- Член од
- 25 септември 2011
- Мислења
- 6.448
- Поени од реакции
- 18.283
Чест е да се игра со Јуве. Многу ми е мило што тој тим после сите афери и проблеми успеа да се регенерира и врати каде што му е местото. Да игра и да биде дел од најдобрите тимови.
Три моменти ќе издвојам.
1.Го испраќаме Чави со триплете. Човекот кој ни е идол покрај кого растевме вчера за последен пат ја носеше капитенската лента. Застана на 767 одиграни натпревари со Барса. ЛЕГЕНДА!
Ќе си напишам тука да стои: Чави за краток временски период ќе биде тренер на Барса и ќе ги има успесите на Пеп и Енрике.
2.За мене уште е за неверување како едно напаѓачко трио за само една фудбалска сезона успеа толку лесно да се спои во едно, да функционира како да игра со години. Едноставно дечките цела сезона се неприкосновени. Овој напад МСН конечно го замени и мојот омилен Анри, Ето, Меси и доаѓа на прво место.
3.Страшно го потценивме Луис Енрике. Го дочекавме со скепса, ретко кој веруваше во него. Мислевме дека е уште еден лик како Тата Мартино, дури баравме и управата да го смени.
Вчера дечкото одржа лекција на сите фудбалски фанови како треба да помине време за коцките да се наместат и успесите да дојдат. Највеќе ми е криво за него и неговото потценување.
Сликава кажува се.
Уживајте и радувајте се. Ќе анализираме и креираме тим наредниве денови. Visca el Barca!