Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Каква самодоверба и фудбалска “дрскост“ има, роден е за ова, ептен сакам да успее. Втор најмлад стрелец на Арсенал во историјата на ПЛ.

1732479745313.png
 
Стварно од Артета само рак можело да се очекува, не било до Одегард...
 
Многу лошо полувреме Хаверц невидлив Тросард исто и не знам зошто ни се два дефанзивни играчи во средина за со вакви екипи вади Жоржињо на сметка на Мерино иако јас би идел со Жезус на се или ништо да се размрда малку играва вака на ништо не личи и не знам како би дале гол не па два.
 
Одегард е многу лош натпреваров, Тросард имаше доста добри пасови и пресечени топки. Се слагам дека многу дефанзивно изгледаме и дека во напад сме безопасни вака поставени.
 
Денес беше момент да се направи психолошки притисок врз Ливерпул. За жал, колективно потфрлија многу.
 
Лош натпревар замениве не се видоа Мартинели не постои цела година не бадијала Тросард му го зеде местото Жезус не знам дали вопшто имаше некој допир а не е еден од најплатените играчи во тимов.Шут карта треба за неколку играчи и носење класа шпиц уште зимава ако сакаме да освоиме нешто оваа сезона доста е со лажни деветки.
 
И Ливерпул ќе имаат лош период, но не знам дали сме способни да го искористиме тоа, за жал.
 
Жезус :facepalm:
Автоматски споено мислење:

Дај нека му дадат црвен барем да не го гледаме да се брука и да нѐ нервира
 
Неколку работи:
- Луис Скели беше феноменален, играше со премногу самодоверба, многу сигурен и елегантен играч, а е само 17 години, ми дава флешбекс од Сака кога го открија на таа возраст, кој исто од бек почна.
- Изгледа дека е толку од Жезус и Мартинели во Арсенал, особено за првиот, таква е позицијата и такви се амбициите на клубот што и повеќе од потребно време е дадено да се врати на старите патеки, но никако да пркне работата, се повеќе мислам дека времето за давање шанси истече. Патем Жезус кога не е себичен има одлично чувство за пас, ама не смее такви шанси да се пропуштат (особено првата 1 на 1), стопер да е ќе мора да даде гол, не па напаѓач што тоа му е работа. На сон мораше да ги даде, особено во негова позиција кога очајно му требаат голови за да добие минутажа и стартер да се врати повторно. Мартинели не го разбирам, страшни проблеми со дисциплина има, како се однесуваше со Фулам и сега со Монако, како да сака црвен намерно да добие. Збеснат е, а врска си нема со играчот од пред 2 сезони за жал...
- Сега се дупнавме од креирани шанси, а во лига сме 13ти тим по број на креирани шанси. Толку ли Монако е послаб тим од тие во Англија или што е работата. Подобро ќе гледам ко денес кога Арсенал има проблем со реализација, него да гледам очобол фудбал и нула креирани шанси и единствена шанса за гол да ни е од корнер. Ова со корниве ме потсети на периодот со Обамејанг кога ни беше шпиц, ги тепавме тогаш Јунајтед 1:0 со гол од пенал и после месец или два не можевме шанса да креираме, а не па гол да дадеме. Се надевам нема во таа насока да оди тимот, денес генерално бевме супер на тоа поле.
 
Најголемиот проблем е што во летниот преоден рок не се донесе класичен напаѓач. Оној Куња од Вулвс би легнал одлично на овакви крила напред , или пак Исак од Њукасл.
 
5 преодни рока зборуваме за напаѓач. Не е проблем не носењето. Проблемот веќе подолго време е Артета.
 
Пушти бе тоа децата нека играат напад, не може да е полошо од ова.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom