Како дојдовме до ситуација да сме олку добри навистина појма немам. Головите вчера ги примивме од невнимание на одбраната и Браво откако се опуштија заради разликата, ама воопшто не им замерувам и можам слободно да кажам дека никогаш не сум бил посигурен од сега кога не напаѓаат. Браво го почитувам многу и е сосема сигурен, мада повеќе ми се допаѓа Тер Штеген, тој е класа повисоко. Бускетс и Ракитич се многу воиграни и со нивниот физикус и страшна техника се ептен битни за нас, Маскерано е исто во форма и многу подобар е моментално од Матје. Бартра исто треба да добива сега шанси за да се одмори Пике кој е во најдобра можна форма. Лучо му даде нова улога на Алвес и почна човекот да растура повторно, повеќе скоро и да ги нема глупите нафрлања. Алба е страшен, најдобар лев бек во светот. Иниеста, Рафиња, Чави, сите можат да играат подобро кога се обезбедени назад од Бускетс и Ракитич. За тројката напред немам зборови, тоа ти е исто како со чит да играме, екипите против кои играме не знаат од каде да се бранат, а замислете уште колку ќе се воиграат до крај на сезона. Веројатно да игравме сега со Реал ќе поминеа и полошо отколку со Атлетико, вака ќе треба да почекаме до 22 март. Продолжуваме јако, сезонава доби огромен пресврт, имаме шанси за да победиме се!