Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Нека ни е честито пласман понатаму.Покажавме тактичка зрелост во играта и не му дозволивме на Сити да направи некоја посериозна шанса.Сите играчи играа на високо ниво,но морам да ги издвојам :cuc:Иниеста:cuc: (убедливо најдобар на терен),Меси кој вчера играше доста тимски,не беше себичен,се враќаше да помогне во одбраната а даде и гол, и Чави кој ја контролираше и диригираше играта со 91 точен пас(од 95),а и истрча најмогу од сите 12.054м со неговите 34години Respect!(y)
Мислам дека Тата,на дуеливе со Сити покажа дека има квалитет и по вчерашниот натпревар се надевам дека ќе им ги затне муцките на поголемиот дел од критичарите.Се надевам дека ќе му дадат шанса и наредна сезона без разлика дали ке освоиме некој позначаен трофеј.
За следен противник сакам да го видам Баерн М. да се пресметаме подобро сега одколку во финале:).А верувам дека ќе им се реваншираме за лани(y)
Да се надеваме дека ќе освоиме ЛШ годинава и да се опростиме со Капитенот на најдобар можен начин;)
 
Кога сме кај Алвес не му требаше тоа славењето ала шутка, колку само мразам таков вид славења на голови.
Moron alert :D

Играа добро затоа што Сити играше отворен фудбал и имаа дупки во одбраната. Да не се залажуваме, јасно е дека цела Примера ни игра бункер систем ала Интер со Моу, и затоа се потешко и потешко плениме 3 бода.
 
Играа добро затоа што Сити играше отворен фудбал и имаа дупки во одбраната. Да не се залажуваме, јасно е дека цела Примера ни игра бункер систем ала Интер со Моу, и затоа се потешко и потешко плениме 3 бода.
На сите 4 порази во Ла Лига сезонава противникот не играше бункер, туку ни играше пресинг во наша половина и цело време напаѓаше. Билбао, Сосиедад, Валенсија и Ваљадолид.
 
На сите 4 порази во Ла Лига сезонава противникот не играше бункер, туку ни играше пресинг во наша половина и цело време напаѓаше. Билбао, Сосиедад, Валенсија и Ваљадолид.
Tomato - tomato. Густа средина во одбраната и кружиме. Само што овие 4 екипи не ни дозволија ни да кружиме.
 
10013321_643068409062677_1763363275_n.png

:pos:
 
Заклучив дека во помалите натпревари тимот нема мотивација..На поголемите натпревари, како со Реал, Сити одиграа многу поконцентрирано и постегнато..Тоа се одрази и на резултатите. Мислам дека полека се насочуваме кон ЛШ и кон купот и нормално зависно од исходот на Ел Класико ќе зависи нашата позиција во Ла Лига..Има место за уште многу напредување..но, ова беше еден добар чекор напред. Верувам во победа на Класико, а за следен противник нималку не ги посакувам Баерн, можеби поради фактот што чувствувам дека Пеп ја знае подобро екипата и сите движења на играчите од Тата...
 
Мене оваа победа не ми мени ништо, не ме убедува дека тимот ќе игра подобро и во домашното првенство. И првиот натпревар со Сити, во Англија, го одиграа одлично, па во последното коло во Ла Лига, не знаеа што играат(фудбал сигурно не беше) против Ваљадолид. Константност немаме никаква, тоа е лошо.

Денеска му е роденден на нашиот Деулофеу, кој е на печалба во Евертон. Полни 20 години, со што станува 20годишен тинејџер(што би рекол Калински) :) Догодина да го гледаме во наш дрес како ги тресе мрежите.
 
Не можам да се соземам сеуште ради глупоста што ја пиша пред некој ден, дека го нашле авионот на Малезија Ерлајнс, а ја превзел веста од Курир.
Може само да замислам каква све "извори" има во Шпанија.
 
decki narednata godina povike srekja
jasno ni e na site deka nemame sansi nitu vo spanija nitu vo ls :D
 
Овај ми мириса ко да бара трансфер во фан клуб Реал Мадрид:sneaky:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom