Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Леле Игуаин каков осет за гол има човече!!
Како РВП, со тоа што РВП е боље техничар, али и Игуаин може да распали кај нас, така да ако дојде може да биде одлично засилување.
Има едно магично нешто, фотошоп се вика.
Незнам дали само по аутоматизам ми одговараш мене или едноставно имаш секогаш нешто да кажеш.
Следниот пат кога ќе ми одговараш прочитај внимателно, па после истакни се со твоите „Football Manager“ способности и знаења.
Имено ако убаво го прочиташе мојот пост ќе видеше дека и јас бев запрепастен од таквиот твит и затоа напишав „WTF“, додека следната реченица која си ја цитирал се однесуваше на можноста Игуаин и Цеск да пристапат кон Арсенал. Токму за тие двајца кажав дека ако е точна веста сме на добар пат.
Само сакав да укажам дека сликата е лажна, на твитерот на Руни нема ништо такво.
или може да бил постар тивит,демек заедно ќе играат за репрезентација![]()
Не знам зошто е толку Евра баш омразен, не сум запознаен искрено или имам заборавено не е важно. Руни како играчки профил во најдобра форма е незапирлив, а и е голем мотиватор, но има лош карактер. Претходно беше избувлив на терен и САФ некако го смири, но не знае да се контролира и ради тоа ете и кај нас фановите на Јунајтед не разочарува со неговите потези. Ретки се тие фудбалери кои што ја заслужуваат почитта од другите клубови макар и ривали во некои период да се. Ете Анри колку и да има давано голови против Јунајтед не знам некој од нас да каже лош збор за него.
Ве читав ради шпекулацијата за Игуаин ... стварно неможам да разберам по која основа Јоветиќ е подобар напаѓач од Игуаин. Баш сакам да отиде кај вас да се врати стариот Игуаин кој сам го носеше Реал на свој грб кога Барса беше најјака.
Игуаин игра пред Агуеро и остали напаѓачи во Аргентина.. во Реал за место се бореше со секакви звезди иако тој дојде како инкогнито играч и успеа да направи одлична статистика. Ако се земе во предвид дека е играч кој почесто влегуваше како замена тогаш бројките се феноменални.
Имаше повреда и качи некое кило и оваа сезона делуваше неподвижно... 25 години е,во најдобри години... ќе го среди Венгер. За тие 20-25м евра неможете да земете подобар играч. Реал не би го продал но самиот сака да си иде што нема да биде проблем да успее Арсенал да го привлече. Боље да иде кај вас него ли во смешната италијанска лига.
Абе си прајме муабет, така ? Искрено би сакал да дојде, иако пратам твитерџиве од Италија некако ми одат на живци дека ќе оди во Јувентус и како тој заедно со некој си Љоренте би го носеле нападот на Јуве следната сезона. Ако Игуаин прави трансфер убеден сум дека ќе биди во Англија. Не специфицирам во кој клуб, иако сакам да е кај нас, но највеќе ќе дојди за инает на Мурињо да му покажи и докажи дека е класа. Нормално, со голови против Челзи. По можност многу голови.