Честито нека ни е титулава, честитки и до Јуве за доброто второ полувреме. Добро беше финалево, едно од најдобрите последниве години.
Уште не ми се верува дека освоивме тројна титула, жими се. Колку само го пцуев Енриќе у првата полусезона
На почетокот се надевав дека ќе успееме да се докопаме до една титула. После 3/4 месеци бев убеден дека ќе доживееме потоп во сите конкуренции... Абе ќе се искинев од смеење некој да ми кажеше дека ќе лапнеме бар една титула после сите глупости кои се десија во тие месеци а камо ли триплете, и на крај се деси тоа што никој не веруваше, освојување на трите круни и повторување на успехот на Пеп од неговата прва сезона, нешто што изгледаше доста далеку.
Каква пресвртница само у пм, уште не ми се верува како се издигнаа вторава полусезона.
Каков само фудбал покажаа задниве 5 месеци, за мене боље од на Пеп севкупно земено. Ете можам да кажам кога веќе заврши сезонава. Абе дефиниција за врвен фудбал
Буквално сите коцки на теренот делуваа баш така како што треба да делува една машинерија. Од одбраната до нападот и обратно.
А, за нападот што да се каже

перверзија

Страшно делуваат момците напред. С-Т-Р-А-Ш-Н-О. Како само се уиграа за толку кратко време, буквално со врзани очи можат да играат.
122 гола и 50 асистенции имаат
Тимов е одлично скоцкан. Две до три играчи за ротација и ништо повеќе не му треба.
Видал одлично ќе дојде доколку потпише со оглед дека Монтоја ќе го шиткаат. Алвес мора да го задржат.
На местото на Чави еден среднаќ и по можност еден шпиц за замена на Суарез.
Топои
