Прво: тоа дебилните работи што ги читате по уште подебилните наши сајтови, а кажуват дека се изјави на Балотели, ни Б од Балотели немаат. Тоа е најверојатно од твитер акаунт којшто не е негов туку некој го користи неговото име.
Второ: незнам зошто ама мислам дека ќе се свестат овие и дека на реваншот ќе влеземе со Чави и Иниеста во средина, а напред со МВП. Мислам дека Тито нема до толку да оди со глава во ѕид и нешто ќе смени, сепак колку-толку му има и нешто останато од Пеп, ваљда му фатил тоа кликерот.
Трето: Позаслужен пораз од овој на Барса не памтам од времето кога Херкулес не тепаше 2-0, кога не преслушаа и овие не играа ништо. Е денеска беше слично нешто, само уште помизерно.
Па стварно не памтам кога последен пат ми било досадно утакмица на Барса да гледа, да ми се приспива среде утакмица и на лаптопов да кликам само Фејсбук и Твитер колку да иам занимација.
Мизерно изиграно од страна на сите, неможам некој да го издвојам што беше добар, можда Иниеста, барем трчаше, се трудеше, другиве лади-кур си тераа, едвај чекаа да заврши утакмицата, ич не им се играше.
Дури и да играше Запата со рака за првиот гол најмалку треба тоа да загрижува и тука да бараме кривица, оти и без тој гол заслуживме да изгубиме и тоа не само со 2-0.
Оваква игра против Реал во Купот и можеме чао, пријатно и на тој трофеј да му кажеме има душата да ни ја извадат и таму.
Четврто: Време е да сфатат нешто што на форумов одамна се зборува а тоа дека ни треба СТОПЕР. Значи не ДМФ што може да игра стопер, не некој да седи само на клупа и да ги зима парите како Сонг, туку класичен штопер оти жал ми е да го гледам Пујол на терен како ја остава душата, а Пике до него зависи од тоа дали Шакира му дала или не, па така и игра.
Петто: МУНТАРИ ни даде гол. Абре алооооо Сали факинг Мунтари ни даде гол после серва акција, каде што ни Дани Алвес самиот незнаеше каде тера додека трчаше. Па немој да ме јебеш бе, да беа малку попаметни овие од Милан и уште еден ќе ни дадеа кога ни испаднаа 2 на 2 контра, сва среќа ја спасија некако. Шесто: Шансите за 1/4 финале не се изгубени, сеуште се тука. На Милан играчите се млади (освен неколкумина), па тек треба да ги видиме под притисок како ќе изиграат (уствари ги видовме лани со Арсенал како изиграа), ама сепак треба да се притисне од старт, јасно е дека Милан ќе се брани и ќе оди на контри, јасно е дека Пике и Пујол ќе треб 350% од нив да дадат, значи мора без примен гол да се заврши, оти ако дадат еден после до 4 не броиме ние па Исус лично ако сака нека се симне одозгоре.
Значи гол во првите 30 минути, малку да се растерети работата, да биде колку-толку полесно за играње и после се е можно. Иако шансите се минење ни се сведени на некои си 10% (дури и ова е оптимистичко) сепак ако изиграат како што знаат и умеат верувам дека можат да им дадат 3 гола на Милан, а во меѓувреме да не примат ни еден.
Ама до тогаш има време, Лигата да си продолжи како досега и Купот да се помине Реал, барем тие два трофеја да си ги осигураме.
Се распишав на велико, си кажав се шо сакав, кој ме прочита ме прочита, кој не well fuck you.