Реално играва катастрофа,да бевме во гости сигурен пораз ќе беше ова,никаква мотивација нема,никаков жар,желба за победа...На многу играчи како да им е сеедно како ќе заврши утакмицата.
Освен Де Јонг,Артур и Фати јас кај друг не видов некоја желба,борбеност и сл.
Гризман освен голот што го даде цела утакмица незнаеше кај се наоѓа,неможе со топка да се сврзе.
Суарез

човеков незнам како е уште у Барса,2 сезони е ист,незнае топка да прими,глуми некое лудило препушта топки меѓу нозе...Неможе да потрча,ни осет има ни ништо.
Дембеле кога влезе се растрча,напраи некој дриблинг после тоа го снема и он како Суарез повеќе смета на терен отколку што помага.
Фирпо покажа нешто,има брзина ама некако не сигурен ми делува цело време како да му забегува токата кога ја води,некои лоши приеми,пасови...Истиов проблем и Дембеле го има.
Фати одличен,ако не бидне нешто од детево слободно нека ја затворат Ла Масија,на 16 години не памтам некој играч вака да играл,подобар е скоро од цел тим.
Утакмицава ја извадивме на искуство и на домашниот терен иначе ништо посебно не покажавме,стандард приказна даваш гол и се повлекуваш.

Само Меси да не е повреден нешто се друго е небитно во моментов.
Следна утакмица гости против Гетафе,спремете се за очобол и нервози 90 минути.