврте грбот во неколку наврати утакмицата, нејќеше и нејќеше да влезе. Две стативи и пречка.
За мене е крива одбраната, да имавме нормална одбрана денеска си идевме со три бода. Ептен се мувла позади, крајно дезорјентирани.
Напред се создадоа доста шанси, сезонава највеќе.
 
Не ми се верува до толку да немаме среќа,не сака и не сака да влезе... толку шанси и стативи погодени и ништо не сака да влезе... Пиќе при слободниот да знаеше што прави и да тргне по топката и да постигне гол ќе го решевме уште тогаш мечот... После долго време одигравме како што треба да не кажам одлично,создадовме толку шанси и за жал на крај среќата ни го сврте грбот... оваа пауза поради репрезентативни настапи ќе ни дојде многу добро за да се освестат малце играчите.. И за жал морам да кажам дека Роберто моментално ни е најдобар играч во средниот ред... незнам што се дешава со Ракитиќ али оваа сезона е катастрофа а немаме замена за него до Јануари...
 
Па и вториот гол колку наивен беше , незнам ни дали ја закачи овој со главата и од тука Браво се излажа. За првиот гол Пике закочи пред овој да убаци за шут , наместо да проба да блокира.

Комшиките утре нерешено вадат , ќе биде покољ оваа сезона.
 
Come back Leo

C7J5fL2.png
 
Pique: "Not scoring after Neymar hit the post? I didn"t know if I was offside or not, so I preferred not to touch it. Apparently I wasn't."

@Iceboy
 
А меѓувреме Виљареал пак ќе тепа и ќе избега на плус четири. Незгодни се годинава, ако продолжат овака има шанси да бидат Атлетико од пред две години.[DOUBLEPOST=1443891009][/DOUBLEPOST]
Pique: "Not scoring after Neymar hit the post? I didn"t know if I was offside or not, so I preferred not to touch it. Apparently I wasn't."

@Iceboy
Ми пиша на фејсбук на полувреме, затоа знаев :)
 
Мислам сезонава ќе бидеме, проколнати, Не иде од старт нешто. Нешто тука не бива и не бива.
 
Кога ќе се нервирате за некоја одлука во животот, нека ви текне на Педро и ќе ви помине :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom