Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Знам дека Клоп е лојален, ама со Дортмунд го достигна максимумот а и во догледно време не е реално на овој начин да се кокурира на Баерн па мислам дека убава понуда би го довела на Ноу Камп.

Мое мислење е дека само тој може да го постигне приближно успехот на Пеп, човекот има харизма и стил на игра кој многу се поклопува со оној што го негуваше Барса.
 
Очигледно е дека се води анти кампања према Тата и после ние очекуваме некакви си резултати. Каде бе тоа сред сезона секој ден на пик им е Тата и неговата замена, ја да бев на негово место ќе си поднесев оставка па што сакат нека праат
 
Знам дека Клоп е лојален, ама со Дортмунд го достигна максимумот а и во догледно време не е реално на овој начин да се кокурира на Баерн па мислам дека убава понуда би го довела на Ноу Камп.

Мое мислење е дека само тој може да го постигне приближно успехот на Пеп, човекот има харизма и стил на игра кој многу се поклопува со оној што го негуваше Барса.

Целосно се согласувам со твоето мислење
 
Пеп во последната сезона беше на -10 од Реал, во сезоните кога доминиравме макисмално. Тој ни беше репер за доминација. Тата прва недела е на -4, паѓање во транс.
Тито беше на +16! од Мурињо...
Не е фер ова што му го прават на Тата, за кој имам добро мислење, мислам дека е супер тренер, иако нема харзима, единствено не мислам дека Барселона е добар клуб за него. Нема шанса да се докаже. На сред сезона да го мењаат? Кога сеуште сме во игра за 3 трофеи? Безвезе жими се.
Реално , со сите плусови и минуси, мислам дека освен реал, најдобра екпиа имаме. Да почекаме да видиме. И да не се освои тоа што сакаме, па не е крај на свет. Полека ќе се смени екипата, не може преку ноќ. Го бркаме Чави, а не сме свесни каква легенда е, една од најголемите во историјата на Барселона, можеби најдобриот шпански фудбалер, кој освои се што може да се осови на импресивен начин. Полека, се ќе си дојде на свое место. Го тупи да, ама имајте трпение и почит. Треба да разбереме дека де-ен-ка на екипата е да се брани со посед. Негова задача е тоа. Не на Пике и Масче, туку на Чави. 15 мин да убие со посед, се 15 мин кои инаку би требало да ги браниме. Екипата не е дизајнирана за одбрана. Кога би била, нема да ги имаме Чави, Иниеста, Фабре, Буски, Педро, Алба, Пике...кој од кој по мекуш. Задача им е топка у нозе!

Сезоната е во тек, сите можни трофеи можат и да се освојат и да се изгубат. -4 се многу, ама и не се. Има шанси, иако и со еден од ЛШ или домашно би бил презадоволен.
Да, интензитетот е изгубен, агресивноста, прецизонста, перфекцијата...ама не ни очекував тоа да трае вечно.
Да и Меси не е оној на кој сме навикнати, но и тоа е нормално, посебно после се што го спотера на приватен план, и со повреди. Дали е готов? Не. Апсолутно. Не дека не сакам да си признаам. Според мене лудост е да помислам дека Меси е готов после само неколку месеци пад на форма поради бројни причини, вон и на терен.
Имаме генијалци во екипа, не ги отпишувајте пред време. Се е можно оваа сезона.
 
Мое мислење е дека само тој може да го постигне приближно успехот на Пеп, човекот има харизма и стил на игра кој многу се поклопува со оној што го негуваше Барса.

:eek:

Не може да си сериозен. Клоп и тики-така? Доволна е изјавата за хеви-металот и филхармонијата да му ја прочиташ...
 
Клоп не практикува куси подавања на растојание помало од 2 метра, ама преферира висок пресинг, нешто што е карактеристика на играта на Барса.
 
:eek:

Не може да си сериозен. Клоп и тики-така? Доволна е изјавата за хеви-металот и филхармонијата да му ја прочиташ...
Не е тика-така ама фудбалот на Клоп може да се игра во Барса без некој проблем, еве пример стилот на Анџелоти да речеме никако не би можел да го замислам кај нас. До пред 4-5 години ние игравме многу директен стил под Рајкард.

Мое мислење е дека треба да се доведе врвен тренер кој што ќе ги работи појачувањата во летниот преоден рок.
 
Мислам дека е доцна да се носи нов тренер. Не ми се допаѓа тоа што му се дешава на Тата, едноставно го убија човекот.Летово очекувам ремонт, како во 2008. Пошто вака не бива веќе/
 
Sport.es пишува дека Тата одлучил да си оди на крајот од сезоната
 
Ќе освоиме ЛШ и Тата ке остане ;)
За денес сакам да го видам Санчез прв состав и мислам дека ќе даде гол (y)
(дава гол во sportlife е 2.3коф)
 
Тата е жртвено јагне. Не уби раководството, се што се случува е нивна вина. Штедачот Росел штедел за негов џеб, којзнае колку далавери има направено. Истите ги прикриваа со штедење на нови играчи, кога на сите ни беше очигледно дека истите ни се потребни. И тој што го донесе му испра 40 милиони кои којзнае каде завршија. Така и со Тито, не може човек со рак и терапии да мисли на фудбал ебаго. Тимот без тренер ја освои Ла Лига поради тоа што направивме добра разлика и конкурентите беа очај. Колку можат без тренер се виде против Баерн. И кога веќе ризикот не се исплати мораше да донесе тренер во 5 пред 12. Што може Тата да направи? Тим полн со играчи со его, без форма. Најмалку е Тата крив за резултатите, мислам дека го извлече максимумот. Имаше одредени глупи одлуки но и третиот ни тим мора да е способен да се надигрува со Ваљадоид.

Секогаш кога ќе ја сјебат работата излегуваат каталонските весници со тоа колку освоиле, демек ај ќе им простиме. Како што реков порано, се е на стара слава. Сезонава ајде ќе им простиме, ама да не им премине во навика. Не дека мене титулите многу ме засегаат, јас почнав да навивам за тимов кога беа 14ти во лигата и убаво ми беше. Жално е да видиш таков подем по заслуга на многу играчи и претходното раководство и сето тоа сега оди во надолна линија поради некои преваранти.
 
Клоп не практикува куси подавања на растојание помало од 2 метра, ама преферира висок пресинг, нешто што е карактеристика на играта на Барса.
Не е тика-така ама фудбалот на Клоп може да се игра во Барса без некој проблем, еве пример стилот на Анџелоти да речеме никако не би можел да го замислам кај нас. До пред 4-5 години ние игравме многу директен стил под Рајкард.

Мое мислење е дека треба да се доведе врвен тренер кој што ќе ги работи појачувањата во летниот преоден рок.

Тој пресинг моментално го играат 2/3 од големиве екипи, скоро да нема екипа што не игра со тројка во средина, разликата е само во тоа како е насочен триаголникот, т.е. дали е нормален или превртен. Фудбалот на Клоп е можеби најспротивниот на оној на Барселона. Да, дури и Анчелоти (овој Анчелоти од ПСЖ и Реал) има повеќе заеднички елементи со пас играта отколку Клоп.

Тата е мотор на фиќо у ферари. Донесен беше да му се угоди на Меси и тогаш стана очигледно тоа што се шушкаше веќе година-две дека не се и во Барса работите ко што беа у оние неколку години на доминација и дека сето тоа се потскрива под тепих од медиумската пропаганда. Има разлика од фингирана вест на АС и Марка и од оние кои излегуваа за несогласувањата во Барса, кои беа логични.

Од достапниве тренери најдобро во Барса би се снашол Лаудруп (недај боже), но и кај него е прашање колку одврзани раце ќе му дадат особено за дисциплината.
 
Леле и овде почнал да труби за Лаудруп :facepalm:
Бетер од Нигерот си со Ибрахимовиќ бе, по сите фан клубови го рекламираш :pos:

Со Лаудруп истата песна ќе се пее како со Тата т.е. друг ќе ги влече конците.
Само авторитетен тренер и давање слобода во изборот на играчи по негов терк.
 
Најде кој да каже за трубење со една личност/презиме... :rolleyes:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom