Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Сезоната за Матје е завршена , да се надеваме дека Алба нема да се повреди , единствена замена е Адриано.
 
Сезоната за Матје е завршена , да се надеваме дека Алба нема да се повреди , единствена замена е Адриано.

Секогаш Барса си пати со повреди после репрезентативна пауза. Мислам дека и Алба има повреда, така да може да се случи Сержи Роберто да биде лев бек на Ел Класико. И онака е „човек за се“. :)
 
Во првата полусезона имавме проблем со десната бековска позиција , сега со левата , и Алба имал мала повреда но ќе настапи на Ел Класико , но за понатаму да се надевам ќе биде здрав.
 
Никојпат пред Класико не сум бил толку убеден во победа. Онака смирена атмосфера и очекуваш натпреварот да биде ревијален. :D


Којзнае колку ќе го снимат постот за да ме дупат ако утнеме
. :pos:
 
И Вермален може да игра лев бек.
 
Никакво опуштање, заради две причини. Првата е што играат против Реал, без разлика во каква форма сме и ние и тие, со нив заебанција нема. Втората е што првенството сеуште не е готово, колку и да е разликата, не е готово додека не е готово.
 
Нема опуштање за Ел Класико никогаш. Дерби си е дерби, без разлика кој на која позиција е. Не смее никогаш да се потцени Реал.
 
Иниеста изјави дека ова е посебно Ел Класико..Сабота сите ќе играле за Кројф, во негова чест. Убеден сум дека ќе дадат се за да победат. Никакво опуштање ниту несериозност е логично во овој момент.
 
Реал се кренаа трошка реално. И можат да изненадат ако се запнат. Само се надевам дека момциве ќе си бидат на ниво на задачата и ќе изиграат како што доликува за победа.
 
Се сложувам дека Реал минимално се подобрени, сепак мислам дека психолошки се многу слаби а тоа се покажува на секое гостување. Доколку успееме да постигнеме рано гол и да држиме притисок може да им се случи поплава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom