Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Артета многу го почитував како играч ,ама ако бидеме реални како тренер се губи по малку во поглед на тактичките замисли. Уште некако талка во поглед на тактиката и проблемот е што многу експериментира. Инаку ако Арсенал остане на овие трансфери од сега, очекувам да биде под топ 6 екипите (7,8 или 9 место).
 
моментално имаме полош тим од лани,а завршивме 8мо место на табела и ќе фрлиме 30м на резервен голман.
тимов е воден од морони и имам 0 желба да ги гледам, голови ќе дава тате.
 
Последно уредено:
Апсолутно, помалце од 48 часа од почеток на сезона, ние што лани и немавме лоша одбрана ќе потрошиме 100 милиони фунти на голман, лев бек и централен стопер, додека во средниот ред ќе царува Џака, ќе се мачиме пак да дадеме повеќе од 50 гола, а цела одговорност за креативноста ќе спадне на тинејџерите Сака и ЕСР.

Знам дека непотребно чекаат за Одгерад за на крај на 31 август да дадеме понуда од 70 милиони фунти за Медисон, со ризик и Лестер да не прифатат, а ако прифатат дебело да преплатиме, како и секој друг играч што го купивме оваа лето.
 
Не мислам да провоцирам, ама страшно е колку Арсенал работи исто како Јунајтед со Ван Гал и Мурињо. Иде нова сезона, ниту играчи купени, ниту закрпено тоа што треба. Просто не ми се веруваше дека сме имале катастрофа претходна сезона, и дека не се купуваат саглам играчи за да се подобрат резултатите. Си велиш во себе, дали е можно?
 
Мене ми мириса на домино трансфер. Се чека да се комплетира трансферот на Лукаку, после тоа да се продаде Вилок, па истите пари да се вложат во Абрахам. Последните денови од рокот Медисон, или пак Одегард како поевтина варијанта во случај да се појачува друга позиција.
 
Јас повеќе мислам дека од глупост во глупост одиме, точно не е се вистина што се пишува, ама па ништо не покажува дека се прави нешто плански, конструктивно.
Ауар сакал да премине во Арсенал самиот, ама никогаш Лион не добил никаква понуда за него од Арсенал.
Реал одбил 50 милиони за Одегард, барал 60 милиони.
Прашањево со креативец требаше да е решено, каков и да е, утре почнува сезона, ние играме со Џака и Елнени тандем...
И напаѓач мора, Обамејанг достигнал Вилиан ниво, Лаказет е нешто подобар, но далеку од нивото кое му треба на Арсенал. Ко што гледам Артета не планира на Мартинели да му дава шанса за напаѓач, остануваат Балогун и Нкетиа. Петнаесет години откога го гледам клубов полош напад и полош среден ред не сме имале, полоша одбрана и голман сме имале.
 
Не може да се зима ако не се продава, едноставно е. Тимов ни беше огромен и уште е. Освен Рома за Џака ( што според мене оправдано не го дадовме за таа мизерна сума ама не е оправдано што му дадовме договор ) други тимови не се интересираат за ѓубрево наше.
Кога ќе ми текне само татко ви Венгер што уште некој од тука го дрка на него можеше Канте да го земе за истата сума што го зема Џака.
Колашинац, Џака, Нелсон, Нкетија, Белерин, Вилиан, Обамејанг/Лаказет, Елнени, Рунарсон, Тореира, Најлс... У ПМ, што сакате? Има шпекулации за некој да ги купи овие? Најпресно што прочитав Лацио се интересирале за Колашинац и Тореира, Кристал Палас за Нелсон И ТОЛКУ.
Многу лошо воден клуб уназад 10 години.
 
Јас сум можеби единствениот фан на Артета на форумов.

Искраено не се сложувам со тебе, мислам дека Артета ќе успее да го дигне квалитетот на тимот, ми се свиѓа пред се проектот со млади талентирани играчи, Вајт и Габриел централно, Тирни лево, Локонга везњак, ЕСР, Сака и Мартинели офанзивно. Само добар млад шпиц некако ми фали. Не верувам Артета да е крив заради бледите изданија на Оба и Лаказет.
Со оглед на целата ситуација, без Европа мислам дека најпаметно е да се форсира подмладување, и така и така без ЛШ многу тешко се носат класа играчи, зашто да се фрлаат пари на веќе испукани пушки или да се истураат торби пари на плати, боље нека се искористат ЕСР, Сака и Мартинели до максимум, Локонга може ќе блесне и ќе се добие добар партнер за Парти, Вајт исто. Идеално би ми било


Околу Лаутаро искраено ова е прв пат да прочитам дека Интер пак морал да продава, и не ми се верува искраено. Пред се кај нас у фан клуб војни ќе се водеа и хаос ќе беше, а и никакви други релевантни извори не ми имаат искочено мене барем. Дури и да би морало да се продава Лаутаро не верувам дека баш Арсенал би бил прв за неговиот потпис, сигурно ќе бара ЛШ и огромна плата а и реално Интер би барал доста големи пари. Сити ако не иде по Кејн не би ме чудело да тргне по Лаутаро ако евентуално овој би идел на продажба. Иако пак ќе ти кажам, не ми се верува дека уште еден првотимец ќе си иде од Интер заради финансиски проблеми. Единствен друг што се спомнува кај нас е Перо, а реално нема да жалиме нешто многу за него. :)



п.с Топ6 ми е најреален пласман за овој тим, особено со тоа што немаат Европа. Само да почекаме да заврши преодниот рок. ФА куп исто не е недостижно, а мене ми е доста симпа трофеј :)
Падна форумов не стигнав да ти реплицирам, Орнстеин беше пак во право дрка Интер мора да продава, не го продадовте Лаутаро ама испадна полошо...
Инаку Артета е сеуште во Арсенал само благодарение на неамбициозноста на умрениот Кронке, од Барнли ќе беше избркан на клоци после онаква сезона, дно очај, беда. Тоа покажува какво дувло на пропалици е Арсенал

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
 
Ќе ни дојде Киа Џоорбачијан сега на помош со Нето. :D :love:
 
Се надевам дека нема да го донесат Ремсдејл. Поубаво Естонецот да биде трет голман , Исланѓанецот втор и завршена работа. Толкава сума на голман не се фрла, па не знам каков да биде.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom