Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Уште не ми се верува од каков тим изгубивме(не мислам на Милан како клуб, туку на составот на играчите).:facepalm:
На Кампот имаме шанса, треба да ја искористиме. Да се внимава да не доаѓа Милан во шанса. Прво ние да постигнеме ран погодок(во првите 20 мин).
не е битен составот...мора да се научите против бункери да играте...пошо свесни сте дека истава игра ќе ја има на Ноу камп...мора нешто да смените а не само да се пимпла топката и да се подава 1000 пати...мора малку шут од далечина..иначе се надевам на исто цврста утакмица во барселона...
 
според мене алексис требаше да игра шпиц од почеток. ќе се уклопеше во италјанскиот стил на (не)игра многу полесно и сигурно ќе влезеше во 2-3 зицера.
требаше целата постава наша да биде измешана, бидејќи очигледно беше дека не прочитаа како буквар со кој состав и формација ќе излеземе, резултатот е тој. повеќе плаши играта од резултатот.
на таков лош терен, не може да се пикне топка низ иглени уши.
многу наивно, многу.

Баш така. Не прочитаа. Односно и дедо ми од 80 години знаеше дека Барселона ќе излезе со овој состав и тоа ќе биде тоа. И дека од 60та до 70та ке влезе Санчез. Не може да го сметаш Милан за аутсајдер, ма не Милан, кој и да беше вечерва ќе не тепаше, односно секој тим што активно би се спремал активно за со Барселона, како што доликува на осмина-финален дуел во лгш. Барселона излезе како да игра уште една Ла лига утакмица. Се беше исто. Не може така со Милан.

Ми фалат Пеп идеите, Адријано(лупам) на ваква утакмица да го пуштиш во напад, згусната одбрана, некоја иновација што би го изненадила противникот....Што сакате кажете, ние годинава ова го немаме!!

Како што кажа, НАИВНО - зборот кој ја опишува Барселона денес, гледав и си викам дали е можно ова, кога играчите ни играат толку време заедно. Можно ли е да сме толку наивни??

Не ми се верува што гледав денес, Барса не ја гледав сигурно, нешто друго беше ова. Непознато за мене.
 
ММе

Мене ич не ми фалат искрено. 20 средни играчи немаше да помогнат денес.

Ми фали борбеноста што ја имавме во првиот дел од сезоната. Колење за секоја топка, напаѓање со цела сила и моменти на лудило кога нешто не иде како што треба за да се сврти играта (адриано против атлетико :D ).

Ама тоа е. Ваљда толку може да се извади од било која екипа без вистински тренер на клупата.

Мислам, се надевам дека Тито ќе оздрави и ќе може да продолжи каде што застана, ама ако има потреба од отсуство и следната сезона се надевам дека ќе има доблест да ја препушти функцијата на некој способен да ја врши затоа што вака не оди.
 
Природен процес е тоа, растеш и се помалку те боли кур за фудбал кога треба да се справуваш со лични позначајни работи во животот. Ним им е работа да играат фудбал како што треба, они треба да се нервираат.
Шо знам,можно да е тоа ? Можно е да растам за една недела,затоа што против РМ во купот нервозата беше од 0 до 100....Или пак се гледа дека нашите играат фудбал на стара слава па не му треба да освојат куп ?
За реваншот ако сакаат нешто да направат нека го ставаат во игра кутриот Виља !!!
 
Ајде. ќе им кажеме на Камп Ноу !!! Ќе биде тешко да, но сепак Барса си е Барса па да не губиме надеж пред време ...
--- надополнето: 21 февруари 2013 во 01:23 ---
Jас не играв на натпреварот, бидејќи тоа е забрането со правила, но прашањето е, зошто меси не играше?"

Марио Балотели

Многу вицкасти станале, иначе на ова јас да сум место Меси (а за жал не сум :P ) би одговорил дека имав обврска да ја земам златната копачка, тоа што ти ни на сон не можеше да го земеш... :D
 
во реваншот виља ни треба како воздух.
јас не би го играл дани во реваншот. би играл со тројца позади (пике, пујол и маске) а адриано и алба по страна ама офанзивно настроени ептен.
виља централно, нон стоп да улетува позади офсајд линија...и нормално бускетс, чави, иниеста и меси, со тоа што тиаго да влезе брзо во второ, за тељо не сум сигурен во позициона игра... а ако резултатот ни оди во прилог да влезе сонг. бускетс да покрива позади и често да излетува пике. мора да се ризикува.
ако излезе со истиов состав како денес, ќе гледаме подобра игра малку, поради теренот, ама ќе биде дежаву-то со челзи и интер.
цеск и педро се супер, ама не значи дека против секаков тип на екипа се добри.
педро против вакви екипи нема просперитет. цеск тотално отсечен. затоа реков, дури и лошиот алексис ќе беше покорисен бидејќи ќе втрчуваше.
меси, збориме само за утакмицава, ептен лошо. сите знаеме кој е меси, ама ако реално си погленеме во очи, утакмицава сонг немаше да изигра толку лошо како меси. не му беше денот, не зборам за голови, зборам за учинокот во игра. да, добро го чуваа, ама на моменти изигра крајно нетипично за него. на ред е сега на него да напише нова историја во реваншот.
инаку сакав за дани да кажам, легенда е го сакам, ама годинава (почнувајќи со севиља ако не се лажам) паѓаат по негова страна голови како да не постои. се губи, и тотално не е онаму каде му налага позицијата токму кога најмногу треба. според мене се работи за минимум 10 гола на негова душа. исто и вториот денес.

искрено денес сите заработија една голема нула.
тренерот - нема што да се каже многу за него, никој не ни очекува чуда од него.
валдез - супер е кога не треба, кога навистина треба да не извади. двата шута влегоа, ќе рече некој немаше кривица, нема да се сложам. можеше, за тоа е на гол, како што можеше и мораше со челзи, со реал..
10-те играчи во поле? не ми се верува дека не можам ни еден да издвојам. еве колку и да сакам. дури и да треба да издвојам кој беше најмалку лош, не знам...

едиствена добра работа од поразов е она што веројатно би го рекол и пеп: останавме доследни на нашата философија. но, тоа за лично наша сатисфакција.
криво ми е, некогаш многу повеќе посакувам резултат наместо убавина, малку се тоа утакмици годишно...ама ете не иде. од друга страна затоа и скалпот на барса толку вреди.

можно е се во реваншот. далеку од тоа дека сме отпишани. дури реално ако гледаме шансите моментално се 50-50.
мора во едно да се сложиме од утакмицава - нема за што да жалиме бидејќи ништо не заслуживме.

п.с. теренот во милано, стварно не разбирам како може да биде толку лош. на моменти ми се чинеше дека со рагби топка играат, не со фудбалска.
 
Прво: тоа дебилните работи што ги читате по уште подебилните наши сајтови, а кажуват дека се изјави на Балотели, ни Б од Балотели немаат. Тоа е најверојатно од твитер акаунт којшто не е негов туку некој го користи неговото име.
Второ: незнам зошто ама мислам дека ќе се свестат овие и дека на реваншот ќе влеземе со Чави и Иниеста во средина, а напред со МВП. Мислам дека Тито нема до толку да оди со глава во ѕид и нешто ќе смени, сепак колку-толку му има и нешто останато од Пеп, ваљда му фатил тоа кликерот.
Трето: Позаслужен пораз од овој на Барса не памтам од времето кога Херкулес не тепаше 2-0, кога не преслушаа и овие не играа ништо. Е денеска беше слично нешто, само уште помизерно.
Па стварно не памтам кога последен пат ми било досадно утакмица на Барса да гледа, да ми се приспива среде утакмица и на лаптопов да кликам само Фејсбук и Твитер колку да иам занимација.
Мизерно изиграно од страна на сите, неможам некој да го издвојам што беше добар, можда Иниеста, барем трчаше, се трудеше, другиве лади-кур си тераа, едвај чекаа да заврши утакмицата, ич не им се играше.
Дури и да играше Запата со рака за првиот гол најмалку треба тоа да загрижува и тука да бараме кривица, оти и без тој гол заслуживме да изгубиме и тоа не само со 2-0.
Оваква игра против Реал во Купот и можеме чао, пријатно и на тој трофеј да му кажеме има душата да ни ја извадат и таму.
Четврто: Време е да сфатат нешто што на форумов одамна се зборува а тоа дека ни треба СТОПЕР. Значи не ДМФ што може да игра стопер, не некој да седи само на клупа и да ги зима парите како Сонг, туку класичен штопер оти жал ми е да го гледам Пујол на терен како ја остава душата, а Пике до него зависи од тоа дали Шакира му дала или не, па така и игра.
Петто: МУНТАРИ ни даде гол. Абре алооооо Сали факинг Мунтари ни даде гол после серва акција, каде што ни Дани Алвес самиот незнаеше каде тера додека трчаше. Па немој да ме јебеш бе, да беа малку попаметни овие од Милан и уште еден ќе ни дадеа кога ни испаднаа 2 на 2 контра, сва среќа ја спасија некако.
Шесто: Шансите за 1/4 финале не се изгубени, сеуште се тука. На Милан играчите се млади (освен неколкумина), па тек треба да ги видиме под притисок како ќе изиграат (уствари ги видовме лани со Арсенал како изиграа), ама сепак треба да се притисне од старт, јасно е дека Милан ќе се брани и ќе оди на контри, јасно е дека Пике и Пујол ќе треб 350% од нив да дадат, значи мора без примен гол да се заврши, оти ако дадат еден после до 4 не броиме ние па Исус лично ако сака нека се симне одозгоре.
Значи гол во првите 30 минути, малку да се растерети работата, да биде колку-толку полесно за играње и после се е можно. Иако шансите се минење ни се сведени на некои си 10% (дури и ова е оптимистичко) сепак ако изиграат како што знаат и умеат верувам дека можат да им дадат 3 гола на Милан, а во меѓувреме да не примат ни еден.
Ама до тогаш има време, Лигата да си продолжи како досега и Купот да се помине Реал, барем тие два трофеја да си ги осигураме.
Се распишав на велико, си кажав се шо сакав, кој ме прочита ме прочита, кој не well fuck you.
 
Страшно безидејна утакмица, СТРАШНО! Јас моментално не гледам некој играч што би направил во моментов разлика на реваншот, освен Меси, ама друг нема! Че мора да чекаме на нивна грешка највероватно (тешка работа, ама ај) оти друго чаре нема. Мора да се смисли некоја резервна тактика во иднина, нешто како шо пробаја со Ибра, висок играч, шо можи да игра и со глава, но и со нога. Тоа ако се направи, би биле незапирливи во иднина.
Како и да е, на реваншов че ни треба еден тон срејча за да ги победиме и после можи че се освестат, можи че играат поконцентрирано.
 
Прво: тоа дебилните работи што ги читате по уште подебилните наши сајтови, а кажуват дека се изјави на Балотели, ни Б од Балотели немаат. Тоа е најверојатно од твитер акаунт којшто не е негов туку некој го користи неговото име.
Второ: незнам зошто ама мислам дека ќе се свестат овие и дека на реваншот ќе влеземе со Чави и Иниеста во средина, а напред со МВП. Мислам дека Тито нема до толку да оди со глава во ѕид и нешто ќе смени, сепак колку-толку му има и нешто останато од Пеп, ваљда му фатил тоа кликерот.
Трето: Позаслужен пораз од овој на Барса не памтам од времето кога Херкулес не тепаше 2-0, кога не преслушаа и овие не играа ништо. Е денеска беше слично нешто, само уште помизерно.
Па стварно не памтам кога последен пат ми било досадно утакмица на Барса да гледа, да ми се приспива среде утакмица и на лаптопов да кликам само Фејсбук и Твитер колку да иам занимација.
Мизерно изиграно од страна на сите, неможам некој да го издвојам што беше добар, можда Иниеста, барем трчаше, се трудеше, другиве лади-кур си тераа, едвај чекаа да заврши утакмицата, ич не им се играше.
Дури и да играше Запата со рака за првиот гол најмалку треба тоа да загрижува и тука да бараме кривица, оти и без тој гол заслуживме да изгубиме и тоа не само со 2-0.
Оваква игра против Реал во Купот и можеме чао, пријатно и на тој трофеј да му кажеме има душата да ни ја извадат и таму.
Четврто: Време е да сфатат нешто што на форумов одамна се зборува а тоа дека ни треба СТОПЕР. Значи не ДМФ што може да игра стопер, не некој да седи само на клупа и да ги зима парите како Сонг, туку класичен штопер оти жал ми е да го гледам Пујол на терен како ја остава душата, а Пике до него зависи од тоа дали Шакира му дала или не, па така и игра.
Петто: МУНТАРИ ни даде гол. Абре алооооо Сали факинг Мунтари ни даде гол после серва акција, каде што ни Дани Алвес самиот незнаеше каде тера додека трчаше. Па немој да ме јебеш бе, да беа малку попаметни овие од Милан и уште еден ќе ни дадеа кога ни испаднаа 2 на 2 контра, сва среќа ја спасија некако. Шесто: Шансите за 1/4 финале не се изгубени, сеуште се тука. На Милан играчите се млади (освен неколкумина), па тек треба да ги видиме под притисок како ќе изиграат (уствари ги видовме лани со Арсенал како изиграа), ама сепак треба да се притисне од старт, јасно е дека Милан ќе се брани и ќе оди на контри, јасно е дека Пике и Пујол ќе треб 350% од нив да дадат, значи мора без примен гол да се заврши, оти ако дадат еден после до 4 не броиме ние па Исус лично ако сака нека се симне одозгоре.
Значи гол во првите 30 минути, малку да се растерети работата, да биде колку-толку полесно за играње и после се е можно. Иако шансите се минење ни се сведени на некои си 10% (дури и ова е оптимистичко) сепак ако изиграат како што знаат и умеат верувам дека можат да им дадат 3 гола на Милан, а во меѓувреме да не примат ни еден.
Ама до тогаш има време, Лигата да си продолжи како досега и Купот да се помине Реал, барем тие два трофеја да си ги осигураме.
Се распишав на велико, си кажав се шо сакав, кој ме прочита ме прочита, кој не well fuck you.
Еве јас те прочитав :D
 
Мамли е класичен асистент не е главен тренер! Му кажувал Тито шо-како да играат од Њу Јорк, по ватсап. Тито го претера со Сеск/Чави/Иниеста/Бускец! Тоест таа средина со него си играше добро АМА тоа беше пред неколку месеци а не у последниве утакмици. Мамли може да види кој шо праи по тренинзи/утакмици и малце муда да има да даде свој инпут, а не Тито да ти праи прва постава по ватсап, за секое дерби тоа истото. Оваа постава беше прв пат на суперкупот мислам?
Пеп имаше луди потези, никогаш не му ја погодив првата постава и стално имаше изненадување за противникот, некад му успеваше некад не ама барем имаше изненадување. Тројца у одбрана, Адриано крило, Алвес крило, Бускец централен..
Вчера после Арсенал-Баерн на скај ит, Виали и компанија го поставија Милан тактичи исто како шо си изиграа денес. До танчина погодија кој каква улога ќе има - и ова си викам е нормално пошто се таљани па си го знаат Милан. Денес после утакмицава као пауни беа, што е и нормално. Ама ја предвидоа и поставата и играта на Барса исто. Мамли демек не знаеше дека вака ќе играат Милан? Да ја изгледал емисијава барем :)
Алвес и Алба се у дисбаланс, едниот кога иде у напад другиот треба да седи позади. Ама ова е лесно да се пише ама да се изведе е друга работа. Алвес откога е во Барса е единствениот шо иде у напад, ова се одрази и на неговата игра - се подобри во напад ама последнава(ај и повреден беше) и оваа сезона е изгубен во одбрана, порано беше топ и у двете. Алба е нов и очигледно не се замара баш дали остава место позади себе и дали од другата страна Алвес е на место кога иде у напад. Ради ова Барса прима голови од (полу)контри, Пујол и Пике едноставно не можат да покријат цела половина. Додади на ова е тоа ретардираната паника шо ги фаќа кога противнициве ја имаат топката поише од 1 секунда и еве ти исход.
Барса имаше ептен стабилна одбрана со Абидал затоа што човекот беше фокусиран стриктно на дефанзива, кога ќе истрчаше напред пасот му идеше позади скоро секогаш. Башка и елегантно го праеше тоа.
Последна утакмица клиншит за Барса е утакмицата со Кордоба од купот, 5:0 ви текнува одамна беше тоа. Ова го пишувам пошто нели со добра одбрана се освојува ЛШ, тоа правилото од 6 секунди одамна го немам видено.
Ај оваа помина и има време до реваншот, дај да му го најдеме ватсап-от на мамли и да му пишеме дека исто ќе игра Милан, нека смисли нешто.
Имаат добар предизвик да си ја вратат играта, мотивацијата и самодовербата со Мадрид овие денови ако и таму се овакви анемични, нормално ќе си останат со прст у уста као и денес. Ќе видиме..па ќе си праиме муабети и состави.
 
Едноставно незнам и неможам да сфатам што ни се случи денес... после таква игра во Ла Лига и со само еден пораз во 24 меча,иако последните неколку меча играме лошо,незнам како можеше на ваква важна утакмица да ни се случи ова.. играчите некако ми делуваа како да не им се играше премногу,како да немаат веќе толку желба за играње после големата предност во Ла Лига.. и уште еднаш покажавме дека немаме никаква противигра за вакви бункер екипи како Милан.. мора да се најде некој играч кој ке шутне од далеку а не да се пробува на секој меч да се влезе со топката во гол... ваква игра до сега немам видено од Барселона,се понашаа како да играат против некој второлигаш или третолигаш од Македонија,а не против Милан.. Добро ќе им дојде овој пораз на играчите,да се спуштат малце на земја, а не да се залетуваат како да играат против Гранада или Гетафе,и да видат дека не можат секого така да тепаат како да играат против Гранада... се надевам ќе им дојде памет на играчите и на реваншот ќе дадат се од себе иако ќе биде тешко против таква бункер екипа на Милан.. али јас некако сум убеден дека ќе поминеме, на реваншот барам само сите да го дадат својот максимум,а резултатот ќе си дојде сам по себе.. :D
 
Не можам и јас да сфатам што ни се случи денес дефинитивно.
Од онаков милан не очекував да изгубиме али јбг.
 
4.gif
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom