Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Тата е мотор на фиќо у ферари. Донесен беше да му се угоди на Меси и тогаш стана очигледно тоа што се шушкаше веќе година-две дека не се и во Барса работите ко што беа у оние неколку години на доминација и дека сето тоа се потскрива под тепих од медиумската пропаганда. Има разлика од фингирана вест на АС и Марка и од оние кои излегуваа за несогласувањата во Барса, кои беа логични.
Многумина мислеа дека Тата е донесен по желба на Меси, ама Меси не бил толку незадоволен под водство на Рајкард, Пеп и Тито, како што е моментално. Дури и одби да се поздрави и реагираше детски кога Тата го замени од игра против Сосиедад.
 
По којзнае колку време имаме поволен резултат по првиот натпревар од нокаут фазата..Се надевам на мудра и стабилна игра, мирно да го дочекаме крајот на натпреварот. Одиме на победа, како и секогаш! VISCA!!
 
Barcelona line-up (official): Valdes - Alves Pique Mascherano Alba - Xavi Busquets Cesc - Neymar Messi Iniesta
 
Тата паметно оди со згусната средина. Очекувано, имаме поволен резултат, не мораме безглаво да напаѓаме, треба да ја држиме топката, да го чуваме резултатот и да се искористат дупките во одбраната на Сити, кој мора да нападне.

10013895_10152414865784305_1750989283_n.jpg
 
------------- Валдес--------------
Алвеш - Пиќе - Масче - Алба
-------------- Бускетс ------------
----- Чави------------ Фабрегас
-------------- Меси ------ Иниеста
------------------------------- Нејмар
 
Ако играат меланхолично и колку ради реда да поминат 90 минути како против Ваљадолид у саботата, ондак петарда не ни бега. Ако им текне дека треба фудбал да играат и дека играат против Сити и Агуеро, тогаш мислам дека нема да имаме проблеми. Пристапот кон утакмицава најбитен ќе биде.
 
Поништег гол на Етихад и на Ноу Камп

Uefalona
 
Одлично полувреме, штета што е уште Сити колку толку во игра во двомечот.

Туку очајна игра на Секс денес дај нека влезе на теренот Серхи Роберто :confused:
 
Овие не дупат нешто, втор натпревар против Сити како играат одлично, а против Ваљадолид пред само 4 дена не знаеа кај им е главата.
 
Сега ми е јасно дека Примера повеќе не им е приоритет и како да се заситени од борба на три фронта . Да беа вака мотивирани во Примера ќе имавме предност пред конкурентите. Но , сепак доволно е да дадат се од себе во ЛШ и финалето на Копа Дел Реј.
 
Нејмар како мал слабо цицал. :ROFLMAO: Добар играч е , брз , али како пердув е треба на физикусот да поработи.

Меси на 2 пати им ја шина одбраната , штета што немаше завршница.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom