Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
За парите зборувам дека е грешка, коа ќе му падне клаузулата на 10м клубот ќе нема услови да преговара за повисока цена.
 
Него Алвес има понуда од Кина. Бартра може да биде вклучен во дилот за Белерин во случај ако Алфес прифати понудата , нормално со доплата на Барса. Само колку ќе му се допадне тоа на Венгер оти трампата е централен за бек.

Сепак ова се само шпекулации , свашта ќе се дешава летото и сигурен сум дека приоритет ќе биде напаѓач па после се друго.
 
Бартра стварно требаше да се докаже до сега, ама ете не остави никаков посебен впечаток и не само што може, туку и треба да си оди. Мислам дека и Алвеш ќе замине летово, веќе даде се’ од себе за клубот и ќе бара нов предизвик сега кога е тука Видал.
 
Кога Лео Меси прв пат ја освои Златната топка (2009 година) освои 473 од можни 480 гласови. :toe:
 
Јохан Кројф починал. :( Нека почива во мир , легенда на клубот и најзаслужен за денешната клубска филозофија.

https://www.worldofjohancruyff.com/
 
Нека почива во мир , еден од најголемите легенди на Барселона . :(
 
Почивај во мир легендо, благодарение на тебе денес нашиот клуб е тоа што е :( Вечна ти слава.
 
Пред месец / месец ипол читав дека добро му одела борбата со ракот. Имав надеж дека ќе се опорави. :(
 
Најомилениот лик во фудбалот, човекот кој ги постави темелите во играта на оваа Барса и направи револуција во фудбалот, благодарение на него Ла Масиа стана најдобрата фудбалска школа. Слава му.
 
Пред месец / месец ипол читав дека добро му одела борбата со ракот. Имав надеж дека ќе се опорави. :(

Па самиот даде изјава дека води во битката против болеста со 2:0. И мене ми дојде чудно денес кога прочитав дека умрел. :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom