Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Тен Хаг или Куман би биле добри решенија. Имаше шпекулација за Томас Тухел ама за мене и тој е тренер за middle table тимови и не верувам да направи нешто посебно.
 
EFDQT3QUcAAP1WF
 
Ова е мизерија тешка веќе, не се издржува, на човек да му се одмили гледање фудбал. Знам дека оваа Барса не е по квалитет иста со Барса на Пеп или Барса на Лучо, ама ова ги поминува сите граници. Срамота е против второлигаши да не можеш една акција да направиш. Барса полека станува middle table клупче што се тресе на секое гостување. Во ЛШ Барса доживеа дебакли којшто клуб од рангот на Шахтјор не смее да си ги дозволи, а тој лузерски менталитет од ЛШ полека се префрла и во Шпанија. Мора под итно да биде избркан идиотов додека Барса не станала клуб како Арсенал и не само тоа, туку ќе треба и попови со света вода да го напрскаат клубот за Барса да се избави од лузерскиот менталитет којшто го наметна идиотов.
:(:(:(
 
Овој проблем со тренерот и недоволната мотивација на играчите требаше да се разреши по дебаклот со Ливерпул.
 
Овој проблем со тренерот и недоволната мотивација на играчите требаше да се разреши по дебаклот со Ливерпул.
Многу порано требаше да се реши. А решението е едноставно - нов тренер. Тренерот ја прави мотивацијата, нека се угледаат на Ливерпул и Клоп, перфектен пример за мотивација и како треба да игра еден тим, сите заедно.
 
Или Пеп, прерано го пуштивме овој човек. Требаше после Баерн да си го вратиме пак. Сити вчера водеше 5-0 на полувреме, во второ он скокаше на аут линијата како финале ЛШ да е и резултат 0-0. Овој нашиот ни врз жена му не скока, он лежи она врз него. :(
 
25год. уназад ваков старт немало ццц, па уште и 7 меча гостински по ред без победа. Да ти ебем бартомеуто неспособен. Затоа го поштуем флорентино,гледа малу чкрипи и сиктер тренерот иде.

 
Меси ја собра наградата Fifa Men's player of the year. Доби стоечки овации.
И кога ги претставуваа еден по еден за најдобрата 11ка, добри огромен аплауз, сите останати добија доста скромен.
 
Ќе зборувам свршен чин,ако веќе треба да се избира тренер нов,Читав за Виктор Валес како се расправал со судиите.имал некој бурен карактер,викал скокал се дерел......Така да некако се повеќе и повеќе губи кредити кај управава токму поради овие причини кои ги набројав,а ако настави Барса да прави киксови,а ке има киксови според распоредов,и да се решат да сменат Тренер тука би било уште поинтересно кој би бил наследникот,Чави уште сега е отпишан,Чави/Управава некако не ми се совпаѓаат........Да не се заборави со Европско на хоризонт следното лето,уште повеќе се комплицираат работите.
 
Што мислите што треба да се случи за да добие отказ пред Јуни?
Да испушти бодови на следните два натпревари.
Мислам дека утре ако изгубат од Виљареал ништо не го спасва, а ако продолжи и после тоа тогаш значи вашите од управа се за на бајачка сите до еден.
 
Да испушти бодови на следните два натпревари.
Мислам дека утре ако изгубат од Виљареал ништо не го спасва, а ако продолжи и после тоа тогаш значи вашите од управа се за на бајачка сите до еден.
Нема шанси. Мислам дека ако изгуби во двете Ел Класика ,тек тогаш ќе јаде клоца..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom