Јас сум можеби единствениот фан на Артета на форумов.
Искраено не се сложувам со тебе, мислам дека Артета ќе успее да го дигне квалитетот на тимот, ми се свиѓа пред се проектот со млади талентирани играчи, Вајт и Габриел централно, Тирни лево, Локонга везњак, ЕСР, Сака и Мартинели офанзивно. Само добар млад шпиц некако ми фали. Не верувам Артета да е крив заради бледите изданија на Оба и Лаказет.
Со оглед на целата ситуација, без Европа мислам дека најпаметно е да се форсира подмладување, и така и така без ЛШ многу тешко се носат класа играчи, зашто да се фрлаат пари на веќе испукани пушки или да се истураат торби пари на плати, боље нека се искористат ЕСР, Сака и Мартинели до максимум, Локонга може ќе блесне и ќе се добие добар партнер за Парти, Вајт исто. Идеално би ми било
Околу Лаутаро искраено ова е прв пат да прочитам дека Интер пак морал да продава, и не ми се верува искраено. Пред се кај нас у фан клуб војни ќе се водеа и хаос ќе беше, а и никакви други релевантни извори не ми имаат искочено мене барем. Дури и да би морало да се продава Лаутаро не верувам дека баш Арсенал би бил прв за неговиот потпис, сигурно ќе бара ЛШ и огромна плата а и реално Интер би барал доста големи пари. Сити ако не иде по Кејн не би ме чудело да тргне по Лаутаро ако евентуално овој би идел на продажба. Иако пак ќе ти кажам, не ми се верува дека уште еден првотимец ќе си иде од Интер заради финансиски проблеми. Единствен друг што се спомнува кај нас е Перо, а реално нема да жалиме нешто многу за него.
п.с Топ6 ми е најреален пласман за овој тим, особено со тоа што немаат Европа. Само да почекаме да заврши преодниот рок. ФА куп исто не е недостижно, а мене ми е доста симпа трофеј